Австриец со потекло од Македонија еден од осомничените за планираниот терористички напад на концерт на Тејлор Свифт
19-годишникот се заколнал на верност на терористичката група Исламска држава. Се верува дека австрискиот државјанин се радикализирал на интернет
Двајца осомничени за тероризам се уапсени вчера во Австрија, при што едниот е осомничен за планирање напад на настани во Виена, вклучувајќи ги и претстојните концерти на Тејлор Свифт, изјавија властите.Она што ја прави битна веста за нас е дека тој е со потекло од Македонија, иако е роден во Австрија.
Тејлор Свифт закажа концерти на стадионот „Ернст Хапел“ во Виена во четврток, петок и сабота како дел од турнејата Ерас, но поради заканите концертите се откажани. Убивање што е можно повеќе луѓе – веројатно бил основниот мотив на осомничениот за тероризам со потекло од нашата држава кој сакал да направи експлозив и за таа цел земал хемикалии од своето работно место. Масата обожаватели била цел, а не самата Тејлор Свифт, открил инсајдерски за krone.at.
Се вели дека 19-годишникот ги украл хемикалиите од неговиот поранешен работодавец, компанија за обработка на метал во Терниц (Долна Австрија). Дали навистина можел да направи бомба со нив е сè уште предмет на истрага.
Терористот само пред неколку недели се заколнал на верност на терористичката организација ИД. Тој разговарал преку гласник со соучесник, кој исто така беше уапсен во средата. Во моментов се врши проценка на хемиски супстанци кои се запленети при претрес на куќа и други траги.