Уставниот суд ќе ги „дисциплинира“ законодавците околу цензусот за независните


Уставниот суд, со мнозинство гласови, донесе одлука и поведе постапка за оцена на уставноста на членовите 17 и 18 од измените на Изборниот законик. Претседателот Дарко Костадиновски изјави дека судот има сомнежи во уставноста на овие измени, бидејќи тие повредуваат темелни вредности како владеењето на правото и политичкиот плурализам, како и принципот на еднаквост на …

Уставниот суд ќе ги „дисциплинира“ законодавците околу цензусот за независните Read More »

Членовите на Судскиот совет не даваат оставки, бараат индивидуална одговорност


Тања Чачарова Илиевска,  која е меѓу петте членови на Судскиот совет за кои се поднесени поединечни интерплации до Собранието од пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ, нема да поднесе оставка, без оглед на исходот. -Тврдам дека најсовесно и чесно ја извршував функцијата член на Судски совет и не чувствувам ниту морална ниту професионална одговорност …

Членовите на Судскиот совет не даваат оставки, бараат индивидуална одговорност Read More »

Муцунски се жали: Филипче покажа недоволно познавање на меѓународната политика


Министерството за надворешни работи и надворешна трговија реагира на, како што се наведува во соопштението, „јавните напади на претседателот на СДСМ, Венко Филипче изнесени на денешната прес конференција, во текот на која изнесе низа навреди и произведе неодговорни и произволни заклучоци со кои во основа покажа недоволно познавање на меѓународната политика и целосно ги запостави …

Муцунски се жали: Филипче покажа недоволно познавање на меѓународната политика Read More »

Трамп се закани дека ќе ги тужи медиумите кои користат информации од „анонимни извори“


 Претседателот на САД, Доналд Трамп се закани дека ќе ги тужи медиумите, новинарите и уредниците кои се повикуваат на „анонимни извори“. Ќе гонам некои од овие автори и уредници на нечесни книги, па дури и медиуми, за да откријам дали овие „анонимни извори“ постојат или не, објави Трамп на социјалната мрежа „Трут сошл“ (Truth Social). …

Трамп се закани дека ќе ги тужи медиумите кои користат информации од „анонимни извори“ Read More »

Лавров: Испраќањето на мировници во Украина се „празни разговори“


 Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров ги отфрли предлозите за испраќање мировници во Украина по евентуалниот прекин на огнот, оценувајќи ги како „празни разговори“. Според него предлозите на Лондон и на Париз се обид за понатамошно разгорување на судирот и измама со цел да и се овозможи на Украина повторно да се вооружи. Лавров тврди …

Лавров: Испраќањето на мировници во Украина се „празни разговори“ Read More »

Ле Риголер: Сите сме вклучени во подршката за реформа на судството


ЕУ и земјите членки ги поддржуваат реформите во судството, оти независноста на судството е едно од најважните прашања за пристапувањето во Унијата, изјави амбасадорот на Франција Кристоф Ле Риголер. -Знаете тоа е прашање од областа на внатрешната политика, не е наше да коментираме. И сепак ќе кажам дека темата за независноста на судството не е …

Ле Риголер: Сите сме вклучени во подршката за реформа на судството Read More »

Судски совет: Не бил прекршен законот при санкционирањето на Васил Јованов


Судскиот совет денеска усвои Извештај од спроведената работна посета на Основниот кривичен суд Скопје и Апелацискиот суд Скопје, при што утврди дека не бил прекршен законот при санкционирањето на Васил Јованов во случајот во кој му се судело за дрога. Јованов е обвинет и за прегазувањето на Фросина Кулакова на бул.Партизански одреди“ во Скопје. Како …

Судски совет: Не бил прекршен законот при санкционирањето на Васил Јованов Read More »

Украина сепак добила безбедносни гаранции од САД


 Украинскиот премиер Денис Шмихал го презентираше денеска нацрт-договорот за ретки метали со САД и изјави дека нацртот е формулиран на таков начин Вашингтон да ги поддржи напорите на Киев да добие безбедносни гаранции. Како што јавија агенциите, Шмихал не објасни за какви безбедносни гаранции станува збор. Шмихал додаде дека украинската Влада ќе го одобри нацрт-договорот …

Украина сепак добила безбедносни гаранции од САД Read More »

Приведен романскиот претседателски кандидат Георгеску


Романскиот проруски десничарски екстремист и поранешен претседателски кандидат Калин Георгеску денеска е приведен, објави неговиот изборен тим на Фејсбук. Не е соопштена причината за неговото приведување. Георгеску победи во првиот круг од претседателските избори во Романија на 24 ноември. Сепак, непосредно пред вториот круг гласање, Уставниот суд го поништи првиот круг поради нерегуларности во финансирањето …

Приведен романскиот претседателски кандидат Георгеску Read More »

Амбасади ѕвонеле во СДСМ зачудени од гласањето на Македонија за резолуциите за Украина


  Преставници на странските амбасади во земјата се јавувале вчера во СДСМ  за да изразат зачуденост и за да прашаат што стои зад начинот на кој нашата држава гласаше во Обединетите нации околу резолуциите што се однесуваа на Украина, а на што имаше и реакции во јавноста. Ова денес на прес-конференција го соопшти лидерот на …

Амбасади ѕвонеле во СДСМ зачудени од гласањето на Македонија за резолуциите за Украина Read More »

Спасовски: Борис Трајковски останува симбол на вистинско лидерство


„Борис Трајковски останува незаборавен и по 21 година како симбол на вистинско лидерство, што го негуваше и промовираше во еден исклучително тежок период. Во сите свои дејства тој ги поддржуваше соработката и помирувањето, за што беше признат од народот, политичарите и дипломатите, домашните и странските лидери“, напиша на фејсбук екс министерот Оливер Спасовски.  „Тој беше …

Спасовски: Борис Трајковски останува симбол на вистинско лидерство Read More »

Македонија е делумно слободна земја, оценува „Фридом хаус“


Северна Македонија е делумно слободна земја – ова е оценката што земјава ја доби за 2024 година од организацијата „Фридом хаус“ во својот најнов годишен извештај „Слобода во светот“ во кој, на глобално ниво, го оценува пристапот на луѓето до политичките и граѓанските права и слободи. На скала од 0 до 100 поени, на која 0 поени …

Македонија е делумно слободна земја, оценува „Фридом хаус“ Read More »

Протест пред Кривичниот суд за Феликс, се бара нова регулатива за насилствата врз животните


Денес во Кривичниот суд во Скопје почна судењето против Љубе Крстевски со соучесник, кој на суров начин, со метална шипка и речиси без повод го претепа до смрт бездомното куче Феликс, за што заработи кривична пријава од Здружението за заштита на животните Анима Мунди и ЈП Лајка. Адвокатот на обвинетиот побара време да ги разгледа …

Протест пред Кривичниот суд за Феликс, се бара нова регулатива за насилствата врз животните Read More »

Битиќи: Менувањето на некој непослушен со некој послушен не е реформа


Пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, вечерва ги коментираше состојбите во правосудството и потезите на власта, меѓу кои е и иницијативата за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Битиќи оцени дека чекорите на власта се во насока на партизација на правосудството, а таа ги прикажува како реформи. „Менувањето на кадри, на еден непослушен со друг …

Битиќи: Менувањето на некој непослушен со некој послушен не е реформа Read More »

Трамп ќе дава државјанство за пет милиони долари


Претседателот Доналд Трамп најави нов пат до американско државјанство: скапа златна картичка.САД ќе „продаваат“ златни картички за 5 милиони долари, објави Трамп во вторникот во Овалната соба. „Ќе ставиме цена на таа картичка од околу 5 милиони долари и тоа ќе ви даде привилегии за зелена карта [постојан жител], плус тоа ќе биде пат до …

Трамп ќе дава државјанство за пет милиони долари Read More »

МНР се обои како украинското знаме, иако Македонија гласаше против Украина


Министерството за надворешни работи вчера беше осветлено во  боите на украинското знаме, во чест на тригодишнината од, како што велат, „ издржливоста и храброста“.  „Застанувајќи покрај Украина во оваа борба, ние потврдуваме: време е за мир, крај на воената агресија и просперитетна иднина без крвопролевање“, објавија од МНР на социјалните мрежи.  Соопштението шпрактично ја отсликува …

МНР се обои како украинското знаме, иако Македонија гласаше против Украина Read More »

Најмногу девет дена во годината македонските граѓани дишат чист воздух


  Само два до девет дена во годината граѓаните во Македонија дишат чист воздух според податоците на мерните станици во поголемите градови во државата, порача Татјана Чакулев од „О2 Иницијативата“, во денешната расправа за аерозагадувањето во Постојаната анкетна комисија за заштитата на слободите и правата на граѓанинот. Велес, кој е еден од најзагадените градови во …

Најмногу девет дена во годината македонските граѓани дишат чист воздух Read More »

Власта ја бојкотира надзорната расправа за аерозагадувањето


Власта ја бојкотира расправата за аерозагадувањето во Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, која ја води лидерот на Левица, Димитар Апасиев. И покрај очигледните саботажи од спикерот на парламентот Африм Гаши и од пратениците на владеечката коалиција таа да се префрли во друга комисија што тие ја контролираат, по заканите …

Власта ја бојкотира надзорната расправа за аерозагадувањето Read More »

ДУИ прашува каде завршиле 1,2 милиони евра од граѓаните на Чаир


Изјавата на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, дека 1,2 милиони евра собрани од даноците на граѓаните на Чаир не се знае каде се потрошени, според ДУИ, претставува огромен скандал и бара итна и транспарентна истрага. „Обвинувањето дека толку голема сума јавни средства нема јасна намена укажува на сериозна злоупотреба на народните пари и скандалозно лошо …

ДУИ прашува каде завршиле 1,2 милиони евра од граѓаните на Чаир Read More »

СДСМ денес ќе предаде докази против Меџити во Владата


СДСМ преку писмено соопштение извести дека денеска  во Владата ќе му достави документи на премиерот Христијан Мицкоски за скандалот со Меџити. „СДСМ чувствува одговорност да реагира веднаш откако премиерот Мицкоски јавно повика да му се достават докази за сомнежите дека постои корупција и неправилности во работата“, велат од партијата. Од СДСМ најавија и изјава пред …

СДСМ денес ќе предаде докази против Меџити во Владата Read More »