Билети за натпреварот Англија – Македонија можат да се купат до 15 јуни


Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) информираше денеска дека навивачите на македонската репрезентација имаат можност до 15 јуни да купат билет за евроквалификацискиот натпревар против Англија на „Олд Трафорд“ во Манчестер. По воведната победа во квалификациската група Ц над Малта (2-1) на домашен терен, македонските фудбалери овој месец ги очекуваат дуелите против Украина, на 16 јуни …

Билети за натпреварот Англија – Македонија можат да се купат до 15 јуни Read More »

Курти доби ултиматум од САД и ЕУ


Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, денес изјави дека косовскиот премиер Аљбин Курти има два дена да одговори на барањата што му беа упатени на средбата и најави дека до петок заедно со претставникот на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, тој ќе извести дали има напредок или не, јавуваат српските …

Курти доби ултиматум од САД и ЕУ Read More »

Локвенец се повлече од МЖ Инфраструктура


Директорот на МЖ Инфраструктура, Хари Локвенец поднесе оставка на функцијата, како што потврди од лични причини. Оставката на Локвенец е прифатена на денешната владина седница и на негово место доаѓа Зоран Трифуновски. Локвенец дојде на директорското место во МЖ Инфраструктура во ноември во 2020 година.

Судскиот совет се распаѓа, двајца членови поднесоа оставки?


  Членовите на Судскиот совет Мирјана Радевска-Стефкова и Зоран Герасимовски поднесоа оставки од функциите, потврдија за МИА од Судскиот совет. Апелациониот судија Зоран Герасимовски и врховната судијка Мирјана Радевска-Стефкова беа избрани за членови на Советот на непосредни избори, од редот на судиите. Оставките се депонирани денеска во архивата на Судскиот совет, а причините засега се …

Судскиот совет се распаѓа, двајца членови поднесоа оставки? Read More »

Мулина: Ставот на Мадрид кон Македонија нема да се смени – и ако се смени власта


Предвремените избори во Шпанија нема да им наштетат на преговорите на Македонија со Европската унија дури и ако дојде до смена на власта, оцени Игнасио Мулина од Кралскиот институт „Elcano“, кој деновиве престојува на прв билатерален форум во нашата држава. Според Мулина, премиерот Педро Санчез лично се ангажирал во помагањето на евроинтеграцијата и сакал да …

Мулина: Ставот на Мадрид кон Македонија нема да се смени – и ако се смени власта Read More »

Маричиќ: Мицкоски купува време, најголемо македонско обединување е ако се гласаат уставните измени


  Политички игри за собирање поени – ги нарече вицепремиерот за европски прашања,Бојан Маричиќ, повиците на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за  обединување на Македонците со цел да се симне ДУИ од власта –  став што го стави во контекст на најавената лидерска средба утре, на која место тоа, треба да се изјасни за промената …

Маричиќ: Мицкоски купува време, најголемо македонско обединување е ако се гласаат уставните измени Read More »

Мицкоски ќе ги обединува Македонците против ДУИ


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва на партиска трибина во Велес зборуваше пошироко за идејата за формирање пакт за национално и државно единство во кое ќе нема место за ДУИ, која 20 години е на власт во земјава.Според неговата изјава, тој е подготвен во тој пакт да биде со сите некриминални структури од останатите партии …

Мицкоски ќе ги обединува Македонците против ДУИ Read More »

Меџити нашол злоупотреби во работата на Јовев


Министерот за здравство, Фатмир Меџити, во вечерашното гостување на ТВ 24 го коментираше  разрешувањето на раководителот на Кардохирургија, професор др. Сашко Јовев. -Мораме, ако сакаме да имаме силна држава, да имаме силно здравство. Во стручноста на професорот Јовев, не навлегувам, ова е менаџирање на клиниката. Тука стануваше збор за злоупотреба на работното време и внатре …

Меџити нашол злоупотреби во работата на Јовев Read More »

МВР демантира дека спасувало син на функционер од наркоинцидент


Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира лагите објавени во порталот Нетпрес за наводно, како што пишува порталот, вадење на син на висок функционер на МВР од наркоинцидент во кој настрадал полицаец. Станува збор за класична дезинформација. Ниту имало вадење ниту некој може тоа да го направи, ниту бил инволвиран син на висок функционер во …

МВР демантира дека спасувало син на функционер од наркоинцидент Read More »

Ќерката на Желев ја нарече политиката на Радев „чиста форма на национално предавство“


  Станка Желева, ќерка на првиот демократски избран претседател на Бугарија, Жељу Желев, упати отворено писмо до бугарскиот претседател Румен Радев, во кое неговата политичка позиција ја нарече „чиста форма на национално предавство“ и му порача дека порано или подоцна ќе одговара пред бугарскиот народ, пред напуштените сонародници во Украина и пред судот на историјата. …

Ќерката на Желев ја нарече политиката на Радев „чиста форма на национално предавство“ Read More »

ДУИ ја прослави годишнината раскарана, Ахмети повика на политичка зрелост


  ДУИ ја одбележа 21-годишнината од создавањето на партијата раскарана и поделена како партија на два дела. На форумот што го организираше во „Александар Палас“ отсуствуваа добар дел од основачите и партиските лидери, а „огнените“  одржаа паралелна прослава. Тоа што за првпат на  годишнина е без некои од своите сопартијци и пријатели лидерот на ДУИ, …

ДУИ ја прослави годишнината раскарана, Ахмети повика на политичка зрелост Read More »

Фракцијата на ДУИ славеше партиска годишнина во Тетово


Одбележуваме 21 година од формирањето на нашата партија. И ние како фракција уште еднаш ги истакнуваме нашите вредности, врз кои се формира нашата партија. Ги истакнавме уште еднаш нашите барања и нашите незадоволствата што ги имаме внатре во партијата, изјави Саранда Имери, претставничка на фракцијата на ДУИ, на денешната прослава во Тетово по повод 21-годишнината …

Фракцијата на ДУИ славеше партиска годишнина во Тетово Read More »

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата бара да не се менува Уставот под бугарски диктат


Пратеничката група на Коалицијата „За обнова на Македонија” предводена од ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на одржувањето на лидерската средба го реафирмира ставот за неотварање на Уставот на Македонија, а со цел уставни измени. Во соопштението од Пратеничката група се потенцира дека уставните измени кои ги прифаќа македонската Влада предводена од СДСМ и ДУИ се производ на …

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата бара да не се менува Уставот под бугарски диктат Read More »

Прв билатерален шпанско-македонски форум во Скопје


Во пресрет на шпанското претседателствување со Европската унија, кое почнува од 1 јули, во Министерството за надворешни работи беше организиран прв билатерален форум со тинк-тенкови од оваа земја.   Целта на форумот е  да се објасни долгогодишното шпанско отсуство во регионот, а особено во Македонија и да се престави актуелната политика на Мадрид кој стана …

Прв билатерален шпанско-македонски форум во Скопје Read More »

Уставните измени на дневен ред на некоја од наредните седници на Владата


Владата ја доби Предлог-иницијативата за устави измени од Министерството за правда и таа ќе биде разгледана на некоја од наредните седници, информираат за МИА од владината прес-служба.  Јавноста, како што нагласуваат од таму, ќе биде информирана за одлуката.  Министерството за правда минатата недела работеше на номотехничко прочистување на предлогот, а тој беше преведен и на …

Уставните измени на дневен ред на некоја од наредните седници на Владата Read More »

Премиерите од Западен Балкан в четврток ќе се сретнат во Тирана


Се очекува оваа недела во Тирана да се сретнат премиерите на земјите од Западен Балкан, јави Топ чанел. -Во четврток се очекува да се одржи средба во формат „retreat“ што е во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“. Се очекува премиерите да разговараат за исполнување на договореното на изминатите средби на оваа иницијатица, додава телевизијата. Секако, …

Премиерите од Западен Балкан в четврток ќе се сретнат во Тирана Read More »

Прославувањето на српскиот „томос“ во Охрид за Бугарите е „насилство врз историјата“


Ако некој некому му е помошна црква, тоа е попрво српската на Охридската – односно на бугарската. Повторно гледаме како се мавта со српската карта, се демонстрираат братски чувства и му се дава теоретска надмоќ на Белград над Скопје. Денешната администрација на Северна Македонија – претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски, очигледно само со …

Прославувањето на српскиот „томос“ во Охрид за Бугарите е „насилство врз историјата“ Read More »

Во Бугарија денес ќе објават нова влада


Претседателот Румен Радев денеска ќе го прими кандидатот за премиер Николај Денков од  пратеничка група на „Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија“,која според уставната процедура го доби вториот мандат за составување на влада и успеја во тоа. Составот на кабинетот „Денков-Габриел“ е веќе готов, а двајцата ќе бидат премиери по девет месеци по систем на …

Во Бугарија денес ќе објават нова влада Read More »

Почна заедничката света архиерејска литургија на МПЦ-ОА и СПЦ во Охрид


 Во црквата „Света Софија“ во Охрид утрово почна света архиерејска литургија по повод годишнината од доделувањето на Томосот за автокефалност на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) од страна на Соборот на Српската православна црква (СПЦ). Со светата архиерејска литургија чиноначалствуваат поглаварите на МПЦ – ОА г.г. Стефан и на СПЦ г.г. Порфириј придружувани …

Почна заедничката света архиерејска литургија на МПЦ-ОА и СПЦ во Охрид Read More »

Шеесет авганистански девојчиња примени во болница поради труење на училиште


Околу 60 авганистански девојчиња се хоспитализирани откако биле отруени во училиште во северен Авганистан, соопшти денеска полицијата. Труењето во дно женско училиште во авганистанската провинција Сар-е-Пол доаѓа по интензивното преиспитување на образованието на девојчињата во земјата откако талибанците ја презедоа власта и го забранија пристапот за повеќето ученички тинејџерки, и по низата труења во училиштата …

Шеесет авганистански девојчиња примени во болница поради труење на училиште Read More »