Украински житен тајкун загина во руско гранатирање на Миколаев


Еден од најбогатите украински бизнисмени е убиен со сопругата во „масовното“ руско гранатирање на јужниот град Миколаев. Олексиј Вадатурски (74) и неговата сопруга Раиса загинаа кога проектил го погоди нивниот дом во текот на ноќта, соопштија украинските медиуми. Вадатурски беше сопственик на Нибулон, група која се занимава со извоз на жито. Ја доби и наградата …

Украински житен тајкун загина во руско гранатирање на Миколаев Read More »

Давеник изваден од Охридското Езеро


Седумдесет и седум годишно лице било пронајдено удавено пред хотел на Охридското крајбрежје. СВР Охрид денеска соопшти дека вчера околу 15 часот и 15 минути случајот бил пријавен во полиција. – Во СВР Охрид е пријавено дека на плажа пред хотел на охридското крајбрежје, од водите на Охридското Езеро бил извлечен Р. М. (77) од …

Давеник изваден од Охридското Езеро Read More »

Првиот брод со украинско жито може да тргне утре


Портпаролот на турското претседателство денеска потврди дека постои „голема веројатност“ првиот брод со украинско жито да го напушти украинското пристаниште Одеса утре наутро, според условите од договорот постигнат на 22 јули со Русија. – Постои голема веројатност првиот брод да може да тргне утре изутрина доколку до вечерва се е регулирано, изјави Ибрахим Калин во интервју за …

Првиот брод со украинско жито може да тргне утре Read More »

Владата ќе бара оптимална цена за тестовите за Ковид-19


– Во разговори со претставници на јавното здравство и на приватните здравствени установи треба да се бара начин за формирање на оптимална цена на тестовите за Ковид-19, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски. Одговарајќи на новинарско прашање како ќе се подобри состојбата со оглед дека тестови нема во државните установи, а граѓаните алармираат на високи цени …

Владата ќе бара оптимална цена за тестовите за Ковид-19 Read More »

Ковачевски: Нерелевантно е барањето на ВМРО-ДПМНЕ за референдум


Премиерот Димитар Ковачевски го оцени како нерелевантно барањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да се одржи референдум за прашање за кое ни самиот се уште не се решил како ќе гласи. ВМРО-ДПМНЕ, според премиерот, треба прво идеолошки да расчисти кај себе, дали сакаат да ја видат Република Северна Македонија членка на ЕУ или не. …

Ковачевски: Нерелевантно е барањето на ВМРО-ДПМНЕ за референдум Read More »

Таравари имаше средба со првиот човек на Тирана


Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари во Тирана имаше средба со првиот човек на Тирана, Ерион Велиај.   На средбата, покрај размената на искуства од различни области, се разговараше и за можноста за создавање поврзувачки мостови за стимулација и интеракција на младите од Тирана и Гостивар..   Бидејќи Тирана годинава е прогласена за европска младинска престолнина, …

Таравари имаше средба со првиот човек на Тирана Read More »

Владата подготвува нови антикризни мерки


Владата и Министерството за финансии подготвуваат нови антикризни мерки за компаниите и граѓаните и штом ќе бидат изготвени тие ќе бидат презентирани на јавноста, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, по посетата на Тетово. – Министерството за финансии и во моментов, на неработен ден, работи на дефинирање на конкретни мерки и штом ќе бидат готови ќе …

Владата подготвува нови антикризни мерки Read More »

Почина поранешниот филипински претседател Фидел Рамос


Поранешниот филипински претседател Фидел Рамос, кој ја водеше земјата низ редок период на филипински мир и напредок, почина денеска на 94-годишна возраст, објавија високи претставници. Овој војник од кариера беше претседател на земјата од 1992 до 1998 година. „Со голема тага дознавме за смртта на поранешниот филипински претседател Фидел В. Рамос“, рече Трикси Круз-Анџелес, портпаролка …

Почина поранешниот филипински претседател Фидел Рамос Read More »

Илинденскиот викенд ја наполни oхридско-струшката ривиера


Преполни чаршии, кафулињата и рестораните исполнети до последното место, а се бара и кревет повеќе во хотелите и кај приватните станоиздавачи. Слична слика е и на плажите, Охрид и Струга го живеат шпицот на туристичката сезона. Пред Илинденскиот викенд по традиција ги наполни двата крај езерски града. Бројните ноќни забави, фестивали, музичко сценски перформанси во …

Илинденскиот викенд ја наполни oхридско-струшката ривиера Read More »

Вучиќ: Од полноќ Приштина ќе спречува влез со српски лични карти


И покрај потпишаните договори, владата од Приштина наметнува работи на кои нема право, пред се на народот на северот на Косово, порача претседателот на Србија Александар Вучиќ во денешното обраќање до јавноста. „Ситуацијата за нашиот народ на Косово и Метохија е многу комплицирана и сложена“, изјави Вучиќ, кој, како што рече, смета дека Србија никогаш …

Вучиќ: Од полноќ Приштина ќе спречува влез со српски лични карти Read More »

Гир: Ако не го смените Уставот преговарачкиот процес ќе запре


 Преговорите се отворени и скринингот започна. Одржувањето на наредната меѓувладина конференција зависи од билатералниот договор меѓу двете засегнати земји. Ако не ги направите уставните измени веројатно преговарачкиот процес ќе запре и ќе се чека решавањето на ова прашање, вели евроамбасадорот Дејвид Гир во неделното интервју на Радио Слободна Европа. – Со начинот на којшто договорот …

Гир: Ако не го смените Уставот преговарачкиот процес ќе запре Read More »

Од патарини државата заработила речиси 9 ипол милиони евра за три месеци


 Приходите од наплата на патарина на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) во првиот квартал годинава изнесуваат 581.137.560 денари, односно 16,37 проценти од вкупно планираниот  приход во тој основ за 2022 година. Во споредба со истиот период лани  приходот од патарини е поголем за 6,81 процент, односно за 37.070.841 денар, покажува Извештајот за финансиското работење …

Од патарини државата заработила речиси 9 ипол милиони евра за три месеци Read More »

Газпром: Продолжуваме да испорачуваме гас за Европа преку Украина


 Рускиот енергетски гигант „Газпром“ соопшти дека продолжува да испорачува гас за Европа преку Украина. Компанијата посочи дека испорачаната количина преку Украина на мерната станица за гас „Суџа“ е на одржливо ниво од околу 42,2 милиони кубни метри. За денеска изнесува 42,2 милиони кубни метри наспроти 42,1 милион вчера, што е благ пораст. „Газпром“ додаде дека …

Газпром: Продолжуваме да испорачуваме гас за Европа преку Украина Read More »

Во САД избодени пет лица додека се спуштале по река


 Маж (52) од САД е обвинет за убиство на тинејџер и повредување четворица возрасни додека се спуштале по река во Висконсин. Осомничениот, кој е од Минесота, со нож избодел пет лица додека пливале по реката Епл, при што убил 17-годишник, а четворица се здобиле со тешки повреди, објави Ен-Би-Си Њуз. „Една жена и тројца мажи …

Во САД избодени пет лица додека се спуштале по река Read More »

Во Црна Гора регистриран првиот случај на мајмунски сипаници


 Во Црна Гора е регистриран првиот случај на мајмунски сипаници кај црногорски државјанин кој е во добра општа состојба, соопшти денеска Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).   „Лабораторијата на Одделението за молекуларна дијагностика на Институтот за јавно здравје на Црна Гора, во соработка со Институтот за вирусологија, вакцини и серуми ‘Торлак’, го откри и го …

Во Црна Гора регистриран првиот случај на мајмунски сипаници Read More »

Разводнет европскиот план за заштеда на гас


Супституција, солидарност и заштеда се водечките принципи на итниот план за зачувување на гас на ЕУ. И покрај отпорот на некои земји членки, министрите за енергија се усогласија околу предлог, разводнет со исклучоци. Во вторникот министрите за енергија на ЕУ официјално го потпишаа планот за заштеда на гас, со Унгарија како единствен противник. Планот предвидува …

Разводнет европскиот план за заштеда на гас Read More »

Кинеска ракета тешка 22,5 тони паднала и неконтролирано се движела кон земјата


Кинеска ракета падна на Земјата во саботата над Индискиот Океан, а НАСА наведува дека Пекинг не ги споделил „специфичните информации за траекторијата“ потребни за да се утврди каде би можеле да паднат остатоците. Американската вселенска команда соопшти дека ракетата „Долг марш 5Б“ повторно влегла во атмосферата на Земјата над Индискиот Океан околу 12:45 часот по …

Кинеска ракета тешка 22,5 тони паднала и неконтролирано се движела кон земјата Read More »

Бајден повторно позитивен на коронавирусот, се враќа во изолација


Американскиот претседател Џо Бајден повторно е позитивен на корона вирусот, нешто повеќе од три дена откако доби дозвола да излезе од изолација поради претходна инфекција, соопшти Белата куќа. Лекарот од Белата куќа Кевин О’Конор рече дека Бајден е „симптоматичен и се чувствува прилично добро“. Во согласност со упатствата на американскиот Центар за контрола и превенција …

Бајден повторно позитивен на коронавирусот, се враќа во изолација Read More »

Зеленски нареди евакуација на Доњецк


Украинската влада нареди задолжителна евакуација на Доњецк, источниот регион кој е сцена на жестоки борби со руските сили, изјави доцна синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски. Во вечерното телевизиско обраќање до јавноста, Зеленски рече дека стотици илјади луѓе кои се уште се во конфликтните зони во пошироката област на Донбас исто така мора да си заминат. …

Зеленски нареди евакуација на Доњецк Read More »

Раскажани, но недоистражени илинденски приказни


 Навидум дремливо, но историски освестено, Крушево е секогаш подготвено за добредојде. И да раскаже приказни. Историски, илинденски, од секојдневието. Погледот на секоја куќа, дуќаните, на Коријата, на споменичните обележја, на музеите (ги има седум) секој момент може да ги распостелат приказните и сведоштвата. Но и, навидум, обичните улици ги чуваат сведоштвата. Раскажани, помалку или повеќе, …

Раскажани, но недоистражени илинденски приказни Read More »