Голем пожар кај Александропулос, патот Егнација е затворен


На граѓаните во седум села во регионот на Еврос, североисточна Грција, денеска им беше кажано да се евакуираат во порака испратена преку бројот за итни случаи 112 поради шумски пожар што избувна претходно во текот на денот во близина на градот Александрополис, пишува Екатимерини. Прво им беше порачано на жителите на Нипса, Етохори и Пефка да …

Голем пожар кај Александропулос, патот Егнација е затворен Read More »

Сточарите најавуваат повисока цена на сирењето за 30 отсто


Повисока цена за 30 отсто ќе има домашното сирење. Група сточари од Брегалничкиот Регион најавуваат дека повисоката цена на сирењето без додатоци, кое го произведуваат во своите млекарници на бачилата, ќе ја направат најдоцна до 1 септември. Причините за зголемувањето на цената е тоа што нема работници, но и климатските промени придонесуваат кон тоа затоа …

Сточарите најавуваат повисока цена на сирењето за 30 отсто Read More »

УЕФА го казни Динамо, му забрани гостински навивачи цела сезона


Динамо Загреб беше пред победа во Атина, а доживеа шокантна елиминација од АЕК, а  дополнително УЕФА му забрани да има свои навивачи на гостинските мечеви од Европа. Хрватскиот гигант синоќа имаше кошмарна ноќ, беше елиминиран од АЕК со два гола во судиското продолжение од натпреварот. Тоа не беше единствената лоша вест за Динамо, брзо по …

УЕФА го казни Динамо, му забрани гостински навивачи цела сезона Read More »

На Табановце и Богородица за влез и излез се чека половина час


На граничните премини Табановце и Богородица времето на чекање за влез и излез од државата изнесува околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Како што соопшти АМСМ, сообраќајот на патиштата низ државата се одвива непречено по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на …

На Табановце и Богородица за влез и излез се чека половина час Read More »

Платениците на „Вагнер“ ја напуштаат Белорусија, малку ги плаќале


Над илјада платеници од групата „Вагнер“ ја напуштија Белорусија, бидејќи не се задоволни од платата, извести Украинскиот национален центар за отпор (NCS). Извори од Белорусија за Центарот изјавија дека бројот на борци од „Вагнер“ е намален од 5.800 до 4.400 луѓе. Според извештајот, причината е „недостигот на финансии од Русија“. Незадоволни  од нивните приходи, платениците  …

Платениците на „Вагнер“ ја напуштаат Белорусија, малку ги плаќале Read More »

Цените на пазарите никако да паднат, прескапо е и за иселениците


Цените на пазарите во однос на лани  се за речиси 40 отсто повисоки, велат граѓаните анкетирани од ТВ21. Високи цени се забележуваат кај сите видови овошје и зеленчук, иако  сме на крајот на август и вообичаено се пониски. И иселениците ги чувствуваат овие цени, не само локалните жители. -Овде цените се многу високи, јас бев …

Цените на пазарите никако да паднат, прескапо е и за иселениците Read More »

Психолошките последици од онлајн сексистичкиот говор на омраза се драматични


Сексизмот е распространет во сите сфери на општеството, па така и во онлајн-просторот, а еден од облиците на манифестирање говор на омраза се сексистичките коментари и навреди. Интернетот овозможува нова димензија на изразување и пренесување на сексизмот, особено на сексистичкиот говор на омраза кон пошироката публика. Тоа е секојдневен феномен, особено за многу жени и …

Психолошките последици од онлајн сексистичкиот говор на омраза се драматични Read More »

Бројот на депортирани од Германија се зголеми за речиси 27 отсто


Бројот на депортирани од Германија е зголемен за близу 27 отсто во првата половина од оваа година во однос на истиот период во 2022 година, покажуваат информациите подготвени како резултат на парламентарната истрага на партијата „Левица“ до германското Министерство за внатрешни работи, јави ДПА. Вкупно 7.861 депортација се случиле во првите шест месеци од годината, …

Бројот на депортирани од Германија се зголеми за речиси 27 отсто Read More »

Почна обуката на украинските пилоти за летање со американските Ф-16


Обуката за Украинци да управуваат со американски борбени авиони Ф-16 започна, но ќе трае најмалку шест месеци, а можеби и подолго, рече министерот за одбрана Олексеј Резников, два дена откако американски официјален претставник потврди дека Ф-16 ќе бидат префрлени во Украина по завршувањето на пилотска обука. Резников во телевизиско интервју рече дека шестмесечната обука се …

Почна обуката на украинските пилоти за летање со американските Ф-16 Read More »

Сончево и многу топло, максималните температури од 31 до 38 степени


Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност и услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието попладне ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе …

Сончево и многу топло, максималните температури од 31 до 38 степени Read More »

Спасени пет лица од едрилица во Охридското Езеро откако сопственикот изгубил контрола


Пет лица кои биле на едрилица во водите на Охридското Езеро се спасени од езерската полиција откако сопственикот изгубил контрола над едрилицата поради невремето.  Министерството за внатрешни работи соопшти дека веднаш по добивањето на пријавата околу 19 часот полициски службеници од полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ излегле на терен и околу 19:25 часот …

Спасени пет лица од едрилица во Охридското Езеро откако сопственикот изгубил контрола Read More »

Уставните измени се блокирани, што сега?


Македонскиот парламент не ја изгласа вчера потребата за уставни измени со кои Бугарите треба да станат дел од Уставот на Македонија, или што би рекол Антонио Милошоски – и покажаа среден прст на Софија и на нејзините барања. За волја на вистината, гласање воопшто и немаше, па останува да им се верува на пораките од …

Уставните измени се блокирани, што сега? Read More »

Ковачевски не се откажува од уставните измени


Премиерот Димитар Ковачевски, на специјална прес конференција по расправата во Собранието за уставните измени, рече дека процесот започнал денес со полн состав на пратениците. Според него, станало кристално јасно кој сака Македонија да стане членка на ЕУ а кој сака да ја блокира, но најави дека проевропската коалиција ќе направи се за да ја тргне …

Ковачевски не се откажува од уставните измени Read More »

Скопјанец ги силувал двете малолетни ќерки


На 17 август полициски службеници од Полициската станица Чаир го лишиле од слобода Ф.Х. од Скопје, постапувајќи по пријава добиена истиот ден според која тој, пред повеќе години, извршил обљуба врз неговите, тогаш малолетни ќерки. Во службен разговор во полициска станица тој ги признал делата. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена …

Скопјанец ги силувал двете малолетни ќерки Read More »

Сестрата што крадеше цитостатици викната на распит во Обвинителството


Јавното Обвинителство упатило покана за распит до 29-годишната медицинска сестра за која има кривични пријави дека во два наврати, во 2020 година и во 2023 година крадела цитостатици од Клиниката за радиотерапија и онкологија, пишува „Слободен печат“. Од поднесувањето на кривичната пријава досега поминаа шест месеци. „Во двата предмети против споменатата медицинска сестра постапката е …

Сестрата што крадеше цитостатици викната на распит во Обвинителството Read More »

ВМРО-ДПМНЕ: Измени нема, но избори мора да има


Уставни измени не се прават врз основа на натурање и диктат. Уставни измени под диктат нема да има, но предвремени парламентарни избори мора да има, порача денеска координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски. -По цела година сеење магла од страна на власта излезе на виделина дека во Собранието нема двотретинско мнозинство за уставни …

ВМРО-ДПМНЕ: Измени нема, но избори мора да има Read More »

Расправата за уставните измени заврши, Џафери не го послуша Мицевски за гласањето


Расправата за промените на Уставот се исцрпи откако по говорот на премиерот Димитар Ковачевски се јавија за збор уште десетина пратеници. Иако координаторот на ВМРО-ДПМНЕ бараше гласањето да не се одложува, нешто што е дозволено деловнички, но според него не е демократски претседателот на парламентот сам за тоа да решава, Џафери експресно ја прекина седницата …

Расправата за уставните измени заврши, Џафери не го послуша Мицевски за гласањето Read More »

Мицевски го предупреди Џафери да не ги спречува да гласаат


Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицески, кој не зборуваше во расправата за уставните измени, но бараше процедурално обраќање, го повика претседателот на Собранието Талат Џафери, по „европскиот тек на расправата“ да дозволи демократски епилог – односно да не ја затвора седницата без да се гласа за предлогот.  Според Мицевски, Македонија треба да покаже дека го заслужува …

Мицевски го предупреди Џафери да не ги спречува да гласаат Read More »

Ковачевски ги нарече политиканти и заштитници на статус кво противниците на уставните промени


Да донесеме одлука, да чекориме, а не да стоиме. Да дојдеме до членство во ЕУ во 2030 година, порача од собраниската говорница денес премиерот Димитар Ковачевски, образложувајќи ги аргументите за уставните промени, за кои почна расправата. Тој нагласи дека предлогот за уставни промени е наш, македонски, напишан во нашата држава, отфрлајќи ги тезите дека има …

Ковачевски ги нарече политиканти и заштитници на статус кво противниците на уставните промени Read More »