Баерн го освои Суперкупот на Германија
Баерн Минхен синоќа ја победи Борусија Дортмунд со 2:1 во Суперкупот на Германија 2026.
Натаниел Браун, новото засилување на Баерн, го отвори резултатот во 28. минута. Михаел Олисех беше асистент. Самиот Олисех го дуплираше водството на Баерн кон крајот на првото полувреме.
Фабио Силва го постигна единствениот гол за Дортмунд во 75-та минута.
Натпреварот се одигра на „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд пред 82 илади гледачи.
Баерн го освои Суперкупот на Германија по рекорден 12 пат.