„Автомобилска историја“ во општина Ѓорче Петров
На корзото во општина Ѓорче Петров денеска беа изложени шеесетина олдтајмери од осумдесеттите години. На изложбата, во организација на Здружението „Класик мини“ од Скопје, учествуваа клубови од Косово, Србија, Бугарија и Хрватска.
Како што информира Општина Ѓорче Петров, на изложбата присуствуваше и градоначалникот Александар Стојкоски, кој од организаторот доби благодарница за успешна соработка.
Посетителите можеа да погледнат возила стари над 40 години. – Меѓу поатрактивните возила на настанот беше најстарото возило од 1932 година „Фиат Балила“, возилото „Форд Конзул“, англиско возило кое е дојдено од Парачин, Р Србија. Имаше и такви автомобили кои пристигнаа и од најдалечната дестинација од градот Осиек, Р. Хрватска, „мерцедес понтон“ од далечната 1959 година, како и многу други атрактивни автомобили и моторцикли, се вели во соопштението од Општина Ѓорче Петров.
Овие настани се дел од забавно-културна програма што ја подготви Општина Ѓорче Петров, а ќе трае се до 20 септември 2024 година.