Автобус со десетици Украинци излетал од пат и се превртел, загина едно лице


Автобус со околу 50 Украинци слета од пат во Италија, при што загина едно лице, а неколку се повредени, соопштија пожарникарите во неделата.

Несреќата се случила на автопатот меѓу Чезена и Римини, на североисточниот брег.

Сликите објавени од пожарникарите на Твитер покажуваат дека автобусот се превртел.

Во тек е спасувачка операција, соопштија пожарникарите.