Австрија тестираше 20.000 луѓе во еден ден, 1.958 се позитивни


 

Во Австрија бројот новозаразени со корона вирус е близу 2.000, а од крајот на февруари во оваа земја не е забележан толкав број.

Имено, Австрија регистрира рекордни 1.958, но тестираше 21.077 граѓани, па бројот на позитивни е нешто под 10 отсто.

Најмногу заразени се во Виена, а потоа Долна Австрија, па Горна Австрија.

Во моментот има 16.236 активни случаи, од кои 960 се во болница. На интензивна нега се 147 пациенти.

Починаа 11 лица, со што вкупно бројот починати се искачи на 925.

Од почетокот на епидемијата во Австрија регистрирани се 69.778 позитивни случаи, а 52.617 оздравеа.