Австрија планира да почне со вакцинирање против Ковид-19 во јануари 2021


Австрија – Австриските власти планираат да почнат со имунизација против новиот коронавирус во јануари 2021 година, информира денеска министерот за здравство Рудолф Аншобер додавајќи дека први ќе бидат вакцинирани постарите лица, медицинските работници и ризичните групи.

Државата ќе добие преку 16 милиони дози вакцини преку Европската унија, која потпиша шест договори со добавувачи, според Клеменс Мартин Оер, член на Министерството за здравство задолжен за координација на напорите за одговор на епидемијата.

– Веројатно можеме да започнеме во јануари. Нашата цел е да се имунизира најмалку 50 отсто од населението, , нагласи министерот за здравство Рудолф Аншобер. на прес-конференција и додаде дека цената за тоа ќе биде околу 200 милиони евра.

На истата прес-конференција, Оер, кој е и потпретседател на комисијата на ЕУ одговорен за набавка на вакцини, коментираше дека тие ќе започнат да даваат вакцини прво на стари лица над 65 години, особено во домовите за стари лица, како и на лица кои работат таму.

Според него, втората група се работниците во здравствениот сектор, а потоа и ризичните групи.