Мицкоски се сретна со Зеленски во Минхен, се заложи за праведен мир


Премиерот Христијан Мицкоски во рамки на престојот во Минхен оствари средба со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, на која фокусот бил ставен на безбедносните предизвици во Европа и можностите за праведен и одржлив мир. Двајцата лидери разговарале за потребата од европско единство и солидарност во услови на војна и глобални турбуленции, како и за продлабочување …

Мицкоски се сретна со Зеленски во Минхен, се заложи за праведен мир Read More »

Tреил трка за вино и љубов во Долни Дисан


 Под мотото „Стартувај, уживај, радувај се! Во тебе е клучот“, денеска во Долни Дисан ќе се одржи четвртото издание на Треил трката за вино и љубов, инспирирана од винските трки во Франција и Италија и прва од овој вид во Неготино и во државата. Трката, што се одржува по повод празникот Свети Трифун, комбинира рекреација, …

Tреил трка за вино и љубов во Долни Дисан Read More »

Одрон на патот Кичево-Гостивар кај Колари, на Лисец-Попова Шапка забрана за автобуси и камиони


На патниот правец Кичево – Гостивар поради голем одрон кај село Колари од 7 часот изутринава е воведен наизменичен сообраќај по една коловозна лента во должина од 30 метри, информира Диспечерско-информативниот центар на ЈП Македонијапат. Поради одронот сообраќајот на патот Кичево – Гостивар од 5.40 часот беше во целосен прекин. АМСМ информира дека од 05:45 …

Одрон на патот Кичево-Гостивар кај Колари, на Лисец-Попова Шапка забрана за автобуси и камиони Read More »

Американците понудиле безбедносни гаранции за Украина, Зеленски не е задоволен


САД му понудија на Киев 15-годишни безбедносни гаранции, но Украина сака повеќе и смета на период од најмалку 30 години, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски на маргините на Минхенската безбедносна конференција. Според него, Украина работи со сите партнери за безбедносни гаранции. „Општо земено, ние сме блиску до тој проект. Имавме средба со американски сенатори. Рековме …

Американците понудиле безбедносни гаранции за Украина, Зеленски не е задоволен Read More »

За 24 часа наврнаа 48 литри дожд во Македонија


Територијата на Македонија во изминатите 24 часа, до 7 часот, утрово беше под влијание на длабок циклонски систем со центар над Џеновскиот залив. Токму овој циклонски систем услови насекаде кај нас да имаме врнежи од дожд кои најобилни беа во западните  и во северозападните предели. На планините во западните  и во северозападните предели од Македонија …

За 24 часа наврнаа 48 литри дожд во Македонија Read More »

Демократите од САД ќе ја повикаат Европа да му се спротивстави на Трамп


Американските демократи ќе го искористат безбедносниот самит во Минхен овој викенд за да ги повикаат европските лидери да му се спротивстават на Доналд Трамп, додека континентот е поделен околу тоа како да го задржи непредвидливиот американски претседател на страна. Демократите на годишната конференција за безбедност во Минхен ќе ги вклучат некои од најгласните критичари на …

Демократите од САД ќе ја повикаат Европа да му се спротивстави на Трамп Read More »

Левица бара да се ревидираат предметите за директорот на АНБ, Бојан Христовски


Левица реагира на оставката на членот на ДКСК, Цвета Ристовска, пораќивајќи дека не се работи за личен чин, туку резултат на разобличување на коруптивните и клиентелистички врски што ја компромитираа Антикорупциската комисија. -Тоа е признание дека фактите беа неоспорни и дека јавноста не може повеќе да се лаже. По оставката на Ристовска бараме да се …

Левица бара да се ревидираат предметите за директорот на АНБ, Бојан Христовски Read More »

Цвета Ристовска поднесе оставка од функцијата во Антикорупциска


  Членот на Државната комисија за спречување на корупцијата Цвета Ристовска денеска до претседателот на Собранието, Африм Гаши, поднесе оставка од функцијата. Во објаснувањето стои дека оставката ја поднесува поради јавните полемики и сомнежи околу нејзината работа во ова тело. „По недели јавни полемики и сомнежи изнесени во прска со мојата работа во Државната комисија …

Цвета Ристовска поднесе оставка од функцијата во Антикорупциска Read More »

Жерновски: Изборот на советник на премиерот за уставен судија е сигнал за политичко потчинување


Екс амбасадорот Андреј Жерновски реагира на информацијата дека советник на премиерот е избран за нов уставен судија во време кога се прави судска реформа наводно за да се обезбеди независноста на правосудството.   „Одлуката на премиерот Мицкоски да предложи свој советник за уставен судија не е административен потег. Тоа е политички сигнал. И сигналот е …

Жерновски: Изборот на советник на премиерот за уставен судија е сигнал за политичко потчинување Read More »

Македонец во Белград добил отказ, па со шише бензин ја запалил пицеријата


  Полицајците на Вождовац, во близина на Белград, уапсија државјанин на Македонија, С. Г. (46), поради сомнение дека од одмазда ја запалил пицеријата во која работел, а потоа снимките од пожарот ги испраќал на сопствениците, објви Информер.рс. Полицијата го уапсила С. Г., кој се товари за кривични дела предизвикување општа опасност и загрозување на безбедноста. …

Македонец во Белград добил отказ, па со шише бензин ја запалил пицеријата Read More »

Левица: Владата ги скратила земјоделските субвенции за 40 милиони евра


Левица ги повикува граѓаните да ги преземат работите „во свои раце“ откако Владата донела одлука да ги намали субнециите за земјоделството за речиси една третина, и тоа во време кога е регистриран нрекорден увоз на храна во државата.   „Со усвојувањето на новата програма за унапредување и поддршка на македонскиот аграр од страна на Владата, …

Левица: Владата ги скратила земјоделските субвенции за 40 милиони евра Read More »

Мицкоски во Минхен со менаџментот на „Лидл“ и „Кауфланд“


Премеиерот Христијан Мицкоски во рамки на денешната посета во Минхен оствари работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови „Лидл“ и „Кауфланд“. „Разговаравме за нивните планови за инвестиции, отворање нови работни места и модернизација на трговскиот сектор во нашата земја“, рече Мицкоски. „Ги отвораме вратите за домашните …

Мицкоски во Минхен со менаџментот на „Лидл“ и „Кауфланд“ Read More »

Проценка на Минхенската конференција: Светот влезе во период на уништување и осиромашување


  Светот влезе во период на политика на уништување, е насловот на главната анализа изработена од експертите на Минхенската конференција, која започнува денес во Германија, на која нема да учествуваат највисоките претставници на САД, бидејќи добија порака дека не се добродојдени. Проценките во анализата покажуваат длабоко дезориентиран свет кој оди кон кризи – и безбедносни, …

Проценка на Минхенската конференција: Светот влезе во период на уништување и осиромашување Read More »

Беса го распушти раководството, Вреди ќе стане една партија


Собранието на политичката партија Беса го разреши раководството на партијата, што според партиското соопштение е важен чекор кон спојување на Вреди во еден субјект. Собранието на Движењето оценило дека треба да се отвори патот за структурирање на Вреди и ја донесе оваа одлука врз основа на мораториумот за партиски активности од страна на субјектите што …

Беса го распушти раководството, Вреди ќе стане една партија Read More »

Албанското собрание усвои декларација за невиност на водачите на ОВК


Албанското собрание со 92 гласа „за“ усвои декларација „за невиноста на лидерите на Ослободителната војска на Косово“ за кои Специјалниот суд во Хаг побара по 45 години затвор, во која посебно се нагласува дека „нивната војна била праведна“.  „Имајќи ја предвид историската вистина за војната на ОВК, Собранието на Албанија, нагласи дека оваа армија била …

Албанското собрание усвои декларација за невиност на водачите на ОВК Read More »

Трендафилов ѝ се заблагодари на власта за пи-арот што ја насмеал половина држава


  Синдикалниот лидер Слободан Трендафилов вечерва ѝ се заблагодари на власта за пи-арот што, според него, насмеал половина држава, а ја свртел против нив и другата половина. „Бладодарноста“ е саркастична реакција на повикот на Унијата на жените на ВМРО-ДПМНЕ јавното обвинителство да покрене истрага против Трендафилов бидејќи возел службена кола за приватни цели, откако пратеничката …

Трендафилов ѝ се заблагодари на власта за пи-арот што ја насмеал половина држава Read More »

Мицкоски од утре на Минхенската конференција, со него во делегацијата и Тошковски


Од утре претседателот на Владата Христијан Мицкоски заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ќе биде во неколкудневна посета на Сојузна Република Германија, каде ќе присуствува на 62-та Минхенска безбедносна конференција. Во рамки на конференцијата, премиерот Мицкоски ќе оствари …

Мицкоски од утре на Минхенската конференција, со него во делегацијата и Тошковски Read More »

Филипче: Кандидат за уставен судија советник на премиерот, ако тоа не е мешање во правосудството што е?


Лидерот  на СДСМ, д-р Венко Филипче, во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија остро реагираше на, сериозната партизација на судството и обвинителството.   „Власта тргна во сериозна партизација на судството, обвинителството и тоа не е нешто што е ново. Тоа е пракса којашто како модел на владеење ја имплементираа во времето на Никола Груевски, од …

Филипче: Кандидат за уставен судија советник на премиерот, ако тоа не е мешање во правосудството што е? Read More »

Елон Маск објавувал постови за раси речиси секој ден


Долгогодишната фиксација на Елон Маск со белото расно мнозинство се интензивира. Најбогатиот човек во светот објавувал за тоа како белата раса е под закана, алузии на расната наука или промовирал антиимигрантска содржина на заговор 26 од 31 ден во јануари, според анализата на „Гардијан“ за неговиот излез на социјалните мрежи. Објавите, направени на неговата платформа …

Елон Маск објавувал постови за раси речиси секој ден Read More »

Руската пропаганда ги користи досиејата на Епштајн за да тврди дека Москва спасува деца, а не киднапира


профили на социјалните мрежи ги користат најновите досиеја на Џефри Епштајн за да ги зајакнат напорите за ширење неосновани тврдења дека Русија ги спасила украинските деца од трговија со луѓе, покажа истражувањето на АФП и лондонски тинк-тенк во четврток. AFP и Институтот за стратешки дијалог (ISD) пронајдоа објави прегледани милиони пати на Facebook, X и …

Руската пропаганда ги користи досиејата на Епштајн за да тврди дека Москва спасува деца, а не киднапира Read More »