Не се знае кога пратениците со безбедносен сертификат ќе го видат договорот со „Бехтел и Енка“


  Нема информација дали Договорот за изградба на коридорите 8 и 10д е стасан во Собранието и дали тој ќе биде доставен до пратениците со безбедносен сертификат или само ќе им биде презентиран. Од Кабинетот на претседателот на Собранието велат дека штом ќе имаат информација за тоа ќе информираат.  Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека веднаш …

Не се знае кога пратениците со безбедносен сертификат ќе го видат договорот со „Бехтел и Енка“ Read More »

ЈЗУ Клиничка болница-Битола: Лажна е веста за починато бебе во болницата


 Д-р Елизабета Ивановска, директорка на ЈЗУ Клиничка болница „д-р Трифун Пановски“- Битола, во изјава за МИА истакна дека лажна е веста за починато бебе по породување на мајката, која во текот на денот беше објавена од медиуми во земјава.  – Ја известувам јавноста дека лажна е веста за наводно починато бебе по породување на мајката. …

ЈЗУ Клиничка болница-Битола: Лажна е веста за починато бебе во болницата Read More »

Поделени уште 15 амбасадорски места, кадрите на Османи „атерираат“ само високо


  ВМРО-ДПМНЕ, откако ги оцрни сите членови на експертската група за уставни измени, почна да се пресметува и со предложените кандидати за амбасадори на Македонија во странство – иако процедурата налага нивните имиња да останат заштитени додека не добијат агремани од земјите во кои се испраќаат. Според она што го објавија, шефот на дипломатијата Бујар  Османи …

Поделени уште 15 амбасадорски места, кадрите на Османи „атерираат“ само високо Read More »

Судијката Маргарита Цаца-Николовска ќе биде претседател на работната група за уставни измени


  Судијката Маргарита Цаца-Николовска ќе биде претседател на работната група за уставни измени што денес за првпат имаше конститутивна  средба. Како потпретседател на групата исто така е избран судијата Бајрам Положани.  Според она што се дознава, на оваа средба не се навлегувало во расправа околу уставните измени, а е договорено со работа да почнат по …

Судијката Маргарита Цаца-Николовска ќе биде претседател на работната група за уставни измени Read More »

Пендаровски не смета дека уставните измени се „нешто страшно“


Претседателот Стево Пендаровски потврди денес дека со свој претставник учествува во работната група за уставните измени и оти со тоа јасно го кажува неговиот политички став, дека е за промена на Уставот со внесувањето на Бугарите во него. -Јас учествувам преку мој претставник и со тоа јасно го кажувам мојот политички став, дека сум за …

Пендаровски не смета дека уставните измени се „нешто страшно“ Read More »

Вјоса Османи побара да се цени придонесот на Албанците во Македонија за евроинтеграцијата


  Претседателката на Косово, Вјоса Османи, ја искористи денешната посета за да побара, по малку патронатски, граѓаните во државава да го ценат повеќе придонесот на Албанците од Македонија за евроатлантската иднина на земјата, нарекувајќи ги браќа и мои сонародници.  „Почестена сум што сум во државата што многу мои сонародници ја нарекуваат своја земја. Освен придонесот …

Вјоса Османи побара да се цени придонесот на Албанците во Македонија за евроинтеграцијата Read More »

Османи во ЕП: Многумина во Македонија не се убедени дека ќе има проширување


По бројни предизвици на патот кон полноправно членство во Европската Унија и неверојатни 22 години од потпишувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, Република Северна Македонија минатата година направи историски исчекор и ги започна преговорите за пристапување во ЕУ, кои означуваат почеток на новата и квалитативно највисока фаза во односите со ЕУ пред полноправното членство. …

Османи во ЕП: Многумина во Македонија не се убедени дека ќе има проширување Read More »

Пендаровски ја пречека Османи во „Вила Водно“


 Претседателката на Косово Вјоса Османи-Садриу претпладнево со највисоки државни и воени почести беше пречекана од претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски во „Вила Водно“. Пендаровски и Османи-Садриу, која е во официјална посета на земјава, ќе има тет-а-тет средба, по што предвиден и пленарен состанок на двете делегации. По средбата Пендаровски и Османи-Садриу ќе положат венци …

Пендаровски ја пречека Османи во „Вила Водно“ Read More »

БЕСА нема да гласа за уставните промени ако не се избрише „20 отсто“


Беса не е против вклучувањето на Бугарите во Уставот, но е против претставувањето на Албанците со проценти во највисокиот правен акт, изјави потпретседателот на партијата, Фатмир Лимани, вчера во емисијата „200“ на телевизија „Алсат. – Ние не сме против вклучување на Бугарите во Уставот. Ние не сме против вклучувањето на секоја заедница во Уставот. Но, …

БЕСА нема да гласа за уставните промени ако не се избрише „20 отсто“ Read More »

Охрид СОС алармира: Се бетонира Охридското езеро од албанска страна


Невладинта организација „Охрид СОС“ алармира дека градежни машини бетонираат од албанската страна на Охридско Езеро, кај селото Тушемишта. Тоа се гледа и од фотографиите што ги објави со реакцијата. -Додека албанските власти во извештајот доставен до УНЕСКО наведуваа некакви проекти за заштита на Охридскиот регион, споделуваа фотографии од средби и настани, на терен деновиве се …

Охрид СОС алармира: Се бетонира Охридското езеро од албанска страна Read More »

ДУИ ја поздравува поддршката на ВМРО за коридорите 8 и 10-Д


Демократската унија за интеграција ја поздравува поддршката на ВМРО ДПМНЕ за изградбата на коридорите 8 и 10-Д искажана од страна на Христијан Мицкоски. -Процесот до потпишување на договорот за изградба на коридорите помеѓу Владата и конзорциумот Бехтел и Енка трае веќе повеќе од две години и во јавниот процес беа вклучени сите. Договорот е обврска …

ДУИ ја поздравува поддршката на ВМРО за коридорите 8 и 10-Д Read More »

Украинските сили трпат големи загуби во Бахмут


  Украинските сили трпат големи загуби во битката за Бахмут, бидејќи Генералштабот на армијата не го подготви градот за одбрана, тврди поранешниот заменик командант на украинските сили за специјални операции, генерал Серхиј Кривонос. -Ние плаќаме страшна цена за овој град. Станува збор за тоа дека некои офицери од командата направиле грешки и не го подготвиле …

Украинските сили трпат големи загуби во Бахмут Read More »

За шест часа казнети 820 возачи за брзо возење


Министерството за внатрешни работи, денеска во периодот од 11:00 до 17:00 часот, спроведе акциска контрола на територијата на државава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 820 возачи. Од нив, како што информираат од МВР,  54 возила се движеле со брзина над 50 километри на час …

За шест часа казнети 820 возачи за брзо возење Read More »

Работната група за уставни измени се очекува в среда или четврток да почне со работа


  Работната група за уставни измени се очекува в среда или во четврток да ја одржи првата седница, потврдија за МИА од Министерството за правда. Експертската работна група, како што информираа од Министерството за правда ќе ја сочинуваат Сали Мурати – поранешен претседател на Уставен суд, Маргарита Цаца Николовска – поранешен судија во Европскиот суд за човекови …

Работната група за уставни измени се очекува в среда или четврток да почне со работа Read More »

Министерството за транспорт негира дека почнува рокот за плаќање пенали на „Бехтел и Енка“ли


Министерството за транспорт и врски остро реагира на информациите објавени од страна на телевизија Телма кои се однесуваат на изградба на Коридорите 8 и 10 д. Во објавата на нивната веб страна во која стои дека “Министерот Бочварски потврдил дека почнал да тече рокот за плаќање на пенали кон изведувачот”, најодговорно тврдиме дека се груби …

Министерството за транспорт негира дека почнува рокот за плаќање пенали на „Бехтел и Енка“ли Read More »

Во Делчево претставено новото движење Македонска Ера Трета


Во Делчево претставен е акциониот план на движењето Македонска Ера Трета/Македонски Независни Листи. Дел од ова движење е и поранешниот македонски амбасадор во Турција, Горан Тасковски кој истакна дека благодарение на неговиот ангажман како амбасадор, стекнал доста пријатели со чија поддршка сака да иницира структурни промени со цел реорганизација на државава.   -Она сето што …

Во Делчево претставено новото движење Македонска Ера Трета Read More »

Брнабиќ: Денес е легализирано и легитимизирано последното европско гето


Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ порача дека денеска со изборите на северот на Косово е легализирано и легитимизирано последното европско гето. На својот Твитер профил таа наведе дека фотографиите од северот на Косово, кои ги објави, „навистина го прикажуваат „владеењето на правото“ и вистинското значење на „демократските избори“ на Косово и Метохија, кои се поддржани …

Брнабиќ: Денес е легализирано и легитимизирано последното европско гето Read More »

Две лица повредени во сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар, возилата беа пренасочувани


Тетовската полиција информира дека поради сообраќајка имало пренасочување на возилата кои попладнево се движеа по автопатот Тетово-Гостивар. Во судир на две возила повредени се две лица.   -Околу 15 часот и 45 минути во СВР Тетово пријавено е дека на автопатот Тетово-Гостивар, на потегот од клучката Камењане до наплатната станица Тетово, се случила сообраќајна несреќа …

Две лица повредени во сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар, возилата беа пренасочувани Read More »

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време


>Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време, брзо и ефикасно, истакна денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.  -Во однос на почетокот на градбата на коридорите, веќе информиравме дека 22 април е старт на реализација на Договорот, каде изведувачот почнува со изработка на проекти, на урбанистички и на …

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време Read More »