Ковачевски: Во извештајот на ЕК опозицијата е полошо оценета од Владата


 Ако ги погледнете сите области во последниот извештај на Европската комисија, Република Северна Македонија има остварено напредок во текот на минатата година и дополнително и исклучително важно е тоа што во него е нотирано дека земјата ги почна преговорите со Европската Унија, истакна премиерот Димитар Ковачевски. Одговарајќи на новинарско прашање на денешната заедничка прес-конференција со министерот земјоделство, …

Ковачевски: Во извештајот на ЕК опозицијата е полошо оценета од Владата Read More »

Бугарија не стави вето, договорот со Фронтекс доби зелено светло во ЕУ


  Советот на ЕУ денеска ја усвои одлуката за потпишување на договорот за гранично управување меѓу ЕУ и Северна Македонија. Договорот за гранично управување, инаку познат како Фронтекс, беше блокиран од страна на Бугарија поради употребата на зборовите македонски јазик. Софија денеска дефинитивно го крена ветото, оставајќи ја формулата македонски јазик недопрена, како што е …

Бугарија не стави вето, договорот со Фронтекс доби зелено светло во ЕУ Read More »

Романија им забранува на криминалците да извршуваат јавни функции


Долниот дом на романскиот парламент усвои два нацрт-закони со кои им се забранува на лицата осудени за намерни злосторства да извршуваат голем број високи функции во националната и локалната власт.На криминалците ќе им биде забрането да се кандидираат за сенатор, член на парламентот, градоначалник, претседател на окружниот совет и локален или окружен советник. Тие не …

Романија им забранува на криминалците да извршуваат јавни функции Read More »

Бугарија се самопонижува – ја покани, па ја откажа поканата за Митрофанова на отворањето на парламентот


  Сега е 19 октомври, минути пред 21 часот. Лимузина „мерцедес“ со број C6800 застанува пред централниот влез на Народното собрание. Нејзината екселенција ја пречека службеник за протокол. Таа е почесен гостин на отворањето на 48. Народно собрание на Република Бугарија – прогласена за непријателска држава од Кремљ. Полицајците и жандармите ја штитат од демонстрантите …

Бугарија се самопонижува – ја покани, па ја откажа поканата за Митрофанова на отворањето на парламентот Read More »

Судењето за случајот “Софтвери” продолжува на 1 ноември


Судењето на поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, кој заедно со уште шест лица се товари за нелегалната набавка на софтвер, продолжува на 1 ноември, откако на денешното рочиште во Основниот кривичен суд – Скопје беа сослушани повеќе сведоци предложени од Обвинителството.Судскиот процес се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Фанка Јанчулева …

Судењето за случајот “Софтвери” продолжува на 1 ноември Read More »

Левица: Џафери губи време, ќе го корегираме и вратиме предлогот за референдум


Левица ќе ја корегира веќе поднесената иницијатива за референдум, но доколку и таа корегирана верзија биде одбиена, тогаш се закани дека ќе спроведе целосна блокада на Собранието. Лидерот на партијата, Димитар Апасиев тврди дека враќањето на поднесената иницијатива е губење време, бидејќи, како што рече, неговата партија повторно ќе ја поднесе корегираната верзија, чие евентуално …

Левица: Џафери губи време, ќе го корегираме и вратиме предлогот за референдум Read More »

Ахмети застана зад Рама околу скандалот со трговијата со органи на ОВК


Лидерот на ДУИ Али Ахмети целосно го поддржува албанскиот премиер Еди Рама со неговата иницијатива за измена на „неправедната и неточна” Резолуција 1782 од 2011 година за трговија со човечки органи во Косово.  „Скандалозната резолуција е донесена како резултат на руско-српската пропаганда со лажни вести, кои никогаш не беа проверени и сериозно ја нарушија нашата …

Ахмети застана зад Рама околу скандалот со трговијата со органи на ОВК Read More »

Маричиќ за бугарските клубови: Прашањето треба да се реши институционално, не со насилство


 Владата имаше реакција од повеќе официјални лица и таа реакција е јасна и недвосмислена дека не сметаме дека називите на овие клубови придонесуваат за добрососедските односи и ги сметаме за провокација, дека се контроверзни. Но мислам дека е многу подобро за нас како демократска држава, членка на НАТО, членка на СЕ, членка на ОБСЕ, кандидат …

Маричиќ за бугарските клубови: Прашањето треба да се реши институционално, не со насилство Read More »

МНР го осуди кршењето на таблата на бугарскиот клуб


Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија најстрого го осудува вандалскиот чин кој се случи денес, 12 октомври во Охрид, со кој е искршена таблата на неодамна отворениот клуб.  Потсетуваме дека според Уставот, и според долгогодишната пракса во земјава, сите граѓани на Република Северна Македонија имаат еднаква слобода на здружување заради остварување на нивните …

МНР го осуди кршењето на таблата на бугарскиот клуб Read More »

Пропадна и референдумот на Левица, Џафери рече „не“


  Претседателот на Собранието Талат Џафери ја прими и ја одби иницијативата на Левица за организирање референдум за францускиот предлог со кој почнаа преговорите на ЕУ со Македонија. Во одговорот Џафери посочи дека иницијативата е спротивна на членовите 135 и 136 на Деловникот и дека прашањето не е соодветно поставено.  Во одговорот Џафери посочува дека …

Пропадна и референдумот на Левица, Џафери рече „не“ Read More »

Кои се клучните оценки во извештајот на ЕК за Македонија


Еврокомесарот Оливер Вархеи, во извештајот за напредокот на Македонија презентиран денес, ги посочи поларизацијата во парламентот, лошото изборно законодавство, недоволниот надзор над разузнувачките служби и слабиот прогрес во реформата на јавната администрација како клучни забелешки околу реформите во државата. Во него стои:  „Извештајниот период се карактеризираше со интензивни напори, што доведе до почеток на процесот …

Кои се клучните оценки во извештајот на ЕК за Македонија Read More »

Нафтата и Русија ги скараа САД и Саудиска Арабија


Саудиска Арабија се повеќе се одметнува од политичкиот дискурс во Вашингтон, при што претседателот Џо Бајден и се закани со „последици“ поради одлуката за намалување на квотите за производство на нафта. Иницијативите во Конгресот и острите коментари од политичката елита укажуваат на растечките тензии додека САД се подготвуваат за среднорочни конгресни избори – каде цените на …

Нафтата и Русија ги скараа САД и Саудиска Арабија Read More »

ЕК: Црна Гора не е целосно посветена на реформската агенда


Владата на Црна Гора и Собранието не успеаја на дело да ја покажат својата посветеност на реформската агенда во однос на Европска Унија, се нагласува во нацрт-извештајот на Европската комисија. – Поларизацијата на политичките тензии и отсуството на ангажман меѓу политичките партии и неуспехот да се изгради консензус за клучните прашања од национален интерес продолжи …

ЕК: Црна Гора не е целосно посветена на реформската агенда Read More »

Албанија доби лоша оцена за слободата на изразување


 Во извештајот посветен на Албанија, Европската комисија наведува дека владата во Тирана го задржала фокусот на реформите поврзани со патот на земјата кон Европската унија (ЕУ) и ја зајакнала својата координативна структура за интеграција во ЕУ. Сепак, се очекува албанската влада да ја унапреди реформската агенда на ЕУ, вклучително и опозицијата и другите сегменти од …

Албанија доби лоша оцена за слободата на изразување Read More »

Вархеи: ЕУ го отвори пазарот со електрична енергија за земјите од Западен Балкан


  Еврокомесарот Оливер Вархеи, претставувајќи ги годинашните извештаи за прогресот на земјите кандидати за членство, најави дека од идната година тие нема да бидат седум, туку десет, односно ќе ги вклучуваат и Украина, Грузија и Молдавија. Она што е поважно за нас, тој најави дека ЕУ решила да го отвори пазарот на електрична енергија за …

Вархеи: ЕУ го отвори пазарот со електрична енергија за земјите од Западен Балкан Read More »

ЕУ: Западен Балкан може да биде следниот фронт на Русија


„ЕУ не е само економска унија – таа е унија заснована на вредности. Земјите кои сакаат да бидат дел од блокот мора да бидат усогласени со нашите вредности. Ова особено се однесува на нивната политика кон Русија. Земјите кандидати за членство во ЕУ не можат да продолжат да работат како  обично или да ги усогласуваат …

ЕУ: Западен Балкан може да биде следниот фронт на Русија Read More »

Столтенберг: Западен Балкан останува во фокусот на НАТО


Западен Балкан е важен за НАТО и нашиот фокус на него ќе продолжи, вели генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг. Доаѓајќи на состанокот на министрите за одбрана на членките на НАТО во Брисел, тој рече дека Алијансата со Балканот има историја, дека на тие простори е присутна доста долго, од деведесеттите години на минатиот век. …

Столтенберг: Западен Балкан останува во фокусот на НАТО Read More »

Варшава: Оштетувањето на нафтоводот Дружба не е саботажа


Нема причина да се верува дека истекувањето во полскиот дел од нафтоводот Дружба било предизвикано од саботажа, изјави денеска висок полски функционер задолжен за енергетската инфраструктура. – Можеме да зборуваме за случајно оштетување, изјави Матеуш Бергер за светските агенции. Тој нагласи дека нема причина да се верува дека истекувањето е предизвикано од саботажа. Полскиот оператор на нафтоводот Перн синоќа …

Варшава: Оштетувањето на нафтоводот Дружба не е саботажа Read More »

Украина го доби долго посакуваниот германски систем за воздушна одбрана


Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников на Твитер објави дека Киев добил германскиот систем за воздушна одбрана Ирис-Т СЛМ, при тоа истакнувајќи дека „започна нова ера во воздушна одбрана“. – Ирис-Т од Германија се веќе тука. Доаѓаат американски НАСАМС, напиша Резникот на Твитер. Тој и се заблагодари на германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт за …

Украина го доби долго посакуваниот германски систем за воздушна одбрана Read More »

Внатрешните борби во Кремљ стануваат јавни


Владимир Путин беше господар на сè што правеше, но потоа ја нападна Украина.За прв пат по две децении, противниците на рускиот претседател сметаат дека е поверојатно дека тој ќе замине во блиска иднина, иако не се согласуваат за тоа како може да се одигра крајот на играта, кој би можел да го замени и кога. …

Внатрешните борби во Кремљ стануваат јавни Read More »