Владата ги избра членовите на телото што ќе дава мислење за историските личности


  Владата на денешната седница донесе одлука за формирање Советодавно тело за давање на мислење за употреба на име на историска и друга позната личност во името на здружение и друго правно лице. Како што соопшти владината прес-служба, претходно била усвоена информацијата за потребата од иницирање меѓу-ресорско, ад-хок тело како привремено решение, до донесување на …

Владата ги избра членовите на телото што ќе дава мислење за историските личности Read More »

Македонија ќе учествува во солидарниот фонд на ЕУРОКОНТРОЛ


На предлог на Министерството за транспорт и врски, на денешната седница Владата усвои Одлука за учество на Република Северна Македонија во Европскиот АТМ специјален солидарен фонд и Доброволниот привремен солидарен фонд на ЕУРОКОНТРОЛ (Европска организација за безбедност во воздушната пловидба) со износ од 213.736 евра. Согласно Одлуката, Северна Македонија учествува во Европскиот АТМ специјален солидарен …

Македонија ќе учествува во солидарниот фонд на ЕУРОКОНТРОЛ Read More »

Македонија ќе биде дел од борбената група на НАТО во Бугарија и во Романија


На денешната седница, на предлог на Министерството за одбрана, по презентирање информации за потребата од испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во борбената група на НАТО во Република Бугарија и во Република Романија, Владата донесе одделни одлуки за испраќање на армиски единици во двете земји. – Задача на борбената група …

Македонија ќе биде дел од борбената група на НАТО во Бугарија и во Романија Read More »

Која земја колку се обезбедила со гас во Европа?


Залихите на гас во европските подземни складишта  во август го надминаа планираното ниво од 80% за претстојната грејна сезона. Во исто време, увозот на течен природен гас во Европа падна за 14% минатиот месец во споредба со јули, но сепак достигна рекордно ниво во август. Според податоците, европските складишта за гас во август го зголемиле …

Која земја колку се обезбедила со гас во Европа? Read More »

СДСМ: Референдум против ЕУ нема поддршка и нема да успее


По најавата од ВМРО-ДПМНЕ дека ќе собира потписи за задолжителен референдум на кој ќе се бара напуштање на Договорот со Бугарија од 2017 година, од СДСМ порачаа дека референдум против ЕУ нема поддршка и – нема да успее. Според нив, Мицкоски на погрешен начин бара спас за фотелјата во ВМРО-ДПМНЕ -Граѓаните се за напредок, за …

СДСМ: Референдум против ЕУ нема поддршка и нема да успее Read More »

За Радев пак станавме „братска Македонија“


Бугарија повторно ќе биде солидарна со „братска Македонија“, изјави претседателот на Бугарија Румен Радев пред делегацијата од Република Северна Македонија предводена од премиерот Димитар Ковачевски. Радев рече дека „и покрај политички страсти на кои сме сведоци во последните месеци, односите меѓу нашите две земји почиваат на цврста основа, која е надвор од секоја политичка конјунктура“. …

За Радев пак станавме „братска Македонија“ Read More »

Гир проговори на македонски јазик


Евроамбасадорот Дејвид Гир  се обрати денес за првпат во Собранието откако Македонија доби одлука за почеток на преговорите, но доби прекорување од пратеникот на Алијансата за Албанците, Халил Снопче, дека е несериозно да им се кажува на граѓаните дека преговорите почнале, туку дека тоа ќе се случи откако ќе ги изгласаме уставните промени, за што …

Гир проговори на македонски јазик Read More »

Сакаат да шетаат во ЕУ, но не и да гласаат за Уставот


Пратеникот Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ денеска на Националниот совет за евроинтеграции се пожали пред европските амбасадори дека власта нема слух за нивната  проевропска ориентација, па поканата што ја добиле како пратеници да учествуваат  во дебата на оваа тема во чешкиот парламент – ја одбила како мерка на штедење.  -Владата испрати стотина учесници на саем за …

Сакаат да шетаат во ЕУ, но не и да гласаат за Уставот Read More »

Ковачевски: Целта е до 2030 година Македонија да стане членка на ЕУ


  Премиерот Димитар Ковачевски соопшти денес дека главен преговарач на Македонија за пристапување во Европската Унија ќе биде вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ  и дека наша цел е да станеме земја членка на ЕУ до 2030 година.  „Целта ни е да ги завршиме преговорите во 2030 година. Тоа е реално и достижно. Сигурен сум дека …

Ковачевски: Целта е до 2030 година Македонија да стане членка на ЕУ Read More »

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе одлучува за предлогот за референдум


ВМРО-ДПМНЕ вечер од 18 часот ќе има седница на Извршниот комитет за донесување одлука за предлогот за референдумско изјаснување во врска со Преговарачката рамка и уставните измени побарани од Бугарија за да отпочнат преговорите на нашата земја со ЕУ. Неофицијално прашањето на референдумот ќе биде „Дали сте за прекинување или поништување на договорот со Бугарија“, …

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе одлучува за предлогот за референдум Read More »

Ковачевски најави ставање во погон на третиот блок на РЕК Битола


Премиерот Димитар Ковачевски ги отфрли критиките од опозицијата дека во „пет до дванаесет“  бара решение за енергетската криза со која се соочува Македонија.  -Не е пет до дванаесет! Оваа криза не е од денес туку од последниот квартал во минатата година“, забележа премиерот потсетувајќи какви се мерки беа преземени досега за справување со неа и …

Ковачевски најави ставање во погон на третиот блок на РЕК Битола Read More »

Богоев: Во ВМРО-ДПМНЕ има структура која поинаку размислува од Мицкоски


Во ВМРО-ДПМНЕ има сериозна група на луѓе кои не размислуваат исто како актуелниот лидер и тесното раководство на партијата и сакаат да го поддржат европскиот пат на државата, рече во интревју за ТВ21 потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев. „Има таму едно поголемо, посериозно, проевропско крило, кое не го составуваат само пратеници, туку во тоа проевропско …

Богоев: Во ВМРО-ДПМНЕ има структура која поинаку размислува од Мицкоски Read More »

Васко Ковачевски: Бараме поевтина струја и за стопанството


Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, објави дека со Владата бараат поевтина струја  за стопанството.  „Во изминатиот период, како држава, правиме интензивни подготовки да го зголемиме производството на електрична енергија. 100-процентно ја произведуваме целата енергија која е потребна за граѓаните и малите потрошувачи, наместо само 60% колку што пропишува законот, се со цел ЕВН …

Васко Ковачевски: Бараме поевтина струја и за стопанството Read More »

Миша Поповиќ: Политичките партии се најголемиот проблем во борбата со корупцијата


Миша Поповиќ од Институтот за демократија на расправа на тема антикорупција и млади оцени дека политичките партии се генератори на корупцијата во Македонија и се додека е така, тешко ќе биде справувањето со неа.  „За да почитувате правила, за да мислите дека државата треба да ви наметне повисоки даноци, или како треба да се развива …

Миша Поповиќ: Политичките партии се најголемиот проблем во борбата со корупцијата Read More »

ВМРО-ДПМНЕ обвинува, МНР молчи за Бесмира Ејупи


Министерството за надворешни работи се уште не излегува со информација околу тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ дека бесрима Ејупи , која не успеа да стане конзулка, сега е вработена во оваа институција со што и се отвора пат повторно да добие дипломатска позиција во странство. Наспроти зачуденоста со што заслужила толку Ејупи да се брука заради неа …

ВМРО-ДПМНЕ обвинува, МНР молчи за Бесмира Ејупи Read More »

И Заев на самитот на Отворен Балкан


  На самитот на лидерите на земјите членки на Отворен Балкан е и поранешниот премиер на Македонија Зоран Заев. Неговото присуство, иако не се знае во кое својство, го посочи лидерот на Србија Александар Вучиќ. „Посебно сум среќен што денеска во Белград можев да го поздравам и угостам мојот искрен пријател и еден од основачите …

И Заев на самитот на Отворен Балкан Read More »

„Русија денес“ повикува на „денацификација“ на БиХ


Руската телевизија „Русија денес“ (РТ) емитуваше специјална документарна емисија во која се пренесуваат ставови што медиуми во регионот ги сметаат како заложби за разгорување на пламенот на војната во Западен Балкан, со изјави оценети како вознемирувачки по безбедноста на регинот. „Исто како што Русија успева да го денацизира, демилитаризира и ослободи рускиот свет, па ние …

„Русија денес“ повикува на „денацификација“ на БиХ Read More »

Владата ќе даде пари за плати во АД Водостопанство


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го разгледуваат прашањето за обезбедување на дополнителни финасиски средства за АД Водостопанство, како реакција на информацијата дека вработените таму три месеци не зеле плата, -Владата веќе одобри дополнителна финансиска помош за АД Водостопанство до 200 милиони денари со кои ќе се реши овој проблем. Исто така се работи на …

Владата ќе даде пари за плати во АД Водостопанство Read More »