Германија, Австрија и Шведска ги стопираа постапките за азил за Сиријците


Три европски земји – Германија, Шведска и Австрија – донесоа одлука да го паузираат разгледувањето на барањата за азил на Сиријците, поради развојот на настаните во земјата по соборувањето на Башар ал-Асад. Шведската агенција за миграции објави дека ги паузира и одлуките за азил и депортациите. – Со оглед на ситуацијата, невозможно е да се …

Германија, Австрија и Шведска ги стопираа постапките за азил за Сиријците Read More »

Уставниот суд ќе ја потврди уставноста на Законот за јазици, ќе спори само некои членови


Во рефератот на судијата известител, кој ќе се најде пред уставните судии в среда, а во кој „360 степени“ имале увид, не само што не се предлага поведување постапка за оценување на уставноста на Законот за употреба на јазиците во целина, туку се аргументира дека тој е втемелен во Уставот. Тоа за што се предлага …

Уставниот суд ќе ја потврди уставноста на Законот за јазици, ќе спори само некои членови Read More »

Кој е Башар ал Асад, сирискиот лидер чие семејство владееше со железна тупаница повеќе од 50 години?


  Сирискиот лидер Башар ал-Асад е втората генерација на автократска семејна династија која ја држеше власта повеќе од пет децении, а неговото исчезнување среде молскавичното напредување на бунтовниците сигнализира зачудувачки преуредување на моќта во стратешки виталната држава на Блискиот Исток. Асад е познат по бруталното владеење со Сирија, која од 2011 година е уништена од …

Кој е Башар ал Асад, сирискиот лидер чие семејство владееше со железна тупаница повеќе од 50 години? Read More »

Трамп за НАТО: Не експлоатираат во трговијата, а ние ги браниме!


Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп даде интервју за NBC News во кое ги објави промените што планира да ги воведе по преземањето на функцијата на почетокот на следната година. Меѓу другото, тој го претстави својот план за НАТО алијансата. Трамп веќе претходно најави дека ќе побара од другите земји-членки да го зголемат процентот од БДП …

Трамп за НАТО: Не експлоатираат во трговијата, а ние ги браниме! Read More »

Сириските бунтовници ја гарантираа безбедноста на руските воени бази, според руски извор


Сириските бунтовници, кои со својата молскавична офанзива го соборија претседателот Башар ал Асад „ја гарантираа безбедноста“ на руските воени бази во Сирија, изјави синоќа анонимен извор од Кремљ за руски новински агенции. „Руските власти се во контакт со претставници на сириската вооружена опозиција, чии лидери ја гарантираа безбедноста на руските воени бази и дипломатски институции …

Сириските бунтовници ја гарантираа безбедноста на руските воени бази, според руски извор Read More »

Холандија од денеска почнува засилени контроли на копнените граници


Холандија од денеска почнува засилени гранични контроли, како што беше најавено на 11 ноември. Дополнителните гранични проверки се дел од ветувањето на новата десничарска влада за борба против трговијата со луѓе, илегалната имиграција и прекуграничниот криминал, објавија холандските медиуми. Претходно, Германија воведе гранични контроли, а Франција исто така почна да врши проверки. Проверките ќе ги …

Холандија од денеска почнува засилени контроли на копнените граници Read More »

„Тајд“: Унгарија шпионирала претставници и службеници на ЕУ


Унгарската разузнавачка служба, Канцеларијата за информации (ИХ), ги шпионирала претставниците на ЕУ кои престојувале во посета на Будимпешта преку пребарување на нивните хотелски соби и преземање информации од нивните лаптопи, објави белгискиот весник на холандски јазик „Тајд“ („Време“). Во написот за заедничката истрагата на весникот со унгарската невладина организација Директ36, се посочува дека покрај од …

„Тајд“: Унгарија шпионирала претставници и службеници на ЕУ Read More »

Податоците за вистинските сопственици на фирмите во земјава не се користат во борбата против корупцијата


Надлежните институции во земјава малку ги користат податоците за вистинските сопственици во насока на спречување, откривање и санкционирање на перењето пари и во борбата против тероризмот, а се чини, воопшто не ги користат за други цели и за спречување корупција, криминал и злоупотреби во другите области, се наведува во денеска објавените резултати од анализата на …

Податоците за вистинските сопственици на фирмите во земјава не се користат во борбата против корупцијата Read More »

МНР ги повикува нашите државјани да заминат од Сирија


Поради влошената безбедносна ситуација во Сирија, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија  ги повикува сите наши државјани кои се наоѓаат во оваа држава,  да ја напуштат во прва можна прилика. Исто така, апелира да се одложат сите патувања кон оваа држава. Постои можност за натамошно влошување на ситуацијата, а со тоа и намалени можности …

МНР ги повикува нашите државјани да заминат од Сирија Read More »

Дамаск пред паѓање, Трамп порачува: Ова не е наша борба!


Претседателот Доналд Трамп додека беше во Париз напиша пост на „Х“  околу ситуацијата во Сирија порачувајќи дека тоа не е битка на САД и тие ќе останат настрана. „Опозициските борци во Сирија, во потег без преседан, тцелосно зазедоа многу градови, во мошне координирана офанзива и сега се на периферијата на Дамаск, очигледно подготвувајќи се да …

Дамаск пред паѓање, Трамп порачува: Ова не е наша борба! Read More »

Сиљановска Давкова не замина на отворањето на Нотр Дам поради дефект на владиниот авион


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова не замина во Франција на церемонијата на отворањето на реновираната катедрала Нотр Дам во Париз поради дефектот на владиниот авион, соопшти вечерва кабинетот на претседателката. -Во врска со информациите на дел од медиумите дека претседателката Гордана Сиљановска Давкова учествува на церемонијата на отворањето на реновираната катедрала Нотр Дам во Париз, кабинетот …

Сиљановска Давкова не замина на отворањето на Нотр Дам поради дефект на владиниот авион Read More »

Зеленски: Состанокот со Трамп беше „добар и продуктивен“


Непосредно пред церемонијата на повторното отворање на катедралата Нотр Дам, францускиот претседател Емануел Макрон беше домаќин на средбата со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски.Зеленски изјави дека средбата на тројцата лидери била „добра и продуктивна“. I had a good and productive trilateral meeting with President @realDonaldTrump and President @EmmanuelMacron at the …

Зеленски: Состанокот со Трамп беше „добар и продуктивен“ Read More »

Макрон ги спои Зеленски и Трамп во Париз


Доналд Трамп, избран за американски претседател е втората „ѕвезда“ на денот, покрај вечерашното отворање на Нотр Дам во Париз, после големиот пожар кој ја погоди катедралата.Негов домаќин е Емануел Макрон кој го прими во Елисејската палата со срдечен стисок на рацете, покрај накитената новогодишна елка во дворот и неколку застанувања пред камерите со повторни поздравувања, …

Макрон ги спои Зеленски и Трамп во Париз Read More »

(ВИДЕО) Пет години по пожарот отворена катедралата Нотр Дам, иконата на Франција


ПАРИЗ – Емануел Макрон сфаќа дека, кога сè друго не успева, може да се пофали со раскошот и церемонијата на Франција. Тој, исто така, знае дека ако има еден човек на светската сцена кој ќе му помогне во тоа, тоа е Доналд Трамп. Значи, нема посовршен момент, само три дена по колапсот на неговата тримесечна …

(ВИДЕО) Пет години по пожарот отворена катедралата Нотр Дам, иконата на Франција Read More »

Пет интересни факти за Нотр Дам


Зад величественоста на катедралата, за која биле потребни 182 години да се изгради помеѓу 12 и 14 век, лежат некои изненадувачки приказни. Од средновековните митови до современите мистерии, еве пет посебни работи што треба да ги знаете за оваа знаменитост во Париз: Срце на Франција, буквално Важноста на Нотр Дам оди подалеку од нејзината архитектура …

Пет интересни факти за Нотр Дам Read More »

Отворањето на Нотр Дам во живо


Пет години откако беше опожарена, катедралата Нотр Дам вечерва повторно ги отвори своите врати. Во точно 19:10 часот, првпат по пет години, повторно заѕвонеа камбаните на катедралата кои светските лидери и граѓаните собрани на плоштадот ги слушаа во тишина. Службите за итни случаи кои помогнаа да се спаси готското ремек-дело и луѓето вклучени во реставрацијата …

Отворањето на Нотр Дам во живо Read More »

Касами до ДУИ: Спијте мирно, албанските прашања се во сигурни раце


Откако за 11 декември е закажана седницата на која Уставниот суд ќе одлучува за Законот за јазиците, од опозицијата пристигнаа бројни критики и обвинувања кон власта.На нив реагираше  претседателот на Беса, Билал Касами, кој изјави дека додека ДУИ беа на власт не се интересирале за албанските прашања, но сега, кога дојде време за одговорност, го …

Касами до ДУИ: Спијте мирно, албанските прашања се во сигурни раце Read More »

Кошта прати писмо до лидерите на ЕУ околу Западен Балкан


Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, упати писмо до лидерите на ЕУ во пресрет на претстојниот состанок на Европскиот совет и Самитот ЕУ-Западен Балкан, кои ќе се одржат подоцна овој месец во Брисел. Тој нагласи дека проширувањето на ЕУ е главна геополитичка инвестиција и дека моменталниот геополитички контекст бара нов поттик за ангажманот на ЕУ …

Кошта прати писмо до лидерите на ЕУ околу Западен Балкан Read More »

Богатството на членовите на администрацијата на Трамп поголемо од БДП на 160 земји


Кога Доналд Трамп по вторпат ќе положи заклетва на 20 јануари, тој не само што ќе стане најбогатиот претседател во американската историја со имот од околу шест милијарди долари, туку ќе ја предводи и најбогатата влада во светот. Богатството на идните лидери на американската администрација се проценува на повеќе од 346 милијарди долари, што го …

Богатството на членовите на администрацијата на Трамп поголемо од БДП на 160 земји Read More »

Насилно влегол во планинарскиот дом Караџица и го запалил


Непознат сторител со употреба на физичка сила и погоден алат влегол во планинарскиот дом „Караџица“ во селото Црвена Вода, скопско, и предизвикал пожар, објави МВР во дневниот полициски билтен. Известен бил јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Според искуството, ваквите пожари се дело на урбаната мафија кога „расчистува“ терен за градење.