Австрија забрани пушење во сите угостителски објекти

Забраната важи и за фестивали организирани од клубови кои претходно биле исклучени од забраната, а пушењето ќе биде дозволено само во кафулиња и слични простори на отворено.
Не се забранува само пушење „класични цигари и пури”, туку и електронски цигари.
Само Партијата на слободата на Австрија (ФПО), која секогаш се спротивставува на оваа забрана, гласаше против законот.