Авион од Малме не можеше да слета во Охрид поради невремето, пренасочен во Тирана

Авион кој поради силното невреме не можеше да слета во Охрид, доби нова рута и слета во Тирана.
Авионот кружеше околу Охрид и охридските села повеќе време, а според информациите презувал патници од Малме, Шведска. Планирано време за слетување во Охрид беше во 11 часот.
Авионот е на една нискобуџетна компанија.