Палестински функционер: Договорен 90 отсто од договорот за прекин на огнот во Газа


Деведесет отсто од договорот за прекин на огнот во војната меѓу Израел и палестинскиот Хамас е договорен, но клучните несогласувања не се надминати, изјави за Би-Би-Си палестински функционер кој учествува во преговорите. -Една од пречките е коридорот Филаделфија долж границата со Египет, рече тој, додавајќи дека на преговорите во Доха се разгледува потенцијалното создавање на …

Палестински функционер: Договорен 90 отсто од договорот за прекин на огнот во Газа Read More »

Вонредно изборно собрание на ФФМ, Омерагиќ единствен кандидат


Вонредно собрание за избор на нов претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) е закажано за денеска во Скопје. Вонредното собрание беше закажано на 17 ноември, откако Муамед Сејдини поднесе оставка на претседателското место во ФФМ. Единствен кандидат за негов наследник е поранешниот фудбалер на Вардар и Слога Југомагнат, Масар Омерагиќ. Комисијата за избори и …

Вонредно изборно собрание на ФФМ, Омерагиќ единствен кандидат Read More »

Божиќ заврши во Магдебург, напаѓачот најавил дека ќе се случи „нешто големо“


Саудискиот државјанин кој го изврши смртоносниот  напад на божиќниот пазар во германскиот град Магдебург, во кој загинаа пет, а повредени беа повеќе од 200, предупредил на социјалните мрежи дека „ќе се случи нешто големо“. 50-годишниот лекар е во полиција откако со црн теренец БМВ помина со полна брзина 400 метри низ преполниот пазар, возејќи над …

Божиќ заврши во Магдебург, напаѓачот најавил дека ќе се случи „нешто големо“ Read More »

Трамп сака трошоците за одбрана да се зголемат на 5 отсто во членките на НАТО


Доналд Трамп сака земјите од НАТО да ги зголемат трошоците за одбрана на повеќе од двојно од сегашната цел, објавија Фајненшл Тајмс и Телеграф. Според извештаите, тимот на Трамп им рекол на европските претставници дека новоизбраниот претседател на САД очекувал сојузниците во НАТО да ги зголемат трошоците за одбрана на 5 отсто од националниот бруто …

Трамп сака трошоците за одбрана да се зголемат на 5 отсто во членките на НАТО Read More »

Хеликоптер на брза помош падна врз болница во Турција


Најмалку четири лица загинаа кога хеликоптер на брза помош падна врз болница во Турција! Несреќата се случила во градот Мугла, а на терен се спасувачки екипи. Според првите информации, се работи за хеликоптер кој полетал од Мугла кон Анталија, а до несреќата дошло поради густа магла. Загинаа двајца пилоти, еден лекар и еден член на …

Хеликоптер на брза помош падна врз болница во Турција Read More »

Левица за бегството на Груби: Државните институции се лојален сојузник на криминаците


Зад завесите на театарот за бегството на Артан Груби се крие колективен договор на политичките елити, тврди Левица во последната реакција на бегството на вицепремиерот во Косово. „Случајот станува заташкан помеѓу меѓусебните обвинувања на некогашните коалициски партнери на ДУИ, но оградувањето од одговорност, нема да ја врати довербата во институциите, туку напротив – таа рудиментира. …

Левица за бегството на Груби: Државните институции се лојален сојузник на криминаците Read More »

Трамп избра милијардер за амбасадор на Италија


Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп вчера објави дека ќе го номинира милијардерот сопственик на професионалниот кошаркарски тим „Хјустон Рокетс“, Тилман Фертита за амбасадор на неговата администрација во Италија. Фертита е претседател и сопственик на Landry’s Corporation, која управува со 600 ресторани, хотели и казина во 35 американски држави. Во објава на неговата платформа „Truth Social“, …

Трамп избра милијардер за амбасадор на Италија Read More »

Коловозите низ земјата претежно влажни,а некои и со остатоци од снег


Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози и наместа со остатоци од кашест снег на коловозот. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ. ЈП Македонија пат, …

Коловозите низ земјата претежно влажни,а некои и со остатоци од снег Read More »

Во Сенатот на САД поднесен предлог за санкции против Турција поради Сирија


Американски сенатори поднесoa предлог-закон кој предвидува санкции против Анкара поради нејзините напади врз курдските Сили на демократска Сирија (СДС), поддржани од Вашингтон. -Нападите од страна на силите поддржани од Турција врз нашите партнери од редовите на сириските Курди ја поткопуваат регионалната безбедност и напорите да се спречи оживувањето на „Исламска држава, напиша синоќа на „Х“ …

Во Сенатот на САД поднесен предлог за санкции против Турција поради Сирија Read More »

Трамп ќе бара бара од Панама да го врати Панамскиот канал на САД


Новоизбраниот претседател Доналд Трамп вчера ја обвини Панама дека наплатува прекумерни такси за користење на Панамскиот канал и рече дека доколку Панама не управува со каналот на прифатлив начин, може да побара од американскиот сојузник да го врати. Во вечерниот пост на платформата Truth Social, Трамп исто така предупреди дека нема да дозволи каналот да …

Трамп ќе бара бара од Панама да го врати Панамскиот канал на САД Read More »

Двајца пилоти на американската морнарица соборени во „пријателски оган“ над Црвеното Море


 Двајца пилоти на американската морнарица се соборени над Црвеното Море во така наречен „пријателски оган“, соопшти денеска американската војска. Двајцата пилоти се извлечени живи од водата, а еден се здобил со полесни повреди во инцидентот. Инцидентот се случил додека американската војска извршила воздушни напади врз јеменските бунтовници Хути. Централната команда на американската армија не прецизираше …

Двајца пилоти на американската морнарица соборени во „пријателски оган“ над Црвеното Море Read More »

Напаѓачот на божиќниот пазар во Магдебург обвинет за пет убиства


Германските власти го обвинија осомничениот за смртоносниот напад во петокот на божиќниот пазар во источниот град Магдебург, во кој загинаа пет, а беа повредени 200, соопшти полицијата рано утринава, јави ДПА. Осомничениот, кој е идентификуван како Талеб Ал-Абдулмохсен , е обвинет за пет убиства, повеќекратни обиди за убиства и тешки телесни повреди на повеќе од …

Напаѓачот на божиќниот пазар во Магдебург обвинет за пет убиства Read More »

Новиот лидер на Сирија се сретна со американската делегација во Дамаск


Американската делегација која беше во посета на Дамаск денеска имаше состанок со новиот сириски лидер Ахмад ал-Шарех, чие воено име му беше Абу Мохамед ал-Голани, изјави извор близок до новите сириски власти. „Средбата се одржа и беше позитивна. И резултатите ќе бидат позитивни“, рече неименуваниот претставник. Тоа е првиот контакт меѓу САД и новите лидери …

Новиот лидер на Сирија се сретна со американската делегација во Дамаск Read More »

Главчев бил воодушевен од говорот на Мицкоски


  Техничкиот премиер на Бугарија, Димитар Главчев, според тврдењето на премиерот Христијан Мицкоски, бил воодушевен од говорот што го одржал на работната вечера во Брисел. По завршувањето на сесијата, тој самиот му пришол на Мицкоски и му честитал за одличниот настап. „Имам навистина добро мислење за техничкиот премиер на нашиот источен сосед, Димитар Главчев. Честопати …

Главчев бил воодушевен од говорот на Мицкоски Read More »

Руски војник си ја убил ќерката и ги избодел сопругата и синот пред да се самоубие во Рос


Руски војник, на одмор од борбената зона, ја убил својата 14-годишна ќерка и ги избодел сопругата и еден од неговите синови ноќта на 19 декември за време на семеен собир во рускиот Ростов на Дон, според Комсомолскаја Правда. Потоа извршил самоубиство. Изданијата известуваат дека во инцидентот учествувало семејство од Јакутија од далечниот исток на Русија. …

Руски војник си ја убил ќерката и ги избодел сопругата и синот пред да се самоубие во Рос Read More »

Нема да има пеење химна во училиштата, тврди Вреди


Од коалицијата Вреди информираат дека го суспендирале законот за средно образование кој межу другото предвидуваше изведување на државната химна во училиштата. „По поднесувањето на амандманите од коалицијата ВЛЕН, Владата го повлече законот за средно образование. Уште еднаш се докажа дека клучен фактор кој ги гарантира албанските интереси е само ВЛЕН. Постапивме како што ни одговара. …

Нема да има пеење химна во училиштата, тврди Вреди Read More »

Возилата на Tесла имаат најмногу фатални несреќи меѓу сите автомобили во САД


Возилата на Tesla имаат највисока стапка на фатални несреќи меѓу сите марки на автомобили во Америка, според една неодамнешна студија iSeeCars која ги анализирала податоците од САД. Студијата беше спроведена на возила од моделот 2018-2022 година и се фокусираше на несреќи помеѓу 2017 и 2022 година што резултираа со смртни случаи на патници. Според студијата, …

Возилата на Tесла имаат најмногу фатални несреќи меѓу сите автомобили во САД Read More »

Русија ја ракетирала и македонската амбасада во Киев


Министерството за надворешни работи и надворешна трговија најостро ги осудува денешните ракетни напади на руската армија врз Киев. МНР наедно информира дека при нападот е погодена и критичната инфраструктура во Голосеевскиот реон, вклучително и зградата каде што се сместени шест амбасади, меѓу кои и амбасадата на Република Северна Македонија во Киев. При нападот нема повредени …

Русија ја ракетирала и македонската амбасада во Киев Read More »

Зеленски го нарече Путин „глупак“ што сака да убива


Украинскиот претседател Володимир Зеленски му прати порака на  рускиот претседател Владимир Путин, по неговата неколкучасовна прес конференција: Ти си глупав. „Луѓе умираат, а тој мисли дека тоа е „интересно“… Глупак“, напиша Зеленскиј на социјалните мрежи, посторајќи видео на кое Путин зборува за инвазијата на Москва на Украина. Говорејќи за време на неговата годишна телевизиска прес-конференција, …

Зеленски го нарече Путин „глупак“ што сака да убива Read More »

Од први јануари задолжителни регистарски таблички со ознака НМК


Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека краен рок да ги заменат регистарските таблички со нови кои имаат ознака НМК или на истите да залепат налепница НМК е до 31.12.2024. Тоа значи, регистарските таблички кои ја содржат буквената ознака МК (регистарски таблици со четири броеви) и регистарски таблици кои не ја содржат буквената ознака …

Од први јануари задолжителни регистарски таблички со ознака НМК Read More »