Лавров: Западни медиуми поттикнуваат тензии во Заливот


 Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, му пренел на иранскиот колега, Хосеин Амир Абдолахиан, дека западните медиуми покренале кампања што може да предизвика ескалација на тензиите во Заливот, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи. Во телефонскиот разговор со шефот на иранската дипломатија Лавров ја коментирал „штетноста на информативната кампања започната од западните медиуми“. …

Лавров: Западни медиуми поттикнуваат тензии во Заливот Read More »

Кризата со Украина покажа колку се ранливи европските економии


Војната во Украина силно се одрази врз економијата и сериозно го наруши стопанството. Со енергетската криза, која моментно е најголемиот ризик за бизнисот, ниту една земја не може да се справи сама. Државите мора да се дејствуваат здружено и заеднички за да ги совладаат актуелните предизвици, порачаа учесниците на денешниот Македонско-германски форум „Европската економија под …

Кризата со Украина покажа колку се ранливи европските економии Read More »

Зеленски: Како да преговараме со Русите кога денеска не нападнаа со 54 ракети


  На новинарско прашање за можноста за мировни преговори со Русија денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека „неговата земја нема време за дипломатија“. „Лажат, тоа не е дипломатија. Кога велат дека сакаат дипломатски врски и да ја прекинат војната, тоа е лага. Вчера рекоа дека се подготвени, а дека Украина не е подготвена, но …

Зеленски: Како да преговараме со Русите кога денеска не нападнаа со 54 ракети Read More »

Јакимовски се чуди: Ако тепаат советник сега, што ќе прават ако дојдат на власт


Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски го осуди нападот врз советникот Александар Илиевски што се случи вчера и истакна дека овој инцидент само го покажува притивизмот во врвот на ВМРО-ДПМНЕ кое користи насилни методи за да дисциплинира членови на партијата. Јакимовски јавно го праша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дали нападот на советникот Илиевски бил договорен …

Јакимовски се чуди: Ако тепаат советник сега, што ќе прават ако дојдат на власт Read More »

Боки 13 повторно однесен во болница


Од затворот Идризово Бојан Јовановски-Боки 13 итно е пренесен на Клиника и задржан на болничко лекување, објави А1он повикувајќи се на изјавата на неговиот адвокат Владимир Туфекџиќ. Неговиот адвокат вели дека Јовановски е задржан на лекување во хируршката клиника откако неговата состојба се влошила. Боки 13, реагирал претходно и барал прекинување на издржувањето на казната …

Боки 13 повторно однесен во болница Read More »

Германија најави затворски казни за демонстрантите кои ги оштетуваат уметничките дела


Германскиот министер за правда Марко Бушман изјави дека се можни затворски казни за климатски активисти кои блокираат патишта и оштетуваат уметнички дела. – Кој ќе фрли течност или предмети врз уметничките дела може кривично да одговара доколку се оштетат уметничките дела. Блокадите на патиштата може да се окарактеризираат како принуда. А доколку поради ова биде …

Германија најави затворски казни за демонстрантите кои ги оштетуваат уметничките дела Read More »

Подољак: Пропадна руската уцена со извозот на житото


Русија се врати на договорот за извоз на жито од Украина бидејќи сфати дека иницијативата ќе функционираше и без учеството на Кремљ, изјави денеска советникот на украинскиот претседател Михаило Подољак. Во писмена изјава за Ројтерс, пренесува Хина, Подољак наведува дека одлуката на Москва покажува дека руската „уцена“ и „ескалација и закани“ не успеваат кога ќе …

Подољак: Пропадна руската уцена со извозот на житото Read More »

Костадинов ќе докажува дека „Македонија е бугарска“


Лидерот на бугарската парламентарна партија Преродба го дефинираше отворањето на македонскиот клуб во Благоевград како обид за провокација, најавувајќи дека ќе преземат активности во Брисел и во Стразбур каде што ќе докажат дека „Македонија е бугарска“. „Во неделата бевме сведоци на обид за провокација – за постоењето на едно непостоечко малцинство во Бугарија, организирано директно …

Костадинов ќе докажува дека „Македонија е бугарска“ Read More »

ЗНМ и ССНМ најавуваат бојкот ако не се усвојат измените на Кривичниот закон за заштита на новинарите


Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) по повод Меѓународниот ден за прекинување на неказнивоста на злосторствата против новинарите бараат од политичките партии веднаш да ги усвојат амандманите на Кривичниот законик со што ќе се овозможи поголема заштита на новинарите и медиумските работници. Во спротивно велат дека …

ЗНМ и ССНМ најавуваат бојкот ако не се усвојат измените на Кривичниот закон за заштита на новинарите Read More »

Ковачевски оди на самитот за Западен Балкан во Берлин


Премиерот  Димитар Ковачевски со делегација ќе учествува на средбите на лидерите од Западен Балкан во рамките на самитот за Берлински процес кој се одржува утре во Берлин. Во состав на владината делегација се вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи. На самитот ќе се одржат неколку сесии на …

Ковачевски оди на самитот за Западен Балкан во Берлин Read More »

ЕУ ќе ги окрупнува расцепканите земјоделски земјишта во Македонија


 Европската унија (ЕУ) и Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) ќе ја поддржат консолидацијата на земјоделското земјиште, планираното преуредување на фрагментираните парцели и на нивното сопствеништво во  Македонија. Заедничката помош, главно предводена од ЕУ, се протега во две проектни фази:  -Воведување на Националната програма за консолидација на земјиште (MAINLAND) во вредност од 2,86 милиони …

ЕУ ќе ги окрупнува расцепканите земјоделски земјишта во Македонија Read More »

Зеленски: Светот треба да ги заштити коридорите за извоз на жито


Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека се потребни долгорочни средства за сигурна одбрана на коридорот за извоз на жито од украинските пристаништа, нагласувајќи дека „светот мора да даде цврст одговор на секој обид на Русија да го наруши“. Во синоќешното видео обраќање Зеленски рече дека бродовите ги напуштаат украинските пристаништа, благодарение на напорите на Турција и ОН …

Зеленски: Светот треба да ги заштити коридорите за извоз на жито Read More »

Вратен монополот на поштенските услуги


Агенцијата за пошти објави дека повторно е вратен ценовниот монопол за услугите за писма до 50 грама, кој е воспоставен со закон во корист на давателот на универзалната услуга  А.Д. „Пошта на Северна Македонија“ во државна сопственост – Скопје, која за услугата има регулирана цена од 25 денари по писмо, одобрена од регулаторот. – Тоа …

Вратен монополот на поштенските услуги Read More »

ВМРО-ДПМНЕ организира политички саем за отчет на градоначалниците


ВМРО-ДПМНЕ, викендов, на 5 и 6 ноември, во Скопје ќе организира политички саем за отчет за сработеното во првата година од мандатите на градоначалниците кои победија на последните локални избори. Како што соопштија од партијата, слоганот под кој ќе се одвива настанот првпат го организира која било политичка партија е „Саем на промените што носат …

ВМРО-ДПМНЕ организира политички саем за отчет на градоначалниците Read More »

„Вагнер“ напредува околу 200 метри дневно, Русија планираше 30 километри


Сопственикот на руската приватна воена компанија „Вагнер“, Евгениј Пригожин на 23 ноември изјави дека силите на Вагнер напредуваат од 100 до 200 метри дневно, додавајќи дека тоа е „нормално за време на модерното војување“. Но, според руската воена стратегија, нејзините сили дневно требаше да напредуваат околу 30 километри, наведува британското Министерство за одбрана во дневниот …

„Вагнер“ напредува околу 200 метри дневно, Русија планираше 30 километри Read More »

Полска ќе постави бодликава жица на границата со Русија


Полска привремено ќе постави бодликава жица висока два и пол метри на границата со Русија, што, како што изјави денеска министерот за одбрана Маријуш Блашчак, е реакција на отворањето на Калининградската област за летови од Блискиот Исток и Северна Африка.   „Во врска со ова, денеска веќе почнува да се работи за подигање привремена ограда …

Полска ќе постави бодликава жица на границата со Русија Read More »

Кина формирала тајни „полициски станици“ низ Британија за да „лови“ дисиденти


 Британската влада најави дека ќе спречи „транснационална репресија“ откако беа објавени информации дека постојат непријавени кинески „полициски станици“ низ земјата. Кинеската влада, наводно, поставила непријавени „полициски станици“ на три локации во Велика Британија – две во Лондон, во Хендон и Кројдон и една во Глазгов – за да ги вознемирува политичките неистомисленици. Пекинг, исто така, …

Кина формирала тајни „полициски станици“ низ Британија за да „лови“ дисиденти Read More »

Социјалдемократите победија на изборите во Данска, Фредериксен се повлекува


Премиерката на Данска Мете Фредериксен најави дека ќе поднесе оставка на нејзината влада и покрај тоа што нејзините социјалдемократи треба да останат најсилната сила во Данска по парламентарните избори, јави ДПА. Фредериксен утрово им рече на партиските поддржувачи во Копенхаген дека ќе поднесе оставка како премиерка и ќе ја разгледа „можноста за широка влада низ политичкиот спектар“. …

Социјалдемократите победија на изборите во Данска, Фредериксен се повлекува Read More »

СДСМ: Се што кажа Мицкоски за енергетиката излезе погрешно


Сѐ што кажа Мицкоски за енергетиката излезе погрешно, толку му е знаењето.Христијан Мицкоски со месеци ја плашеше јавноста со наводен недостиг на енергенси за домашниот енергетски сектор.Лажеше Мицкоски уште минатата година дека јаглен има уште за два дена, а оттогаш поминаа речиси 400 денови, јаглен има доволно а термоелектранитего зголемија производството за 25 отсто. Со …

СДСМ: Се што кажа Мицкоски за енергетиката излезе погрешно Read More »

Борусија Дортмунд бара 150 милиони евра за Белингам


Бундеслигаш Борусија Дортмунд ќе бара обесштетување во износ од 150 милиоини евра за младиот англиски играч за врска Џад Белингам, јавија денеска шпанските и германските медиуми. Младиот 19-годишен Белингам се најде на радарот на бројни европски гиганти, а најгласно се спомнуваат Реал Мадрид, Манчестер сити, Ливерпул и Челзи. Според медиумите, приказната за Белингам ќе наликува на сценариото околу Ерлинг …

Борусија Дортмунд бара 150 милиони евра за Белингам Read More »