Автобусите на ЈСП не застануваат на постојките кај „Меркур“ и „Автодорм“


Фото: Б. Грданоски

Од Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје, денеска соопштија дека поради градежни работи на булевар „Александар Македонски“ во правец кон излезот на Скопје, вон функција се постојките кај Меркур и Автодром, автобусите застануваат само на постојките кај Алкалоид и СЕТУ „Михајло Пупин“.

Истовремено, поради тековната реконструкција на булеварот, линија 2 во правец кон Автокоманда сообраќа преку „Пивара“.

Посочениот режим ќе важи се додека траат градежните активности на булеварот.