Авион на „Луфтханза“ прогласи вонредна состојба и принудно слета во Загреб


Авионот Ербас А321 НЕО (A321-271NX) на германскиот превозник „Луфтханза“ на лет од Тел Авив до Франкфурт побарал пренасочување кон Загреб поради дефект на моторот.

Како што дознава „Авиорадар“ (AvioRadar), на височина од 36.000 стапки (11.000 метри), моторот број два (моторот што се наоѓа на десното крило на авионот) не функционирал, поради што тој се исклучил. Станува збор за моторите на Pratt & Whitney, модел PW1000G.

Екипажот на авионот прогласи вонредна состојба во воздушниот простор на Босна и Херцеговина и побара од контролата на летање да се пренасочи кон Загреб.

Тој безбедно слета на аеродромот во Загреб во понеделник наутро во 7:43 часот по локално време.

На загрепскиот аеродром авионот го пречекале итните служби, но немало потреба од нивна интервенција, пишува „Авиорадар“.