Авионско прскање против комарци утре наутро во Скопје

Во раните утрински часови утре на подрачјето на Скопје ќе се реализира авионска дезинсекција против ларви од комарци.
Градот Скопје ги известува пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
-Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин, соопшти Град Скопје.