Автомобилите на е-гориво загадуваат исто колку и тие со фосилните


Автомобилите напојувани од синтетичко гориво продуцираат слични количини на штетно загадување на воздухот како фосилните горива, открива новата студија нарачана од невладината организација за чиста мобилност „Транспорт и животна средина“.

Како што Европа се префрла на патнички автомобили со нулта емисија, студијата ги оспорува зелените акредитиви на е-горивата, промовирани од индустријата за течно гориво како начин за намалување на влијанието врз животната средина на возилата со мотори со внатрешно согорување.

„Се додека горивото се согорува во моторите, токсичниот воздух ќе опстојува во нашите градови. Законодавците кои оставаат дупки за е-горивата во целите за емисиите, ја осудуваат јавноста на повеќе децении загадување на воздухот што може да се избегне“, рече Јулија Полисканова, виш директор за возила и е-мобилност во T&E.

Во тестовитенаправена е споредба на  е-горивото со бензинот Е10, стандардната мешавина во ЕУ, која вклучува 10% етанол и 90% безоловно фосилно гориво. Тие откриле дека синтетичките горива испуштаат слични нивоа на азотни оксиди, речиси три пати повеќе јаглерод моноксид и до двапати поголема количина на амонијак.  

Тестовите се направени во лабораториски услови со помош на автомобил „мercedes-Benz“ од А класа. Анализата потоа покажа дека високите трошоци за синтетичко гориво значат дека возењето автомобил на е-горива во текот на пет години ќе го чини возачот 10.000 евра повеќе од возењето електричен автомобил со батерии.

CONCAWE, истражувачка организација основана од нафтената индустрија, нагласи дека е-горивата остануваат компатибилни со стандардите за емисија на возила на ЕУ (познати како „Евро 6“) и покрај наодите.

„Целосно признаваме дека електричните возила ќе станат главно решение за лесен транспорт, но треба да се потпреме на сите обновливи извори на енергија за да овозможиме побрза и почиста транзиција, барем додека возилата ICE се присутни на патиштата“, изјави  портпаролотја од оваа организација.

Е-горивата не се комерцијално исплатливи, што значи дека моментално се достапни во мали количини. Бидејќи е-гориво не може да се купи во Европа, IFP Energies Nouvelles,  имаше задача да развие синтетичко гориво слично на она што е предвидено да биде на пазарот во ЕУ до 2030 година. Беа создадени три мешавини, со вкупно произведени околу 100 литри . Е-горивата се произведуваат со претворање на обновливата електрична енергија во течни јаглеводороди преку електролиза на вода. Овие јаглеводороди потоа се синтетизираат со молекули на јаглерод диоксид заробени од воздухот. Овој јаглерод се ослободува кога горивата се согоруваат, што теоретски го прави јаглеродот на горивото неутрален.

Создавањето зелени е-горива е многу енергетски интензивен процес  а со тоа и предизвикувачки поради релативно ограничениот капацитет на Европа за производство на обновлива енергија во моментов.

Покрај ослободувањето на загадувачите на воздухот, студијата фрла сомнеж за тоа дали синтетичките горива се целосно климатски неутрални. Ако автомобил напојуван од е-гориво вози просечно во ЕУ до 12.000 километри годишно, ќе испушта еквивалент од околу 7 – 9 кг CO2. Иако тоа количество е значително помало од емисиите произведени од автомобилите со фосилни горива, авторите на извештајот изразија загриженост дека многу автомобили напојувани со е-горива ќе продолжат да произведуваат емисии што ја загреваат климата.T&E, силен поборник за електрификација на патниот транспорт, ги повикува земјите од ЕУ да ги укинат националните цели и финансиската поддршка за употребата на е-горивата во патниот транспорт.

„Електронските горива ја изгубија трката за чисти автомобили и всушност, никогаш не беа ни блиску… Кредибилитетот на европската политика за чисти автомобили е на работ, а секое пренасочување кон е-горивата е нов живот за старите загадувачки мотори“, рече Полишчанова.

Минатиот месец тогашниот германски министер за транспорт Андреас Шоер одби да ја поддржи декларацијата за автомобили и комбиња со нулта емисија, бидејќи таа беше неповолна за користење е-горива во моторите со внатрешно согорување.Дали новата германска коалициска влада ќе го заземе истиот став, останува да видиме.

Според предлозите на Европската комисија поднесени во јули, продажбата на нови автомобили и комбиња кои произведуваат емисии на јаглерод ќе биде забранета од 2035 година. Колегислативните тела на ЕУ моментално расправаат за предлогот.