Вучиќ ги пробувал звучните топови на кучиња


Српски документи потврдуваат дека администрацијата на претседателот Александар Вучиќ спровела експерименти со моќни звучни уреди, колоквијално наречени „звучни топови“, околу две недели откако антивладиниот протест во Белград беше прекинат од, како што тврдат демонстрантите, разорен звучен удар, пишува „Политико“. Уредите за далекусежна акустика (LRAD) формално се промовираат како средства за комуникација на големи растојанија, но …

Вучиќ ги пробувал звучните топови на кучиња Read More »

Фирма нелегално вршела поштенски услуги и криумчарела пратки


Царински инспектори од Одделението за истраги, во координирана акција со МВР, УЈП, Агенцијата за пошти и Државниот пазарен инспекторат, извршија претрес на фирма која нелегално вршела меѓународни поштенски услуги и криумчарела стока. Во моментот на претресот беа пронајдени вкупно 166 поштенски пратки со разновидна стока, со вкупна вредност од речиси 240 илјади денари. Пронајдената криумчарена …

Фирма нелегално вршела поштенски услуги и криумчарела пратки Read More »

Иран негира дека ќе егзекутира и дека Солтани е осуден на смрт


Иранското судство ги негираше извештаите дека демонстрантот Ерфан Солтани е осуден на смрт, објавија иранските државни медиуми. Солтани претходно беше наведен како прв демонстрант во Иран кој ја доби најстрогата казна од почетокот на сегашните немири. Неговото семејство претходно изјави дека им било кажано дека егзекуцијата е одложена. Иранското судство објави дека 26-годишниот Ерфан Солтани, …

Иран негира дека ќе егзекутира и дека Солтани е осуден на смрт Read More »

Мицкоски: Техничката влада ќе се укине, СДСМ да каже дали на следните или на изборите по нив


  Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, по тричасовната лидерска средба на која не учествуваа лидерите од коалицијата на СДСМ, соопшти дека постигнале согласност оти техничката влада треба да стане минато, т.е. да се укине. Иако одлуката може да се донесе со 61 глас, Мицкоски порача дека не сака решенија „на сила“ и му понуди компромис  …

Мицкоски: Техничката влада ќе се укине, СДСМ да каже дали на следните или на изборите по нив Read More »

Општините потрошиле речиси 800.000 евра за новогодишно украсување, рекордер Штип


Центарот за граѓански комуникации објави истражување за новогодишното украсување во општините според кое тендерски постапки за таа цел спровеле 36 општини. -Во најголем дел, тендерите за новогодишно украсување ги спровеле самите општини, а во помал дел, овие тендери ги спровело некое од нивните локални јавни претпријатија. 31 од овие 36 општини доставиле податоци за склучените …

Општините потрошиле речиси 800.000 евра за новогодишно украсување, рекордер Штип Read More »

За 12 години во Србија заменети речиси сите судии и повеќе од половината обвинители


Во изминатите 12 години во Србија речиси 95 отсто од судиите и околу 60 отсто од обвинителите се заменети, објави денеска српскиот весник „Данас“. Според податоците што ги доби „Данас“ од двата врховни органи што ја контролираат работата на судството и обвинителството во Србија – Високиот совет на судството (ВСС) и Високиот совет на обвинителството …

За 12 години во Србија заменети речиси сите судии и повеќе од половината обвинители Read More »

Просечната плата поголема за 10 отсто, приходите намалени: Што се случи во буџетската каса во 2025?


  Со нови амбициозни буџетски планови почна 2026 – повеќе приходи од данок на доход, данок на добивка, акциза пишува Порталб. Но колку овие владини “математики“ ќе се остварат ако се знае дека ланската година заврши со потфрлување на буџетските приходи за 8%. Владата ќе го засилува системот на наплата, под “лупа“ и даночните ослободувања, …

Просечната плата поголема за 10 отсто, приходите намалени: Што се случи во буџетската каса во 2025? Read More »

Трамп покажа среден прст на вработен во Форд


мериканскиот претседател Доналд Трамп му покажал среден прст на работник додека бил во обиколка на фабрика на Форд во Мичиген во вторникот. Инцидентот се случил во услови на растечки притисок врз Белата куќа за објавување на тајни досиеја за Џефри Епштајн.Видеото до кое дојде TMZ прикажува лице како вика во правец на Трамп, иако не …

Трамп покажа среден прст на вработен во Форд Read More »

Баро: Репресијата во Иран е веројатно најсуровата во современата историја на земјата


Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро денеска изјави оти официјален Париз се сомнева дека репресиите на иранските власти врз демонстрантите се најсуровите во современата историја на таа земја. – Се сомневаме дека ова се најжестоките репресии во современата историја на Иран и тие апсолутно мора да престанат, нагласи Баро. Француските власти во неколку наврати …

Баро: Репресијата во Иран е веројатно најсуровата во современата историја на земјата Read More »

Рекорден буџетски дефицит во САД за декември


 Буџетскиот дефицит на федералната влада на САД во декември минатата година достигна рекордна сума од 145 милијарди долари, покажуваат најновите податоци на американското Министерство за финансии. Ова претставува зголемување од 67 отсто, односно 58 милијарди долари повеќе во споредба со истиот месец претходната година. Според извештајот, овој негативен тренд се должи на невообичаено високите трошоци …

Рекорден буџетски дефицит во САД за декември Read More »

Француската влада денеска пред две гласања за недоверба во парламентот


Француската малцинска влада денеска ќе се соочи со две гласања за недоверба во парламентот поднесени во контекст на споровите за договорот за слободна трговија меѓу ЕУ и јужноамериканскиот економски блок Меркосур, јави ДПА. Пратениците попладнево ќе расправаат за предлозите поднесени од десничарската партија Национален сојуз на Марин Ле Пен и од левичарската Непокорена Франција. Набљудувачите …

Француската влада денеска пред две гласања за недоверба во парламентот Read More »

Пицула: Не е точно дека доаѓаме непоканети во Белград


Известителот на Европскиот парламент за Србија, Тонино Пицула, реагира на изјавата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кога тој рече дека Србија не сака да се сретне со претставници на делегацијата на Европскиот парламент (ЕП) затоа што доаѓаат непоканети во Белград. Пицула за ТВ „Нова“ изјави дека не е вистина оти делегацијата на ЕП доаѓа …

Пицула: Не е точно дека доаѓаме непоканети во Белград Read More »

Николај Младенов и уште еден Бугарин ќе управуваат со Газа со поддршка од САД


Вашингтон се подготвува да објави нова структура на управување за Појасот Газа во среда, бидејќи администрацијата на претседателот Доналд Трамп се обидува да премине во следната фаза од договорот за прекин на огнот, и покрај скептицизмот од сојузниците и недостатокот на широка меѓународна поддршка и финансирање досега, според анализата на „Фајненшл тајмс“. Американските и израелските …

Николај Младенов и уште еден Бугарин ќе управуваат со Газа со поддршка од САД Read More »

Брутална пресметка: Стотици повредени во очи само во една иранска болница


Офталмолог во Техеран документирал повеќе од 400 повреди на очите од истрели во една болница, додека преоптоварениот медицински персонал се бори да се справи со жртвите од сè понасилното задушување на националните протести од страна на иранските власти. Тројца лекари, во пораките испратени до „Гардијан“, опишаа преоптоварени болници и оддели за итни случаи преполни со …

Брутална пресметка: Стотици повредени во очи само во една иранска болница Read More »

Раскол: Лимани место на координација на „Влен“, отишол на забава на ВМРО-ДПМНЕ


Сериозни политички турбуленции се случуваат во коалицијата ВЛЕН. Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, најверојатно ги напушта редовите на коалицијата и преминува кон партнерот во Владата, ВМРО-ДПМНЕ, пренесе „4њуз“. Според последните информации, јазот станал очигледен денеска, кога Лимани направил потег кој се толкува како дефинитивно вртење грб на матичната коалиција. Лимани денеска …

Раскол: Лимани место на координација на „Влен“, отишол на забава на ВМРО-ДПМНЕ Read More »

Владата ги десеткувала парите за културни проекти, извиси мултифункционалниот центар во Аеродром во кој се сликаа


Со потпис на премиерот Христијан Мицкоски, владата на 30 декември донела одлука да се намалат парите за проекти од областа на културата за единиците на локална самоуправа. Од планираните 135,5 милиони за тринаесет проекти, државата ги крати парите на 14,8 милиони денари. Од планираните проекти, пари останаа само за реконструкцијата на културниот дом „Ацо Караманов“ …

Владата ги десеткувала парите за културни проекти, извиси мултифункционалниот центар во Аеродром во кој се сликаа Read More »

Лицето што скрши стакло на бугарската амбасада – не е етнички Македонец


 Лицето што скрши стакло на вратата на бугарската амбасада во Скопје не бил етнички Македонец и бил бездомник. Ова го објави Петар Колев, лидер на бугарска политичка партија во Македонија, во интервју за бугарски медиум, во рамки на драматизирањата во соседната држава на овој настан, кој наводно е доказ за омразата што системски се создава …

Лицето што скрши стакло на бугарската амбасада – не е етнички Македонец Read More »

ФАЦ: Бугарскиот пример покажа зошто членството во ЕУ вреди


Еуфоријата во Бугарија беше прилично воздржана кога балканската земја стана членка на еврозоната на 1 јануари оваа година. Релативно мнозинство бугарски граѓани би претпочитале земјата да ја задржи својата стара валута – левотот. Според податоците од анкетата на Евробарометар објавени во декември, 49% од испитаниците во Бугарија се изјасниле против воведувањето на еврото, додека поддршката …

ФАЦ: Бугарскиот пример покажа зошто членството во ЕУ вреди Read More »

Ирански функционер тврдел дека 2.000 луѓе загинале во протестите


  Околу 2.000 луѓе, вклучувајќи припадници на безбедносните сили, загинале во антивладините протести во Иран, изјави еден ирански функционер за Ројтерс. ИIранскиот функционер кажа дека за смртта на демонстрантите и припадниците на безбедносните сили се виновни терористи, без да навлегува во детали. Најголемите немири во Иран во последните три години почнаа на 28 декември поради …

Ирански функционер тврдел дека 2.000 луѓе загинале во протестите Read More »

Алта банка стана сопственик на акциите на Мијалков


Алта банка стана сопственик и на пакетот акции што државата ги управуваше како конфискуван имот во поранешната Стопанска банка Битола, со што практично се затвора приказната околу уделот поврзан со случајот „Империја“, објави „Фактор“, повикувајќи се на податоци од Македонската берза. Станува збор за акции кои Агенцијата за управување со одземен имот ги понуди на …

Алта банка стана сопственик на акциите на Мијалков Read More »