Автобусот кој ги уби полицајците во Бугарија го управувал 15-годишен Сириец


15-годишниот Сириец Омар, кој живеел во центарот за привремено сместување бегалци во Харманли, го возел автобусот со бегалци што вчера ги уби двајцата полицајци во Бургас, јави БНР. Момчето исчезнало од центарот во понеделникот, а вчера било фатено во Парвомаи.

Омар дојде во Бугарија со своите постари браќа во октомври 2021 година, кои веќе неколку месеци не се во бегалскиот центар, објасни Гаља Христова, в.д. директор на центарот во Харманли. Оние кои живеат во центарот се на слободен режим, но имаат вечерни часови и во 22 часот се проверува дали сите се достапни.

„Кога се надвор од територијата на центарот, немаме начин да ги контролираме сместените. Тоа го прави МВР“, објасни Христова. Таа додаде дека Омар исчезнувал и неколку пати претходно, но неговите објаснувања потоа беа дека бил на гости кај роднините во Софија.