Автобуската линија „37“, од 1 септември по зимски возен ред


Фото: Б. Грданоски
ЈСП „Скопје“ ги известува корисниците на автобуската линија број 37 – Карпош 3 – Радишани дека, почнувајќи од 01.09.2026 година, линијата ќе сообраќа согласно зимскиот возен ред.
 
Возниот ред за линијата број 37 може да се погледне на официјалната интернет-страница на ЈСП Скопје.
 
Потсетуваме дека од 17.08.2026 година започна да сообраќа новата линија број 37 – Карпош 3 – Радишани, согласно летен возен ред, само во делник.
 
Во периодот од 17.08.2026 до 31.08.2026 година, линијата сообраќа со следните поаѓања:
Од Карпош 3: 06:40, 08:10, 14:10 и 15:40 часот.
Од Радишани: 07:25, 08:55, 14:55 и 16:25 часот.
 
Линијата сообраќа по следните сообраќајници:
Карпош 3 – Радишани:
ул. „Манапо“, бул. „Илинден“, ул. „Бледски договор“, бул. „Партизански одреди“, бул. „8 Септември“, ул. „Качанички пат“.