Автопатoт со 50 ленти во Кина и не е толку широк


Експресниот пат, кој ги поврзува Пекинг со Хонконг и Макау, е еден од најпрометните патишта во Кина и наместа тој се проширува до 50 ленти.

Фасцинанетен е погледот на патот на Гугл мапс во однос на неговата должина од 2.273 киломтери.

Но, автопатот по неговата должина е стандарден со четири ленти, а пред влезот, на патарината кај Женгжу, тој се проширува на 50 ленти.

Неговата изградба почнала во 1986 година со првите 270 километри од Пекинг до Шијажуанг, за конечно да биде готов во 2018 година, со изградбата на мостот кај Макау.