СДСМ денес избира партиски претседател, Филипче единствен кандидат


Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денес избира нов партиски претседател. Актуелниот лидер на СДСМ, Венко Филипче, е единствен кандидат за претседател на партијата на редовните внатрепартиски избори. Изборите ќе се спроведат во општинските организации на СДСМ ширум републиката на 78 избирачки места, кои на денот на гласањето ќе бидат отворени од 8 до 20 часот. …

СДСМ денес избира партиски претседател, Филипче единствен кандидат Read More »

Протести против Трамп во над илјада американски градови


Вашингтон вчера беше еден од симболите на отпорот. Илјадници луѓе се собраа на само неколку блока од Белата куќа, со транспаренти „Hands Off“ — рацете подалеку — што претставува не само повик до Трамп, туку до сета политика на економска и социјална деструкција. Протестите, што се проширија низ над 1.000 американски градови и меѓународни престолнини …

Протести против Трамп во над илјада американски градови Read More »

Денес дожд, а во повисоките места и снег


Времето денеска ќе биде претежно облачно и студено со врнежи од дожд, а во повисоките места од дожд и снег. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (наместа над 70км/ч.), информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.  Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната …

Денес дожд, а во повисоките места и снег Read More »

ДПА: Рубио рекол дека Трамп го губи трпението со Путин


На американскиот претседател Доналд Трамп му истекува трпението со Русија додека се обидува да преговара за прекин на огнот во Украина, изјавија денеска за ДПА извори од НАТО. Министрите за надворешни работи на НАТО се состанаа во Брисел втор ден за да разговараат за зајакнување на одбранбените капацитети на алијансата, поради европските стравови од експанзионистичка …

ДПА: Рубио рекол дека Трамп го губи трпението со Путин Read More »

Соравиа Инвест: Најавената аукција на Соравија бизнис центарот е незаконска


Новиот сопственик и управител на Соравиа Бизнис Центар, Соравиа Инвест ДООЕЛ Скопје денеска објави соопштение во кое ги уверува закупците на деловниот простор дека нивните закупи, канцелариски простори, и услугите што ги добивааат нема да бидат засегнати од тековниот спор, и најавената аукција на зградата по барање на наплата на долг на еден од доверителите. …

Соравиа Инвест: Најавената аукција на Соравија бизнис центарот е незаконска Read More »

Филипче: Прво одбиваат лидерска, а потоа обвинуваат за моноетничност


Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, возврати денес на обвинувањата од албанскиот блок околу лидерската средба вчера со премиерот Христијан Мицкоски.    -Повикав на средба со сите претседатели на политичките партии, и да ве потсетам, претседател на една албанска партија рече дека тоа би било губење на време, а сега нè обвинуваат за некаква моноетничка средба. …

Филипче: Прво одбиваат лидерска, а потоа обвинуваат за моноетничност Read More »

Руте: Од САД слушнавме јасна посветеност на НАТО


Консензусот од дискусиите на дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО е дека како што светот станува поопасен, така и Алијансата станува попотребна од кога било досега, изјави генералниот секретар на Пактот, Марк Руте на денешната прес-конференција по завршувањето на министерската средба во Брисел.  – Сојузниците слушнаа многу јасна порака …

Руте: Од САД слушнавме јасна посветеност на НАТО Read More »

Радев: Често се забораваат лекциите од историјата


Често се забораваат лекциите од историјата дека во време на глобален конфликт не може да има изолирани острови на мир и спокојство. Ова го напиша на Фејсбук претседателот Румен Радев. Бугарија и Хашемитското Кралство Јордан се домаќини на состанокот на високо ниво „Процес Акаба за Балканот III“ во Софија. -Големиот предизвик со кој се соочува …

Радев: Често се забораваат лекциите од историјата Read More »

Во сабота и недела протести во Кочани


Под мотото „Ваш профит, Наши животи“ викендов во Кочани ќе се одржи протестен марш за правда за загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“. Маршот ќе се одржи в сабота и недела, со почеток во 15:59. Збирно место е Градскиот парк во Кочани. Маршутата на движење продолжува кон Основниот суд, полицијата и зградата на Општина Кочани. Инаку протестен …

Во сабота и недела протести во Кочани Read More »

ДКСК: Се е чисто околу имотот на Филипче


ДКСК ја провери фактичката состојба и потврди дека се е чисто со пријавениот имотот на Филипче, а воедно и го затвори предметот. Со ова се потврдува дека сите обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ за имотот на Филпче дека наводно имал непријавени станови, непријавен имот се лажни и невистинити. Во септември портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева на прес-конференција …

ДКСК: Се е чисто околу имотот на Филипче Read More »

Герасимовски: Полицијата, а не ПОЦ, одбивала да го подигне возилото


  Во однос на видеото коешто се шири по социјалните мрежи, градоначалникот Горан Герасимовски истакнува дека се крајно некоректни и манипулативни обидите од некои медиуми да се префрли одговорноста на Пајак службата на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ која професионално си ја врши работата. „Отстранувањето на непрописно паркираните возила е по налог на службено овластено лице. Во случајов нашите …

Герасимовски: Полицијата, а не ПОЦ, одбивала да го подигне возилото Read More »

Велика Британија и Франција го обвинија Путин за застој на мировните преговори за Украина


Велика Британија и Франција го обвинија рускиот претседател Владимир Путин за одложување на мировните преговори во Украина и побараа тој веднаш да одговори на Соединетите држави. Русија ефикасно ја отфрли понудата на Вашингтон за целосен и непосреден 30-дневен прекин на огнот, откако официјален Кремљ во понеделникот рече дека Москва ги смета напорите за ставање крај …

Велика Британија и Франција го обвинија Путин за застој на мировните преговори за Украина Read More »

Македонија и натаму ќе има најскапи патарини во Европа


Македонија ќе продолжи да ги има најскапите патарини во Европа за едни од најлошите и не безбедните патишта бидејќи пратениците од власта на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ одбија да гласаат по предлогот на Левица за намалување на истите за 50 отсто, соопштија од оваа партија.  -Предлогот го образложи пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, којшто посочи …

Македонија и натаму ќе има најскапи патарини во Европа Read More »

Американска мечувалка одби да се натпреварува против трансродова противничка


 Американката Стефани Тарнер е дисквалификувана од натпревар во мечување во САД, откако одби да се натпреварува против трансродова противничка.Тарнер клекна на колено пред борбата против Редмонд Саливен на натпреварувањето на Универзитетот во Мериленд, по што судиите и покажаа црн картон, а организаторите ја дисквалификуваа од натамошните борби во флорет. Правилата на Меѓународната федерација во мечување …

Американска мечувалка одби да се натпреварува против трансродова противничка Read More »

Граѓани во Дебар Маало принудија пајак служба да крене незаконски паркирано возило на полицаец


Граѓани издејствуваа пајак службата да земе возило неправилно паркирано пред ресторан во скопско „Дебар Маало“. По повеќеминутна расправија со вработените во пајак службата, кои првично не сакаа да го „кренат“ возилото со објаснување дека се работи за службено возило и дека сопственикот бил полицаец на должност, мораа да интервенираат.Тоа што ги изиритира граѓаните беше фактот …

Граѓани во Дебар Маало принудија пајак служба да крене незаконски паркирано возило на полицаец Read More »

Пренџов тврди: Решени сме да ги сотреме криминалот и корупцијата


Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов, кој во емисијата „24 Анализа“ дебатираше за а тоа како се води истрагата за пожарот во Кочани, тврдеше дека институциите успешно ја вршат работата уште од самиот почеток, а сето тоа јавноста го гледа, со оглед на целосната вклученост и напорите коишто ги прави МВР и министерот Панче …

Пренџов тврди: Решени сме да ги сотреме криминалот и корупцијата Read More »

Трајчулески за обезбедувачот на премиерот: Ако издавал државна тајна за 50.000 евра, што би направил за 500.000?


Зборуваме за безбедносен систем во кој најблиското обезбедување на премиерот Мицкоски е документирано кај што оддава државни тајни за пари. Ако тој оддал државна тајна за 50.000 евра, што бил спремен да направи за 500.000 евра, рече пратеникот на СДСМ Митко Трајчулески во емисијата 24 Анализа, на телевизија 24. Трајчулески нагласи дека безбедносниот систем е …

Трајчулески за обезбедувачот на премиерот: Ако издавал државна тајна за 50.000 евра, што би направил за 500.000? Read More »

Мицкоски: Ја научивме лекцијата, за клучните прашања мора да има единство


Премиерот Христијан Мицкоски во интервју вечерва изјави дека на средбата со лидерот на СДСМ ,Венко Филипче, разговарале  за градење на национален консензус за клучните прашања. -Ние можеме да се критикуваме за области за кои треба да има простор за критика, но кога станува збор за клучните правци, мора да изградиме култура која ќе значи единство …

Мицкоски: Ја научивме лекцијата, за клучните прашања мора да има единство Read More »

Костадинов: Владата води инает со Струмица, ни ги загрозува децата


Владата на ВМРО-ДПМНЕ удри и по нашите најмили, нашите деца, пишува во објава на Фејсбук градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. – Гневот, револтот и одбивноста кај сите струмичани кон владата на ВМРО-ДПМНЕ расте од ден на ден се повеќе. Да, Струмицо и тоа се случува, удараат и по нашите најмили, нашите деца!​Тотално немање емпатија, само …

Костадинов: Владата води инает со Струмица, ни ги загрозува децата Read More »

ДУИ: Премиерот потврди дека во Македонија постои „само законот на Мицкоски“


ДУИ ја оцени како загрижувачка и скандалозна  денешната изјава на премиерот во Парламентот, кој според нив, во својата ароганција јавно потврди она што граѓаните веќе знаат – дека државата е заробена!  „Наместо владеење на правото, постои само еден закон – „неговиот закон“, законот на партијата која ги узурпира институциите и која ј третира државата како …

ДУИ: Премиерот потврди дека во Македонија постои „само законот на Мицкоски“ Read More »