Обвинет во “Делчевски ниви” стана нов директор на ЕВН Хоме


  Мирослав Митровски, синот на поранешниот градоначалник на Ѓорче Петров – Сокол Митровски и претходно „отпишан“ како вовлечен во аферата „Делчевски ниви“ без обвинителска разрешница, е назначен за нов директор на универзалниот снабдувач и наплатувач на електрична енергија за домаќинствата на регулираниот пазар ЕВН Хоме, пренесува „Фактор“. Вчера доцна попладне Централниот регистар објави промена дека …

Обвинет во “Делчевски ниви” стана нов директор на ЕВН Хоме Read More »

Левица бара владата на Македонија да го оспори пописот во Албанија


Левица бара македонската влада да го оспори пописот во Албанија и да побара од Тирана нашето малцинство да добие ресипроцитетен третман, како албанското малцинство во нашата држава. „Бугаризацијата на Македонците во повеќе општини во Албанија, како дел од заедничките цели на  Софиската и Tиранската платформа, на пописот во соседна Албанија, Еди Рама ја спроведе успешно. …

Левица бара владата на Македонија да го оспори пописот во Албанија Read More »

Максим Димитриевски се закани со излегување од владата


Градоначалникот на Куманово и лидер на движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски упати предупредување дека неговиот политички субјект ќе ја напушти владеачката гарнитура доколку се повтори ситуацијата од минатата недела, кога албанско знаме осамна во Владата на координацијата на првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити со министрите од коалицијата ВЛЕН. -Ќе реагирам исто како …

Максим Димитриевски се закани со излегување од владата Read More »

Орбан во изненадувачка посета на Киев


Унгарскиот премиер Виктор Орбан изненадувачки пристигна во Киев на разговори за украинско-унгарските односи со неговиот домаќин, претседателот Володимир Зеленски. Посетата на Орбан, кој е отворен критичар на западната воена помош за Украина, доаѓа по еден ден од унгарското преземање на ротирачкото претседателството со Европсклата Унија (ЕУ). „Најважна тема на разговорите ќе биде прилика за создавање …

Орбан во изненадувачка посета на Киев Read More »

Ревизорот утврди алармантен одлив на таленти од Македонија


Македонија губи дури 8,34 отсто од Бруто општествениот производ секоја година како резултат на масовниот одлив на мозоци од земјата – утврди Државниот завод за ревизија во најновиот извештај за мерките што ги презеле владите досега да се спречи оваа појава. Според ДЗР, одливот на таленти е алармантен  и, според сите светски организации, Македонија е …

Ревизорот утврди алармантен одлив на таленти од Македонија Read More »

Петровска тврди дека членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ гласале на изборите во СДСМ


Во интервју за Телевизија 24 пратеничката Славјанка Петровска кажа дека секогаш гласно ќе зборува за проблемите во СДСМ, но и дека нема да прифати никаква функција во раководството на партија. „Нема да прифатам никаква функција. Нема да бидам причина за неуспесите на СДСМ, ама ако преку какви било обвинувања некој се обиде да ме замолчи …

Петровска тврди дека членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ гласале на изборите во СДСМ Read More »

Филипче: Обвинувањата за нелегитимноста на процесот се некоректни и навреда за членовите на СДСМ


Сметам дека е навреда на членовите некој да смета дека некој може да им влијае на тоа како ќе гласаат, рече новиот претседател на СДСМ Венко Филипче во врска со обвинувањата дека изборниот процес во партијата бил нелегитимен. Во вечерашната Топ Тема на Телма, Филипче ваквите обвинувања ги нарече некоректни и потценување на членовите на …

Филипче: Обвинувањата за нелегитимноста на процесот се некоректни и навреда за членовите на СДСМ Read More »

Муртезани го прекрсти евроамбасадорот Дејвид во Ричард Гир


Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани и шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава, амбасадорот Дејвид Гир, денеска во просториите на Министерството за европски прашања одржаа протоколарна средба. На прес-конференцијата по неа, Муртезани направи мал лапсус при читањето на напишата изјава пред медиумите. Имено, наместо Дејвид Гир, новиот министер го претстави својот гостин како познатиот …

Муртезани го прекрсти евроамбасадорот Дејвид во Ричард Гир Read More »

Македонскиот амбасадор во Албанија, Данчо Марковски,повикан на консултации


 Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија денеска соопшти дека согласно Законот за надворешни работи македонскиот амбасадор во Албанија, Данчо Марковски е веќе повикан на консултации. – Поради итноста на материјата очекуваме консултациите да се случат во текот на оваа недела и за сите дополнителни детали јавноста ќе биде навремено информирана, се наведува во …

Македонскиот амбасадор во Албанија, Данчо Марковски,повикан на консултации Read More »

За Мицкоски не е проблем бугарскиот пасош на Божиновска, бара да ја ценат според делата


Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска не криела дека има бугарско и чешко државјанство и посочи дека функционерите не можат во биографијата да го стават целиот нивен матичен лист, за се што правеле. -Не би се согласил дека криела од јавноста. Инаку, во биографијата не гледам причина …

За Мицкоски не е проблем бугарскиот пасош на Божиновска, бара да ја ценат според делата Read More »

Новата влада ќе подготви и нов закон за игрите на среќа


Владата на седница утре на дневен ред ќе го има законот за укинување на економските директори во здравствените установи, што беше најавено и од министерот за здравство Арбен Таравари пред една недела. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека со законот што утре ќе биде на владина седница се укинуваат организациските места или т.н. економски директори …

Новата влада ќе подготви и нов закон за игрите на среќа Read More »

Давкова на средба со шпанскиот амбасадор


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска остварила средба со амбасадорот на Кралството Шпанија, Хосе Луис Лосано Гарсија, на која биле разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, кои годинава одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи, при што била истакната посветеноста за натамошно јакнење на пријателските и партнерски односи меѓу двете држави. Претседателката …

Давкова на средба со шпанскиот амбасадор Read More »

Мицкоски има „предлог плус“ за францускиот предлог


  Таканаречениот француски предлог за почеток на пристапните преговори со ЕУ може да се измени со додавање на предлог плус, кој ќе ги опфати барањата на македонската заедница во Бугарија, рече премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за коментар на изјавата на американската амбасадорка Анџела Агелер дека нема одново преговарање за Преспанскиот договор и …

Мицкоски има „предлог плус“ за францускиот предлог Read More »

Мицкоски: ДУИ ги дели граѓаните на подобни и неподобни


Секој граѓанин има право да ги користи демократските алатки за да го изрази своето незадоволство, но доколку тоа е на штета на унитарниот карактер, на законите и Уставот, Владата ќе мора тоа да го заштити. Ова е коментарот на премиерот Христијан Мицкоски во врска со изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, дека ќе го …

Мицкоски: ДУИ ги дели граѓаните на подобни и неподобни Read More »

Муцунски се сретна со германската амбасадорка Декслер


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски се сретна со амбасадорката на Германија, Петра Дрекслер, што претставува прва заедничка средба на двајцата соговорници по именувањето на министерот Муцунски на функцијата. Муцунски изрази голема благодарност за безрезервната поддршка и посветеност на Германија на нашиот пат кон ЕУ, потенцирајќи дека новата Влада е силно фокусирана …

Муцунски се сретна со германската амбасадорка Декслер Read More »

Разузнавачките служби ќе се спојат во една


Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност ќе се спојат и ќе функционираат како една агенција, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за тоа кој е планот на новата Влада за разузнавачките служби. – Да, точно, планот и тоа е дел од Програмата за работа на оваа Влада. Агенцијата за разузнавање …

Разузнавачките служби ќе се спојат во една Read More »

Законот за бездомните кучиња заглавен, општините не и плаќаат на „Лајка“


Проблемот со бездомните кучиња за кој се почесто се говори не може да се надмине без системско решение, а законот со кој треба да се регулира несовесното сопствеништво и граѓаните што фрлаат миленици повеќе од четири години е во процедура за донесување реагираат од „Лајка“. Јавната свест за вдомување во Македонија е ниска, јавното претпријатие …

Законот за бездомните кучиња заглавен, општините не и плаќаат на „Лајка“ Read More »

Мицкоски му посака успех на Филипче


На господинот Филипче му посакувам успешна работа, да бидат конструктивна опозиција, да работат во интерес на граѓаните и татковината, изјави премиерот Христијан Мицкоски прашан за коментар за вчерашниот избор на Венко Филипче за претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.   Изборот на Филипче е работа на СДСМ и на членството на партијата, рече Мицкоски. „Ние …

Мицкоски му посака успех на Филипче Read More »

Демократите во САД ја отфрлаат можноста за замена на Бајден


Високи претставници на Демократската партија во САД ја отфрлија можноста за замена на претседателот Џо Бајден како демократски кандидат по слабите дебатни перформанси и ги повикаа членовите на партијата да се фокусираат наместо тоа на последиците од второто претседателствување на Доналд Трамп. По неколкудневни препирки за лошата ноќ на Бајден на сцената во која дебатираше …

Демократите во САД ја отфрлаат можноста за замена на Бајден Read More »

Почина големиот албански писател Исмаил Кадаре


Еден од најистакнатите албански писатели со светско реноме и централна личност на албанската култура во втората половина од дваесеттиот век, Исмаил Кадаре, почина денеска во утринските часови, јавуваат албанските медиуми. Кадаре почина од срцев удар на 88-годишна возраст, изјавија за АФП неговиот уредник и болницата во Тирана. Лекарите се обиделе да го оживеат писателот кога …

Почина големиот албански писател Исмаил Кадаре Read More »