Научници открија начин да го сопрат растот на клетките на ракот на дебело црево


Руски и меѓународни научници открија природен начин со кој може да се сопре растот на клетките на ракот на дебелото црево, соопштија истражувачите. Според нивните податоци, ензимот каспаза-2 не дозволува тумор клетките да „дишат“ и со тоа им ја одзема енергијата потребна за раст. Каспаза-2 порано смртоносно влијаела врз клетките, но новото истражување покажало дека …

Научници открија начин да го сопрат растот на клетките на ракот на дебело црево Read More »

ЗХГ: БРТ не смее да ги уништи „белите дробови“ на Скопје


Зелен хуман град реагира на изјавата  на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски дека кредиторот ЕБОР официјално го одблокирал проектот за БРТ кој предвидува првата траса од Ѓорче Петров до Ново Лисиче да минува низ средишната жардиниера на булеварот Партизански одреди, каде се наоѓа главната водоводна цевка во градот.„Зелен хуман град“ се противАт трасата да минува низ средишното …

ЗХГ: БРТ не смее да ги уништи „белите дробови“ на Скопје Read More »

Во Романија сега оган може да се пали само во кујна, Македонија ништо не научи од „Пулс“


  „Несреќите како во Кочани немаат крај за семејствата на загинатите и повредените, па и за граѓаните. Тие бараат долгорочна поддршка“, изјави државниот секретар во Министерството за внатрешни работи на Романија и прв човек на Одделот за вонредни ситуации (ДСУ), Раед Арафат, на денешната дебата организирана од романската амбасада во земјава, на тема „Букурешт – …

Во Романија сега оган може да се пали само во кујна, Македонија ништо не научи од „Пулс“ Read More »

Трамп објави расистичко видео – Обама прикажан како мајмун во џунгла


Американскиот претседател Доналд Трамп објави видео со теорија на заговор на социјалната мрежа Truth Social, на кое поранешниот претседател Барак Обама и неговата сопруга Мишел се прикажани како мајмуни, што предизвика остри осуди од истакнати демократи, објавија американските медиуми. Кон крајот на едноминутното вештачки генерирано видео, Обама се прикажани околу една секунда со нивните лица надредени …

Трамп објави расистичко видео – Обама прикажан како мајмун во џунгла Read More »

Обид за атентат во Москва: Застрелан висок руски генерал


Висок руски воен функционер, генерал-потполковник Владимир Алексеев, беше застрелан во Москва и итно префрлен во болница. Веста ја објавија државните медиуми, повикувајќи се на истражители, пишува Ројтерс . Според официјалните информации, непознато лице денес испукало неколку куршуми кон Алексеев во станбена зграда во северозападна Москва, а потоа го напуштило местото на нападот. Ранетиот генерал е итно …

Обид за атентат во Москва: Застрелан висок руски генерал Read More »

СДСМ: ВМРО го овозможи бизнисот со канабис, сега „брка вештерки“


  Помина една недела од објавувањето на големиот скандал со запленетите пет тони дрога во Србија, која во соседната земја влегла од Македонија, а институциите сè уште немаат одговор како овој товар поминал преку границата. Од СДСМ преку соопштение прашуваат кој ќе одговара за овој случај и кој од власта е вмешан во целиот процес. …

СДСМ: ВМРО го овозможи бизнисот со канабис, сега „брка вештерки“ Read More »

Ристоска: Очекувам да бидам државен јавен обвинител, не се пријавив да ги нервирам премиерот и власта


Очекувам да бидам избрана за државен јавен обвинителка , затоа и конкурив, порача во 24 Анализа обвинителката и кандидатка за државен јавен обвинител Ленче Ристоска. Ристоска и покрај „војната“ во која е со премиерот и ВМРО ДПМНЕ тврди дека очекува мнозинството на ВМРО ДПМНЕ да ја избере . „Не се пријавив да ја нервирам власта, …

Ристоска: Очекувам да бидам државен јавен обвинител, не се пријавив да ги нервирам премиерот и власта Read More »

Демократски сојуз бара итна забрана на производство на марихуана


Демократскиот сојуз денеска побара македонското Собрание по скратена постапка да донесе измена на законите со кои ќе се забрани производство на марихуана (Cannabis sativa) за наводни медициски цели. Во партиското соопштение се наведува дека досега, од 2017 година надлежното Министерство за здравство, во соработка со други институции (Министерство за земјоделство, Меѓуресорската комисија и други) издало 61 …

Демократски сојуз бара итна забрана на производство на марихуана Read More »

Неофицијално запленети 27 тони марихуана во вчерашната акција


  Македонските безбедносни органи спроведоа акција во која се запленети 27 тони марихуана, поврзана со претходен шверц во Србија. Истрагата е насочена кон злоупотреба на лиценците за медицински канабис од страна на компанијата „Алфафарм“, отворајќи прашања за системските пропусти во контролата на овој бизнис сектор. Операцијата резултираше со одземање на вкупно околу 27 тони марихуана. …

Неофицијално запленети 27 тони марихуана во вчерашната акција Read More »

Амбасадорката на ЕУ и порача на Захарова: Исмевањето на страдањата на цивилите не е дипломатија!


Амбасадорката на ЕУ во Киев, Катерина Матернова, возврати на примитивниот недипломатски напад на портпаролката на Кремљ, Марија Захарова, која објави нејзина фотографија како се крие од руските напади во купатилото.  „Ме нападна портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, на социјалните мрежи.Не само како амбасадор на ЕУ, туку и како жена. Причината е …

Амбасадорката на ЕУ и порача на Захарова: Исмевањето на страдањата на цивилите не е дипломатија! Read More »

Мицкоски пред амбасадорите на ЕУ: Да нема дилема, избори нема да има!


  Премиерот Христијан Мицкоски на брифинг со амбасадорите од ЕУ во Скопје денеска порача дека избори оваа година нема да има и дека владата е фокусирана на реформската агенда. „Нема да имаме избори оваа година. За да немаме дилема, бидејќи често пати дел од вас ме прашуваат дали ќе имаме избори, еве самата оваа амбициозна …

Мицкоски пред амбасадорите на ЕУ: Да нема дилема, избори нема да има! Read More »

Европските социјалдемократи бараат ЕПП да го исклучи Јанша како „тројански коњ“ на Трамп


Социјалистите и социјалдемократите од ЕУ бараат од Европските народни партии да го исклучат од членство Јанез Јанша оценувајќи го како закана за демократијата на Европа, поради поврзаноста со крајно десничарските сили наклонети на Доналд Трамп, „кој се стреми да ја ослабне, потчини, па дури и да ја купи Европа“. Ираче Гарсија, лидерка на Групата на …

Европските социјалдемократи бараат ЕПП да го исклучи Јанша како „тројански коњ“ на Трамп Read More »

Обвинителството отвори истрага за протестите против „Безбеден град“


Јавното обвинителство, во тесна соработка со МВР, отвори истрага за случувањата на неодамнешните протести против проектот „Безбеден град“, по серијата наводи за закани кон полициски службеници. Веќе се дадени насоки да се испита дали говорот и однесувањето на учесниците ги исполнуваат елементите за тешки кривични дела против државата и јавниот ред. Фокусот на истрагата е …

Обвинителството отвори истрага за протестите против „Безбеден град“ Read More »

Филипче за протестите за возачки дозволи: Владата треба да најде решение кога има немир кај граѓаните


Претседателот на СДСМ, Венко Филипче смета дека протестите на дел од граѓаните поврзани со возачките дозволи и системот „Сејф сити” не се начин за решавање на проблемите, но дека Владата има обврска да понуди институционални и законски решенија за сите категории граѓани. „Сметам дека протестите не се начинот да се бара решението. Ние кажавме на …

Филипче за протестите за возачки дозволи: Владата треба да најде решение кога има немир кај граѓаните Read More »

Филипче предложи закон за зголемување на минималната плата


Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска го презентираше предлог-законот за зголемување на минималната плата на 37.000 денари (600 евра), нагласувајќи дека власта има доволно пари во Буџетот доколку ги скрати трошоците за сопствен комфор. Според Филипче, за оваа мерка се потребни околу 120 милиони евра, сума која лесно може да се обезбеди од ставките за …

Филипче предложи закон за зголемување на минималната плата Read More »

Септичка јама и хаос: Руската врска во аферата Епштајн


Во оваа експлозивна статија, француската историчарка Франсоаз Том ги истакнува блиските односи помеѓу покојниот финансиер Џефри Епштајн и таткото на неговата соучесничка Гислен, Роберт Максвел, покојниот британски новински магнат, од една страна, и горните ешалони на советската, а потоа и руската моќ од друга страна. Ова покренува вознемирувачко прашање: што ако ФСБ го држи озлогласениот …

Септичка јама и хаос: Руската врска во аферата Епштајн Read More »

Семејствата на жртвите во „Пулс“ тврдат дека има обиди да се влијае на сведоците


Семејствата на жртвите од пожарот во дискотеката „Пулс“ денеска изнесоа сериозни обвинувања за обиди за влијание врз судската постапка. Пред почетокот на денешното рочиште, Јулија Златкова, мајка на трагично загинатиот Томас Златков, алармираше дека сведоци на Обвинителството се соочуваат со притисоци. Според наводите на семејствата, во затворот се овозможувало користење на мобилни телефони за комуникација …

Семејствата на жртвите во „Пулс“ тврдат дека има обиди да се влијае на сведоците Read More »

Пожарникарите пристигнале во „Пулс“ пет минути по дојавата за пожар


Командирот на противпожарната едница Кочани, Драган Апостолов на денешното судење за „Пулс“ кажа дека ноќта на кобниот настан бил дома кога добил телефонски повик во 2:47 за пожар во дискотеката, по што ги известил и повикал сите команданти на смена, а побарал и помош од Противпожарната Виница, Штип, Свети Николе и Пробиштип за да помогнат …

Пожарникарите пристигнале во „Пулс“ пет минути по дојавата за пожар Read More »

До Советот сѐ уште не стигнале пријавите од кандидатите за државен јавен обвинител


До Советот на јавни обвинители сѐ уште не се доставени пријавите од кандидатите кои конкурирале на огласот за избор на нов Јавен обвинител. Претседателот на Советот, Башким Бесими, изјави дека ќе постапи веднаш штом пријавите формално стигнат во законски предвидениот рок. -До овој момент сѐ уште не стигнале пријавите на кандидатите. Кога ќе стигнат, во …

До Советот сѐ уште не стигнале пријавите од кандидатите за државен јавен обвинител Read More »

Гаши на средба со заменик помошникот секретар во Стејт Департментот


За време на работната посета на Вашингтон, претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со Даниел Џ. Лотон, заменик-помошник секретар во Бирото за европски и евроазиски прашања на Стејт департментот на САД. На оваа средба беше потврдено непоколебливото партнерство меѓу двете земји, изградено врз заеднички демократски вредности, посветеноста на владеењето на правото, борбата против корупцијата …

Гаши на средба со заменик помошникот секретар во Стејт Департментот Read More »