Албанија заработила 2,2 милиони евра од изнајмување на запленет и конфискуван имот


Агенцијата за управување со запленет и конфискуван имот на Албанија објави дека приходите од изнајмување на запленет и конфискуван имот минатата година надминале 2,2 милиони евра што е повисок износ за 39 отсто споредено со 2024 година.  „Годишниот приход од кирија достигна околу 221,5 милиони леки (над 2.260.000 евра) во 2025 година, во споредба со …

Албанија заработила 2,2 милиони евра од изнајмување на запленет и конфискуван имот Read More »

Мицкоски очекува новиот јавен обвинител да ги извади предметите во фиока


 Премиерот Христијан Мицкоски очекува новиот државен јавен обвинител, кој треба да биде избран набргу, да биде заштитник на правото и правдата и сите предмети што биле држени во фиоки да ги истражи и ако нема докази, да ги затвори, а доколку има, да оформи предмети и да ги достави до судот.  – Првото нешто што …

Мицкоски очекува новиот јавен обвинител да ги извади предметите во фиока Read More »

Дмитриев негира вмешаност на руските разузнавачки служби во скандалот со Епштајн


Главниот преговарач на Русија во разговорите со САД, Кирил Дмитриев денеска ги отфрли обвинувањата за вмешаност на руското разузнавање во скандалот со Џефри Епштајн. – Очајни, морално пропаднати, лажливи левичарски елити паничат и се обидуваат да заблудат. Светот е изморен од вашите лаги и ги гледа нивните вистински намери, објави Дмитриев на платформата Икс. Тој …

Дмитриев негира вмешаност на руските разузнавачки служби во скандалот со Епштајн Read More »

Гаши и група македонски пратеници и функционери во посета на САД


   Претседателот на Собранието, Африм Гаши, престојува во работна посета на Вашингтон, каде што оствари низа средби со високи претставници на американските институции и на меѓународни организации во рамките на зајакнувањето на билатералните односи и меѓупарламентарната соработка. Гаши, како што соопшти собраниската прес-служба, остварил средба со членката на Конгресот на САД, Клаудија Тени, копретседателка на …

Гаши и група македонски пратеници и функционери во посета на САД Read More »

Владата им „скрои“ закон на бугарските клубови


Владата го стави на јавна расправа Нацрт- законот за здруженија и фондации, чие носење беше директно испровоцирано од активностите на бугарските здруженија и клубови, кои доведоа до физички инциденти, пораст на говорот на омраза и најниско ниво на македонско-бугарските односи. Со новиот закон пред се треба да се уреди како ќе се (зло)употребуваат имиња на …

Владата им „скрои“ закон на бугарските клубови Read More »

Жерновски: Зборува ли некој воопшто вистина во оваа влада?


  Екс-амбасадорот и член на СДСМ, Андреј Жерновски, реагира на контрадикторните изјави од претставници на Владата во врска со состојбата на буџетот, оценувајќи дека дилемата сега не е кој лаже, туку дали некој од нив воопшто ја зборува вистината. „Последните јавни контрадикции меѓу премиерот и неговите министри не се обичен комуникациски пропуст. Тие се аларм. …

Жерновски: Зборува ли некој воопшто вистина во оваа влада? Read More »

Сиљановска им кажа на Арапите што правиме за да влеземе во ЕУ


Регулативата не е само за контрола, туку станува збор за создавање предвидлив простор каде што општествената доверба може да расте, рече претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во своето обраќање на Глобалниот форум за владини регулативи и правда, во рамки на Светскиот самит на владите во Дубаи. Во обраќањето на тема „Законодавството како овозможувач на владеењето на правото“ …

Сиљановска им кажа на Арапите што правиме за да влеземе во ЕУ Read More »

Оформен предмет во обвинителството за транспортот на мозоци од починати лица во САД


Јавното обвинителство на Македонија, врз основа на повеќе објавени информации во медиумите, оформи предмет по допрен глас за наводите од објавените документи во случајот за Џефри Епштајн кои упатуваат дека примероци од мозоци на починати лица од земјава наводно биле транспортирани за научно-истражувачки цели во САД. Имајќи ја во вид природата на наводите, кои вклучуваат …

Оформен предмет во обвинителството за транспортот на мозоци од починати лица во САД Read More »

„Шанса за Центар“ги изброја казината: За профит создаваме сакати генерации


Граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ преку „Гугл“ ги мапираше коцкарниците, казината и слот-клубовите во централната скопска општина. По пребројувањето, иницијативата посочува дека останаа уште малку јавни терени во Центар на кои децата не плаќаат за да играат, но затоа има речиси 60 казина и обложувалници. „Центар е казино-општина. Ги мапиравме казината, автомат-клубовите и кладилниците покрај …

„Шанса за Центар“ги изброја казината: За профит создаваме сакати генерации Read More »

„Еко свест“ бара нов нов Закон за природата


„Еко свест“ упати писмо до министерот за животна средина Муамет Хоџа во кое алармира за состојбата со приридата во Македонија и бара донесување на нов закон. Еве го писмото: „Ви се обраќаме како заедничка иницијатива на граѓански организации од Македонија, со барање за иницирање постапка за измени и дополнувања на Законот за заштита на природата, …

„Еко свест“ бара нов нов Закон за природата Read More »

Шест години ветувања за нови автобуси, на улиците метузалеми


  Шеста година по ред јавниот превоз во Скопје е тема на големи ветувања, силни изјави и прес-конференции и меѓупартиски обвинувања. И шеста година по ред – нови автобуси во бројките што се најавуваат нема. На улиците се тркалаат старите дизелаши под секое достоинство. Од 2020 година наваму, ВМРО-ДПМНЕ и нејзините највисоки функционери, пред сè …

Шест години ветувања за нови автобуси, на улиците метузалеми Read More »

Митева: Владата ги добила кандидатурите за јавен обвинител


Владата на денешната седница донесе заклучок во однос на петте кандидати за јавен обвинител и согласно законските одредби ќе го достави до Советот на јавни обвинители, информира денеска на прес-конференција владината портпаролка Марија Митева. – Собранието ја информираше Владата за завршување на огласот за јавен обвинител. Ги достави петте кандидати, добро познати на јавноста. Владата …

Митева: Владата ги добила кандидатурите за јавен обвинител Read More »

Во тек се подготовки за обнова на директните разговори меѓу Европа и Русија


 Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека се во тек подготвителни работи за повторно воспоставување директни разговори меѓу Европа и Русија за војната во Украина, додавајќи дека е важно Европејците да ги обноват своите комуникациски канали, но дека Русија не покажува подготвеност за постигнување мировен договор со тоа што продолжува да ја бомбардира Украина. „Тоа …

Во тек се подготовки за обнова на директните разговори меѓу Европа и Русија Read More »

Десет мажи со помош на таткото силувале петгодишно дете во Франција


 Во Франција обвинети се десет мажи за силување на петгодишно момче. Детето било силувано со помош на неговиот татко, кој исто така учествувал во насилството, соопшти Обвинителството во Лил. Обвинетите се на возраст од 29 до 50 години. Истрагата против нив почна на 15 февруари 2025 година, а злосторството врз детето било вршено во периодот …

Десет мажи со помош на таткото силувале петгодишно дете во Франција Read More »

ЕК потврди дека камионџиите веќе нема да ги третира како туристите


Се разгледува можноста транспортните превозници да бидат ставени во истата категорија на работници како пилотите и машиновозачите – порачале претставниците на Европската комисија (ЕК) на денешниот онлајн состанок со надлежните министри од земјите од Западен Балкан, чии превозници, согласно новите правила за влез и за излез од ЕУ, ќе беа соочени со ограничен престој во …

ЕК потврди дека камионџиите веќе нема да ги третира како туристите Read More »

Министерството за здравство немало надлежност за „мозоците“, но постапката за нивно изнесување е ригорозна


Во врска со актуелната тема во јавноста за научна студија за мозочни примероци меѓу Институтот за судска медицина и МАНУ,  Министерството за здравство соопшти дека нема директни надлежности во спроведувањето на научно-истражувачката дејност.   „Од Медицинскиот факултет сме информирани дека научно-истражувачката работа која е поврзана со биолошки материјал кој во себе содржи генетски карактеристики е …

Министерството за здравство немало надлежност за „мозоците“, но постапката за нивно изнесување е ригорозна Read More »

Филков најави целосно ресетирање на судството


На судството му се подготвува темелно ресетирање, е заклучокот од конференцијата за „Јакнење на ефикасноста и независноста на судството во Македонија“, организирана денес. Акцентот овојпат беше ставен главно на ефикасноста, поради одбивањето на власта да го зголеми буџетот на судството до нивото што законски се предвидува и големиот недостиг на кадар, поради одбивањето на Министерството …

Филков најави целосно ресетирање на судството Read More »

СДСМ бара украденото да се врати кај народот


СДСМ бара украденото да се врати кај народот, по вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски кој тврдеше дека власта е решена да се спорави со корупцијата и да го одзема имотот стекнат на нелегален начин. „Во време кога во буџетот недостасуваат 2 милијарди евра зад грбот на народот власта спроведува грабеж преку криминални тендери.  161 …

СДСМ бара украденото да се врати кај народот Read More »

ЕУ го одложи стартот на EES до септември 2026


Целосната имплементација на системот за влез/излез (EES) на Европската Унија е одложена од април за септември 2026 година поради страв од сериозен метеж на границите во текот на летната туристичка сезона, потврди Европската комисија. Иако EES почна постепено да се применува од октомври 2025 година, на аеродромите и пристаништата веќе се појавија значителни проблеми, вклучувајќи …

ЕУ го одложи стартот на EES до септември 2026 Read More »

“Досие“ државен јавен обвинител: Меѓу притисокот на политиката, правдата  и личниот интегритет


Годинава треба да биде изгласан 9-от по ред републички јавен обвинител во  независна и суверена држава. На чело на оваа водечка и клучна институција во борбата со високо-профилен криминал се гласаа личности предложени од извршната власт,  а заминуваа од позицијата со бројни критики за непрофесионалност и пристрасност во работата, пишува Порталб. Од заменик во  Јавното …

“Досие“ државен јавен обвинител: Меѓу притисокот на политиката, правдата  и личниот интегритет Read More »