Автомобилските компании во Германија делат откази


Многу индустриски гранки во Германија укинуваат работни места како последица на кризата предизвикана од корона вирусот, соопшти германскиот институт ИФО, со оцена дека кризата и во наредниот период ќе се чувствува на пазарот на трудот, пренесува „Блиц“

Во соопштението се наведува дека во април откази врачиле 39 отсто од автомобилските компании, 50 отсто од хотелите, 58 отсто од рестораните и 43 отсто од туристичките агенции.

Од сега натаму, оваа криза ќе влијае на германскиот пазар на труд“, изјави Клаус Волрабе, раководител на истражувањето.

Значаен процент на откази, над просекот, имало и во повеќе други сектори, но не и во фармацевтската индустрија, се вели во истражувањето.

Најмногу се погодени покраините Баварија и Баден-Виртемберг, а најмалку откази имало во Сарланд и во Ринеланд-Палатинат.