Азербејџан урна руски воен хеликоптер над Ерменија, двајца пилоти загинаа
Азербејџан призна дека соборил руски хеликоптер и се извини. Руското Министерство за одбрана соопшти дека руски воен хеликоптер е соборен во Ерменија, при што двајца членови на екипажот загинаа, а еден е повреден.
„Азербејџан и се извинува на Русија за овој трагичен инцидент“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи, додавајќи дека станува збор за инцидент кој „не е насочен против“ Москва.
Руското Министерство за одбрана претходно соопшти дека еден од нивните хеликоптери Ми-24 бил соборен над Ерменија до границата со регионот што му припаѓа на Азербејџан.
Хеликоптерот бил орпемен со пренослив противвоздушен ракетен систем, појасни руското Министерство за одбрана. Во соопштението беше истакнато дека руската воена база во Ерменија истражува кој е одговорен за соборувањето на хеликоптеро