Бабачан ја напушти партијата на Ердоган, најверојатно ќе формира своја


Поранешниот заменик на турскиот премиер и еден од клучните луѓе во владејачката Партија за правда и развој на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, Али Бабачан ја напушти партијата. Со тој потег ја најави својата намера да формира ривалска политичка партија.

Бабачан, кој беше и министер за економија и за надворешни работи, изјави дека ја напушта партијата поради длабоки несогласувања околу „принципите, вредностите и идеите“.

Како што пренесуваат светските агенции, тој планира да формира партија заедно со поранешниот претседател Абдула Ѓул и со други кои не се задоволни од владеењето на Ердоган.

– Потребата да се покренат нови напори за сегашноста и иднината на Турција стана неизбежна, порача Бабачан.