Маричиќ не гледа проблем што Груби стана координатор за коридорите


Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, не е зачуден што неговиот колега Артан Груби доби  функција координатор на Коридор 8. Според Маричиќ, има многу работа во проектот, а Груби може да помогне. За сомнежите за коруптивни дејствија, Маричиќ посочи дека за тоа треба да се изјаснат  Јавното обвинителство и Антикорупциската комисија. „Тоа што владата одлучи …

Маричиќ не гледа проблем што Груби стана координатор за коридорите Read More »

Француски амбасадор во Софија: Колку се забавува промената на Уставот, толку се одложува членството на Македонија во ЕУ


 Aмбасадорот на Франција во Бугарија, Џоел Мајер, во интервју за БГНЕС предупреди дека, колку повеќе Македонија ја забвува промената на Уставот, толку повеќе го одложува и своето членство во ЕУ. Според него, земјите од Западен Балкан имаат свое место во ЕУ ако навистина го сакаат тоа. „Тоа се заложби кои беа реафирмирани во рамките на …

Француски амбасадор во Софија: Колку се забавува промената на Уставот, толку се одложува членството на Македонија во ЕУ Read More »

Кој е германскиот политичар на мета на полициската рација на ЕПП во Брисел?


Откако белгиската полиција упадна во седиштето на Европската народна партија (ЕПП) во Брисел во вторникот, различни извештаи посочуваат дека германскиот политичар Марио Фојгт е под истрага за финансиски нерегуларности околу изборите за ЕУ во 2019 година. Марио Фојгт, човекот во срцето на истрагата, е член на германската Христијанско-демократска партија ЦДУ и од 2020 година е …

Кој е германскиот политичар на мета на полициската рација на ЕПП во Брисел? Read More »

Белгија под притисок да ги замрзне цените на 100 основни производи за три месеци


Белгија треба да ги замрзне цените на 100 производи за три месеци за да се осигура дека луѓето нема да западнат во финансиски проблеми кога купуваат основни производи поради вртоглавата инфлација, соопшти организацијата за заштита на потрошувачите Тест Ачатс. Купувањето намирници во супермаркет беше за 20% поскапо во март оваа година отколку во истиот месец …

Белгија под притисок да ги замрзне цените на 100 основни производи за три месеци Read More »

И Kовачевски не гледа улога за Софија во уставните измени


  Процесот на уставни измени е внатрешно прашања на Република Северна Македонија, што е и обврска поврзана со пристапните преговори со Европската Унија, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање.  -За барањето на Бугарија во однос на нивното учество веќе се произнесе министерот за надворешни работи и јас целосно се согласувам со неговата …

И Kовачевски не гледа улога за Софија во уставните измени Read More »

Бектеши обвини за двојни фактури за зеленчукот


  Во Владата попладнево ќе се одржи координативен состанок околу замрзнувањето на цените на овошјето и зеленчукот. Состанокот е свикан на барање на премиерот, а на него покрај министерот за економија ќе присуствуваат и директорите на Управата за јавни приходи, Царинската управа и Финансиската полиција.  Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференцијата во Владата …

Бектеши обвини за двојни фактури за зеленчукот Read More »

Моравјецки: Можен е забрзан прием на Молдавија во ЕУ


  Забрзан пристап на Молдавија во Европската Унија би можел да биде возможен, изјави денеска полскиот премиер Матеуш Моравјецки. „Верувам дека е можен забрзан пат“, изјави Моравјецки при посетата на Кишињев. Според него, „или тоа ќе биде навистина брз начин, или преговорите ќе се заглават во долги разговори“. Моравјецки изрази надеж дека Европската Унија широко …

Моравјецки: Можен е забрзан прием на Молдавија во ЕУ Read More »

Заев: Не наведнувајте глава пред радикалите на Балканот


  Ова е време на борба на умерените со радикалите и колку порано умерените леви и десни лидерства и граѓанства се запознаат, се здружат и сојузат, толку поскоро и полесно ќе си го спасиме Балканот од искрите национализам коишто, на моменти, ја прекриваат дури и Преспа со непријатен чад и мирис. Умерените левичари и десничари …

Заев: Не наведнувајте глава пред радикалите на Балканот Read More »

Се случува ли „орбанизација“ на Македонија?


Премиерот на земјата што најбргу влезе во ЕУ и која експресно стана дел од Шенген и евро зоната, Андреј Пленковиќ, проба вчера дел од тоа искуство да го пренесе во Македонија, во смисла – ова што ви го кажувам е реалноста, а не теориите за членството во Европската унија. И, многу се намачи да ја …

Се случува ли „орбанизација“ на Македонија? Read More »

Хависто до балканските земји: Поддршката на ЕУ да не се зема здраво за готово


Финска долго време силно го поддржува европскиот пат на своите партнери од Западен Балкан, но исто така очекува тие целосно да се усогласат со надворешната и безбедносната политика на Европската Унија и да ги негуваат нејзините клучни вредности – човековите права, демократијата и владеењето на правото, изјави министерот за надворешни работи на Финска Пека Хависто. …

Хависто до балканските земји: Поддршката на ЕУ да не се зема здраво за готово Read More »

Пленковиќ се сретна и со Мицкоски, разговарале за уставните измени


  Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски попладнево оствари средба со хрватскиот премиер и лидер на ХДЗ Андреј Пленковиќ, кој е во посета на земјава. Како што соопшти партиската прес-служба, на средбата биле потврдени добрите односи помеѓу Република Македонија и Република Хрватска. Станало збор и активната соработка помеѓу сестринските партии ВМРО-ДПМНЕ и ХДЗ при што се нагласи …

Пленковиќ се сретна и со Мицкоски, разговарале за уставните измени Read More »

МНР му даде “корпа“ на Милков


Министерството за надворешни работи информира дека процесот на уставни измени претставува внатрешно прашање на Република Северна Македонија, кое како обврска е поврзано со пристапните преговори за членство во Европската унија. -Се очекува Собранието да ја донесе таквата одлука, суверено и согласно долгорочните интереси на граѓаните на Северна Македонија, претставени во парламентот и, во тој контекст, …

МНР му даде “корпа“ на Милков Read More »

И Ирска сака да се откаже од неутралноста по војната во Украина


  Ирската Влада, преку консултативен форум, ќе побара мислење од домашната јавност за традицијата на воена неутралност на земјата, изјави денеска министерот за надворешни работи Мишел Мартин, што е најнов знак за можна промена во политиката по руската инвазија на Украина. Мартин рече дека четиридневниот форум ќе се одржи во јуни во три различни градови. Фокусот на …

И Ирска сака да се откаже од неутралноста по војната во Украина Read More »

СДСМ почнува теренски активности во над 940 населени места


СДСМ од денеска започнува со интензивни теренски активности под мотото „Рамо до рамо до победа“, најави денеска претседателот на партијата Димитар Ковачевски. Ковачевски информира дека во наредниот период, СДСМ ќе посети 946 населени места со сопствениот потенцијал за да разговараат со граѓаните. -Во секое населено место, во секоја уличка, во секоја куќа, зграда, во секое …

СДСМ почнува теренски активности во над 940 населени места Read More »

Зеленски не ја исклучи можноста за повлекување од Бахмут


 Украинскиот претседател Володимир Зеленски призна дека постои можност за воено повлекување од градот Бахмут на истокот на земјата. „За мене најважно е да не ја изгубиме нашата војска. И секако ако дојде момент на уште поинтензивни случувања и опасности дека може да изгубиме луѓе, ќе има генерали кои ќе донесат исправни одлуки на лице место. …

Зеленски не ја исклучи можноста за повлекување од Бахмут Read More »

Амбасадорот на ОБСЕ кај Мицкоски за да провери зошто им ги кочи препораките за избори


  За ВМРО-ДПМНЕ се прифатливи техничките препораки и заложби од страна на ОБСЕ/ОДИХР по однос на спроведување на фер и демократски избори, но Владата мора прво да се усогласи кој изборен модел им одговара, а потоа да се разговара за измените во македонскиот Парламент, рече претседателот на партијата Христијан Мицкоски на средбата со амбасадорот Килиан …

Амбасадорот на ОБСЕ кај Мицкоски за да провери зошто им ги кочи препораките за избори Read More »

Kовачевски и Пленковиќ на средба со г.г. Стефан


Премиерите на Северна Македонија и Хрватска, Димитар Ковачевски и Андреј Пленковиќ денеска се сретнаа со поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) г.г. Стефан. На средбата, како што соопшти владината Прес-служба, архиепископот Стефан и премиерот Ковачевски упатија голема благодарност до Пленковиќ за поддршката на хрватската Влада во изградбата на македонската православна црква „Света …

Kовачевски и Пленковиќ на средба со г.г. Стефан Read More »

Таравари: Хрватска има и одлична морнарица, ама ние немаме море


  Хрватска има одлична морнарица, но не можеме да ја земеме за пример затоа што ние немаме море, вели претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари во ексклузивно интервју за „Топ Њус”, одговарајќи на најавите на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени. Тој вели дека АА е партија која ги имала и секогаш ќе ги има отворени вратите …

Таравари: Хрватска има и одлична морнарица, ама ние немаме море Read More »

Пленковиќ во Собрание: Ве поддржуваме без било какви условувања и калкулации


Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во своето обраќање пред пратениците во Собранието порача дека е горд што токму за време на првото претседателствување на Хрватска била донесена одлуката за започнување на преговори со Македонија , која била резултат на повеќемесечни политички и дипломатски напори што со срце ги презеле, како силен поддржувач на евроинтеграцијата на Македонија. …

Пленковиќ во Собрание: Ве поддржуваме без било какви условувања и калкулации Read More »

Пленковиќ: Најдете модел за уставни измени што е својствен за Македонија


Сметам дека за неколку години Северна Македонија ќе стане членка на ЕУ. Хрватска на тој пат од срце и без какви било услови ви помага веќе повеќе години. Сега е тоа време да се направат вистински потези, порача денес од Скопје хрватскиот премиер од партија сестринска на ВМРО-ДПМНЕ, Андреј Пленковиќ, на заедничката прес-конференција со премиерот …

Пленковиќ: Најдете модел за уставни измени што е својствен за Македонија Read More »