Запрен увоз на 22 тони киви од Србија, имале ларви и инсекти


Над 22.000 килограми киви, увоз од Србија, кои требеле да се увезат во земјава ќе бидат уништени заради тоа што имале ларви и инсекти. Како што информира Агенцијата за храна и ветеринарство, поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти, инспектор за храна го забранил увоз на кивито, кое било наменето за индустриска …

Запрен увоз на 22 тони киви од Србија, имале ларви и инсекти Read More »

Продолжуваат преговорите за Газа, реконструкцијата се уште не е на маса


Постигнат е напредок во спроведувањето на мировниот план за Газа поднесен од американскиот претседател Доналд Трамп, изјави синоќа американскиот специјален пратеник Стив Виткоф. – Првата фаза донесе напредок, вклучувајќи проширена хуманитарна помош, враќање на телата на заложниците, делумно повлекување на силите и намалување на непријателствата, напиша Виткоф на X, еден ден по разговорите со претставниците …

Продолжуваат преговорите за Газа, реконструкцијата се уште не е на маса Read More »

Рускиот преговарач вели дека разговорите за Украина се „конструктивни“


 Разговорите во САД за мирно решение на војната на Москва против Украина досега се конструктивни, изјави главниот руски преговарач Кирил Дмитриев, пренесе руската државна новинска агенција Тас. Дмитриев, советник на рускиот претседател Владимир Путин, рече дека разговорите со американската страна почнале вчера и треба да продолжат и денеска, пренесе ДПА. – Дискусиите се водат конструктивно, …

Рускиот преговарач вели дека разговорите за Украина се „конструктивни“ Read More »

ССМ најавува штрајкови: Кој сака да ги намали платите на работниците?


Со усвојувањето на новите Закон за вработените во јавниот сектор и Закон за административните службеници, Владата практично го суспендира правото на колективно договарање во делот на платите, реагира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Според ССМ, со законските измени се ограничува и укинува можноста платите и правата поврзани со нив да се уредуваат или доуредуваат …

ССМ најавува штрајкови: Кој сака да ги намали платите на работниците? Read More »

Утрово откажани сите летови од Скопје


Поради густата магла откажани се сите утрински летови од Скопскиот аеродром. Откажани се летовите на авиокомпанијата „Визер“ од Скопје до Дортмунд, Брисел, Париз, Љубљана, Базел, Меминген и Венеција. Откажан е и летот до Загреб на „Кроација ерлајнс“, како и за Истанбул на „Туркиш ерлајнс“. Во моментов на аеродромот во Скопје нема ниту еден авион. Ниту …

Утрово откажани сите летови од Скопје Read More »

Скопје утрово е најзагаден град во Европа


Скопје утрово е прв од најзагадените градови во Европа, покажува рангирањето на швајцарската „IQ Air“. Со просечна загаденост од 101, Скопје е прв во Европа, а на 21 место во светот.  Веднаш зад Скопје се Aмстердам и Сараево. -Кога ќе донесеш закон каде деловна тајна е што горат фирмите во печки, резултатот е ова, прокоментира …

Скопје утрово е најзагаден град во Европа Read More »

Албанезе нареди ревизија на безбедносните служби по нападот на плажата Бондај


Австралискиот премиер Ентони Албанезе нареди ревизија на разузнавачките служби и агенциите за спроведување на законот во земјата по терористичкиот напад за време на еврејска прослава во Сиднеј пред една недела. Ревизијата ќе процени дали агенциите ги имаат соодветните овластувања, структури и процедури за заштита на јавноста, рече Албанезе во денешното соопштение. Нападот, за кој властите …

Албанезе нареди ревизија на безбедносните служби по нападот на плажата Бондај Read More »

Сообраќајот без застои, магла на повеќе патни правци низ државата


 Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Намалена видливост поради магла од 100 до 200 метри има од Тетово – Скопје – Куманово – Кочани – Сарамзалино – Велес – Неготино – Д.Капија и магла со видливост до 50 метри има Битола – Прилеп – Ѓавато – Ресен – М.Брод – …

Сообраќајот без застои, магла на повеќе патни правци низ државата Read More »

Хуманитарен Божиќен базар „ЕЛА во Погон“


Академијата за странски јазици ЕЛА (English Language Academy ELA) денеска во „Погон бар“ организира хуманитарен Божиќен базар. -Веќе третa година по ред, хуманоста, детската искреност и желбата да се помогне нè обединуваат околу нешто навистина големо. Хуманитарниот Божиќен базар на академијата за странски јазици не е само традиција, тој е приказна за малите херои со …

Хуманитарен Божиќен базар „ЕЛА во Погон“ Read More »

Променливо облачно и тивко со сончеви периоди


Времето денеска ќе биде променливо облачно и тивко со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 7 до 12 степени. Во Скопје, променливо облачно и тивко со појава на магла претпладне. Минималната температура ќе се спушти …

Променливо облачно и тивко со сончеви периоди Read More »

Америка згрозена, Трамп си го додаде името на Кенеди центарот


Центарот „Кенеди“ веќе почна да го става името на Доналд Трамп на зградата, иако се уште нема одобрение од Конгресот. Ова уследи откако  Белата куќа објави дека одборот на Центарот „Џон Ф. Кенеди“ едногласно го одобрил преименувањето во Центар Трамп-Кенеди. Одлуката му оддава почит на Трамп во обезбедувањето финансирање од над 250 милиони долари и …

Америка згрозена, Трамп си го додаде името на Кенеди центарот Read More »

Украинците ја изведоа светски познатата божиќна песна во бомбардирана електрана


Украинците ја изведоа светски познатата божиќна песна меѓу бетон, метал и уништена опрема. Длабоко трогателно. Украинскиот хор, по повод Божиќ, ја испеа „Шчедрик“ во машинската сала на електраната ДТЕК, уништена од руските напади. Откако почна војната на Русија против Украина, Киев донесе одлука Украина да го слави овој празник според западниот календар, т.е. заедно со …

Украинците ја изведоа светски познатата божиќна песна во бомбардирана електрана Read More »

МВР откри 155.000 парчиња пиротехника, три пати повеќе од лани


Над 155.000 парчиња пиротехнички средства се откриени годинава, што е трипати повеќе споредено со минатата 2024 година, истакна денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на показната вежба во центарот на Скопје, организирана од МВР во соработка со Црвениот крст и ученици од СУГС „Владо Тасевски“, каде преку реална симулација беа прикажани повреди од несоодветна …

МВР откри 155.000 парчиња пиротехника, три пати повеќе од лани Read More »

Николоски и Мисајловски на работна посета во Унгарија


Владина делегација во која се вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска се во работна посета на Унгарија. Како што соопшти владината прес-служба, за време на посетата министрите Мисајловски и Николоски остварија средби со главниот советник за национална безбедност, Марцел Биро и со Мате Лога, државен советник во …

Николоски и Мисајловски на работна посета во Унгарија Read More »

Мицкоски: Имам право да си кажувам Македонија


Околу реакциите од Грција за неговата изјава за употреба на името на државата, премиерот Христијан Мицкоски денес од посетата на „Алкалоид“  истакна дека за него името Македонија е свето  и  дека има слободно право на говор да си кажува како што мисли.  – Во принцип не сум човек што сака цензурирање или закани, така што …

Мицкоски: Имам право да си кажувам Македонија Read More »

Нека одлучи Уставниот суд, вели Мицкоски за претставката на СДСМ


Премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи ја поднесената претставка на СДСМ за изгласаната Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција, истакна дека тој нема да коментира и остава Уставниот суд да донесе одлука за оваа иницијатива. -Јас немам коментар. Сепак, тука е Уставниот суд. Уставниот суд е тој кој …

Нека одлучи Уставниот суд, вели Мицкоски за претставката на СДСМ Read More »

Зелен хуман град бара дислокација на „Усје“


Зелен хуман град до Советот на Град Скопје поднесе иницијатива за дислокација на Цементарница „Усје“. -Предлагаме Советот јасно да заземе став дека на тешка и високозагадувачка индустрија не ѝ е местото во густо населено подрачје и дека „Усје“ мора да биде дислоцирана надвор од Скопје и надвор од кое било населено место Со Иницијативата се …

Зелен хуман град бара дислокација на „Усје“ Read More »

СДСМ: САД највуваат закон за санкции за Србија со Вучиќ – дали Мицкоски мирно спие?


СДСМ реагираат на уисвојувањето на новиот Закон за демократија и просперитет во Западен Балкан, кој беше усвоен во Претставничкиот дом на Американскиот Конгрес минатата среда. Според нив, посебен фокус се става на состојбите во соседна Србија, особено состојбата на демократијата која е оценета како „загрижувачка“, поради авторитарната контрола, но и корупцијата. -САД реагираат дека власта …

СДСМ: САД највуваат закон за санкции за Србија со Вучиќ – дали Мицкоски мирно спие? Read More »

Кого сега ќе спасува власта?


Премиерот Христијан Мицкоски се прошета деновиве на самит во Брисел и оттаму, место информација што прави за да се одблокира членството на Македонија, нѐ удостои повторно со голи фрази и празна реторика. Клучната порака беше дека Македонија одамна заслужува да биде интегрирана во Европската унија, што е на линија на квази кампањата дека стоиме на …

Кого сега ќе спасува власта? Read More »

Хегсет за регрутирањето нови војници: Премногу се дебели или премногу глупави


„Премногу дебели или премногу глупави“. Со овие зборови шефот на Пентагон, Пит Хегсет, зборуваше за тешкотиите при регрутирање на Американците во војската. „Премногу од нашите млади луѓе се премногу дебели или премногу глупави… Не глупави — тоа е погрешен збор. Едноставно не ги образуваме доволно добро, или имаат ADHD или други проблеми“, рече Хегсет.