Австрија го одби барањето на Фон дер Лајен Бугарија и Романија да влезат во Шенген
Австрија брзо го отфрли повикот на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен да го укине ветото против Бугарија и Романија да се приклучат на Шенген зоната, тврдејќи дека проширувањето на безвизната зона во моментов нема смисла.
Во своето обраќање за состојбата на Унијата во средата, Фон дер Лајен Бугарија и Романија, „конечно да ги пушти да влезат – без дополнително одлагање“.
Меѓутоа, Австрија брзо го отфрли барањето.
„Во моментов, бројките за миграција растат низ Европа, а во многу земји се разговара за дополнителни гранични контроли, на пример, во Германија со Полска“, рече министерот за внатрешни работи на Австрија, Герхард Карнер во изјавата.
„Во овој момент нема смисла да зборувам за проширување на Шенген зоната. Ни требаат повеќе контроли, а не помалку“, додаде тој.
Австрија го блокира пристапот за двете земји, стравувајќи од прилив на нерегуларни мигранти.
Според австриската влада, двете земји не можеле ефективно да ги контролираат своите граници, кои би станале надворешни граници на ЕУ по нивното пристапување во Шенген.
Фон дер Лајен, од друга страна, истакна дека двете источноевропски држави веќе станаа модел „што ги прикажува најдобрите практики и за азил и за враќање“.
Во Австрија континуираното инсистирање на владата на блокадата беше критикувано и од либералната партија НЕОС, сега во опозиција.
„Ова е директен повик до австриската федерална влада конечно да го укине своето неискажливо и антиевропско вето“, изјави европратеничката од NEOS, Клаудија Гамон за АПА по говорот на Фон дер Лајен.