ОН: Франција сериозно да се позанимава со расизмот во полицијата


Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации денеска соопшти дека е загрижена поради убиството на тинејџер од страна на полицијата, што предизвика немири низ Франција. „Ова е момент земјата сериозно да се позанимава со прашањето на расизмот и расната дискриминација во полицијата“, рече портпаролката на Канцеларијата за човекови права на ОН, Равина Шамдасани. Таа го …

ОН: Франција сериозно да се позанимава со расизмот во полицијата Read More »

Лани регистрирани 662 дивоградби


На територијата на државава лани се регистрирани 662 бесправно изградени објекти, објави денеска Државниот завод за статистика. Според видот на објектот, бесправно се изградени 111 објекти за домување (16,8 проценти), 101 доградба, надградба и адаптација (15,3 проценти), 58 деловни објекти (8,8 проценти), 94 гаражи (14.2 проценти), 125 огради (18,9 проценти), пет скалила (0,8 проценти), 19 …

Лани регистрирани 662 дивоградби Read More »

Граѓански организации бараат да престане притисокот врз тие што се борат против корупцијата


Платформата на граѓански организации за борба против корупција бара од претставниците на Владата на Македонија да престанат со креирање притисок врз независните институции кои работат во областа на борбата против корупцијата и да обезбедат нивно непречено работење и остварување на нивните надлежности. Напоменуваме дека критики за исполнување на надлежностите на која било институција се добронамерни …

Граѓански организации бараат да престане притисокот врз тие што се борат против корупцијата Read More »

Против Македонија покренати арбитражни постапки што можат да не чинат над милијарда евра


Ако Македонија ги изгуби покренатите арбитражните постапки  по склучените и ратификувани меѓународни договори  ќе треба да плати повеќе од една милијарда евра оштети – констатира Државниот завод за ревизија во извештајот што го објави денес за работењето на Владата во 2021 година. За какви арбитражни постапки станува збор не се наведува, но сумата, според ДЗР, …

Против Македонија покренати арбитражни постапки што можат да не чинат над милијарда евра Read More »

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ излегоа од седницата со пратенички прашања


Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ излегоа од денешната седница со пратенички прашања, и порачаа дека ќе се вратат кога ќе почнат усните прашања. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицески на почетокот од седницата го обвини парламенатрното мнозинство дека сака да избега од пратенички прашања. -Власта преку смислено сценарио ќе се обиде да избегне како ѓавол …

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ излегоа од седницата со пратенички прашања Read More »

Просечната камата на кредитите во мај 5,09 проценти, на депозитите 1,22 процени


Просечната каматна стапка на вкупните кредити во мај годинава бележи раст и изнесува 5,09 проценти, а на вкупните депозити 1,22 проценти, објави денеска Народната банка.  Според НБ, просечната каматна стапка на вкупните кредити во мај година е со месечен и годишен раст од 0,01 п.п, односно 0,81 п.п. Кај вкупните депозити зголемувањето на просечната каматна …

Просечната камата на кредитите во мај 5,09 проценти, на депозитите 1,22 процени Read More »

Радев уверува: Не поставуваме нови услови за Скопје


Бугарија не поставува нови услови на патот на евроинтеграцијата на Македонија, но инсистира да се исполнат веќе презементи обврски во Преговарачката рамка, усвоена минатата година, вели бугарскиот претседател Румен Радев. Тој  уверува дека Софија најсилно ја посакува интеграцијата на Северна Македонија во Европската Унија, но дека претходно мора да ги спроведе преземените обврски. – Прашањето …

Радев уверува: Не поставуваме нови услови за Скопје Read More »

Уставниот суд ќе расправа за Упатството за водење на матичните книги на 5 јули


Предметот во кој се оспоруваат законските измени и дополнување на Упатството за водење на матичните книги ќе биде ставен на дневен ред на седницата на Уставен суд закажана за 5 јули 2023 година. Како што информираат од Уставен суд, за предметот што тие го оформија по сопствена иницијатива поради сомнеж за неуставност, иницијатива поднела и …

Уставниот суд ќе расправа за Упатството за водење на матичните книги на 5 јули Read More »

Русите се евакуираат од Запорожје, Украинците тврдат дека нуклеарката е подготвена за уништување


Руските окупациски сили стационирани во нуклеарната централа Запорожје „постепено го напуштаат“ објектот  поради зголемена закана од руски диверзантски напад, објави украинското воено разузнавање на 30 јуни. Меѓу првите кои ја напуштија станицата беа тројца службеници од руската државна нуклеарна компанија Росатом, кои раководеа со персоналот инсталиран од Русија во централата, се вели во извештајот. Украинските …

Русите се евакуираат од Запорожје, Украинците тврдат дека нуклеарката е подготвена за уништување Read More »

Паднала наредба да се убие Пригожин


Федералната служба за безбедност на Руската Федерација добила задача да го убие шефот на приватната воена група „Вагнер“, Евгениј Пригожин. Оваа информација ја објави Киев Пост, повикувајќи се на началникот на Главната разузнавачка служба на Министерството за одбрана, Кирило Буданов. „Свесни сме дека ФСБ има задача да го убие Пригожин. Дали ќе успеат? Само времето …

Паднала наредба да се убие Пригожин Read More »

Виктор Орбан до Брисел: Каде ви се парите?


Унгарскиот премиер Виктор Орбан два дена води кампања против ЕУ на Твитер прашувајќи го Брисел каде му се парите и тврдејќи дека земјите членки треба да дадат дополнителни милијарди евра придонес во ЕУ буџетот бидејќи во спротивно Унијата ќе банкротира. Според него тоа што требало да биде буџет за седум години ЕУ го потрошила само …

Виктор Орбан до Брисел: Каде ви се парите? Read More »

Самит ЕУ: Полска и Унгарија ги блокираа заклучоците за миграцијата


Лидерите на земјите-членки на Европска Унија на првиот ден од Самитот на ЕУ не се договорија за текстот на заклучоците за миграцијата, поради ставот на Унгарија и на Полска. Дебатата за миграцијата прекина час и половина по полноќ и денеска лидерите повторно ќе дебатираат. Унгарија и Полска се против заедничкиот став што министрите за внатрешни …

Самит ЕУ: Полска и Унгарија ги блокираа заклучоците за миграцијата Read More »

Рускиот генерал Суровкин бил член на Вагнер


Рускиот генерал Сергеј Суровикин бил таен член на приватната воена компанија Вагнер, покажуваат документите до кои дојде CNN. Документите покажуваат дека Суровикин имал личен регистарски број во Вагнер. Суровикин е наведен заедно со најмалку 30 други високи руски воени и разузнавачки функционери, кои се исто така членови на ВИП Вагнер. Суровикин не е виден во …

Рускиот генерал Суровкин бил член на Вагнер Read More »

Туристот што пишуваше имиња на Колосеумот бил Бугарин


Турист кој го издлаби своето и името на неговата девојка на  2000 години стариот Колосеум  е фитнес инструктор кој живее во Велика Британија, но по потекло е Бугарин, открива MailOnline. 27-годишниот Иван Димитров, кој исто така го носи името Иван Хокинс, беше фатен на камера како ги издлабува зборовите „Иван и Хејли 23“  на Колосеумот …

Туристот што пишуваше имиња на Колосеумот бил Бугарин Read More »

Топлотниот бран во Мексико усмрти најмалку сто луѓе


Најмалку сто луѓе починаа во изминатите две недели во Мексико поради топлото време. Температурата на воздухот во некои делови од земјата се искачи приближно до 50 степени Целзиусови, соопшти Министерството за здравство. Тринеделниот топлотен бран овој месец ја оптовари електричната мрежа со рекордна потрошувачка, а во некои области е прекината и наставата. Повеќе од две …

Топлотниот бран во Мексико усмрти најмалку сто луѓе Read More »

Мицковски објави: Од денеска не важат понудите на ВМРО-ДПМНЕ до премиерот Ковачевски


Четири недели Ковачевски имаше можност да избере меѓу двете наши понуди, но од денеска тие веќе не важат и има само една опција – предвремени парламентарни избори, соопшти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски. Во вечерашното интервју на Канал 5, тој рече дека не само што власта и опозицијата не преговараат, туку и се многу далеку …

Мицковски објави: Од денеска не важат понудите на ВМРО-ДПМНЕ до премиерот Ковачевски Read More »

МПЦ бара да престане унаказувањето на образовниот систем со родовата идеологија


Еве не, чедата на МПЦ, собрани заедно со претставници на сите цркви и верски заедници за да им кажеме ДА на животот и на светоста на семејството оформено од еден маж и една жена, за да кажеме дека ќе ги браниме нашите најмили – децата од неприфатливи и нагрдувачки нови идеологии. Собрани сме за достоинствено …

МПЦ бара да престане унаказувањето на образовниот систем со родовата идеологија Read More »

ДЗР: Македонија нема енергетска сигурност на долг рок


Мерките и активностите што се преземаат од надлежните институции во енергетскиот сектор не се доволно ефикасни за да обезбедат сигурност и одржливост во обезбедувањето струја на долг рок, констатира Државниот завод за ревизија (ДЗР) во најновиот извештај „Подготвеност на енергетскиот систем да се справи со енергетска криза“. Државата располага со ограничени необновливи енергетски ресурси и …

ДЗР: Македонија нема енергетска сигурност на долг рок Read More »

По немирите во Франција ќе бидат распоредени 40.000 полицајци


Франција е зафатена од бран немири и нереди откако полицаец уби 17-годишно момче кое не успеало да го запре автомобилот по наредба на сообраќајната полиција. Од непосредна близина пукал тинејџерот Наел М., кој претходно одбил да го запре возилото. Тоа предизвика масовни протести и немири ширум Франција, а министерот за полиција Жерар Дарманин најави дека …

По немирите во Франција ќе бидат распоредени 40.000 полицајци Read More »

Хонге: Направете ги уставните измени за да ѝ речеме на Бугарија да престане да ве малтретира


  Време е ЕУ да направи место за Северна Македонија за таа да стане членка на Унијата – порача во интервју за „Независен“ Карстин Хонге, заменик-спикер на президиумот на данскиот национален парламент од редовите на Социјалистичката народна партија, која е дел од европските зелени партии. Неговата препорака е што побргу да се усвојат уставните промени, …

Хонге: Направете ги уставните измени за да ѝ речеме на Бугарија да престане да ве малтретира Read More »