Грушко: Русија гледа британско влијание во „најновите провокации“ на Украина


 Рускиот заменик-министер за надворешни работи Александар Грушко изјави за локалните медиуми синоќа дека земјата гледа британско влијание во она што тој го нарече „најновите провокации“ на Украина насочени кон нарушување на мировниот проес. Претходно вчера, руското Министерство за надворешни работи соопшти дека Украина се обидела да ја нападне резиденцијата на претседателот Владимир Путин во регионот …

Грушко: Русија гледа британско влијание во „најновите провокации“ на Украина Read More »

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала


Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, синоќа во 22 часот и 6 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, на околу 103 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.8. Според досегашните податоци со …

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала Read More »

Ќе се потпише договор со ЕБРД за заем за набавка на локомотиви за ЖРСМ „Транспорт“


Во Владата денеска ќе биде потпишан договор за заем со Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) за обнова на возен парк за потребите на ЖРСМ Транспорт АД Скопје. Најавено е обраќање на премиерот Христијан Мицкоски, а ќе присуствуваат и претставници на ЕБРД, на Министерството за транспорт и на раководството на ЖРСМ Транспорт. Вицепремиерот и …

Ќе се потпише договор со ЕБРД за заем за набавка на локомотиви за ЖРСМ „Транспорт“ Read More »

Зеленски: Не можеме само да се повлечеме од нашите територии


Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина, како дел од кој било мировен договор со Русија, не може едноставно да се повлече од своите територии, нагласувајќи дека ова прашање оди подалеку од законската рамка и директно влијае на животите на луѓето. Тој го кажа ова во интервју со новинарот Брет Бајер за Фокс њуз. „Не …

Зеленски: Не можеме само да се повлечеме од нашите територии Read More »

Претпладне сончево, а попладне облачно


 Времето денеска во земјава претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од минус 5 до 0, а максималните ќе достигнат …

Претпладне сончево, а попладне облачно Read More »

Повеќе скопски општини без струја и вода поради плански зафати


Повеќе скопски општини денеска ќе се соочат со прекини во електричната енергија и водоснабдувањето поради зафати на ЕВН Македонија и ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Дел од населението во Петровец, Студеничани, Сопиште, Ѓорче Петров и Кисела Вода ќе остане без струја во различни термини, додека неколку улици во Карпош и Кисела Вода ќе имаат …

Повеќе скопски општини без струја и вода поради плански зафати Read More »

Еврообврзницата ќе се издаде во првиот квартал од 2026 година во два дела со различна рочност


Еврообврзницата која што е предвидено да се издаде на меѓународниот пазар следната година ќе биде поделена во два дела од по 500 милиони евра со различен рок на доспевање. Ова го соопшти министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на вчерашната средба со новинари на која посочи дека целта на издавање на еврообврзницата во два дела со …

Еврообврзницата ќе се издаде во првиот квартал од 2026 година во два дела со различна рочност Read More »

Бислимовски: Последното зголемување на цената на струјата не можеше да се избегне


Последното зголемување на цената на струјата не можеше да се избегне,  вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски во интервју за „360 степени“ на МРТ 1.  Според Бислимовски, треба да се покаже разбирање за „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ) бидејќи државната компанија, како што вели, мора да застане на здрави нозе. – Во …

Бислимовски: Последното зголемување на цената на струјата не можеше да се избегне Read More »

Трамп: Нетанјаху понекогаш е тежок, се надевам дека втората фаза од мировниот план за Газа ќе стапи на сила многу брзо


Израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху „понекогаш е тежок“, рече денеска американскиот претседател Доналд Трамп, пречекувајќи го израелскиот премиер во неговиот имот Мар-а-Лаго во Флорида. Двајцата заедно рекоа дека радикалната палестинска група Хамас, чиј напад на израелска територија на 7 октомври 2023 година ја започна двегодишната војна во Појасот Газа, мора да се разоружа. Трамп додаде дека …

Трамп: Нетанјаху понекогаш е тежок, се надевам дека втората фаза од мировниот план за Газа ќе стапи на сила многу брзо Read More »

Последна седница на Собранието годинава, донесени повеќе закони по скратена постапка


Собранието попладнево, во рамки на 79. седница, донесе повеќе закони во скратена постапка. Усвоени беа измените и дополнувањата на законите за градење, за електронски комуникации, за вработување и осигурување во случај на невработеност, како и за пензиско и инвалидско осигурување. Пратениците ги изгласаа и измените на законите за трговија и за инспекциски надзор. На седницата …

Последна седница на Собранието годинава, донесени повеќе закони по скратена постапка Read More »

Европа на раскрсница, ќе мора да избере помеѓу развојот на вештачката интелигенција и климатските амбиции


Денес, Европа се соочува со клучна одлука дали да се приклучи на глобалната трка за развој на вештачката интелигенција или да продолжи да остане посветена на своите главни климатски цели, предупредуваат експертите анкетирани од Си-Ен-Би-Си. Инвеститорите и менаџерите на фондови предупредуваат дека енергетските регулативи и амбициозните климатски планови го отежнуваат брзото развивање на инфраструктурата потребна …

Европа на раскрсница, ќе мора да избере помеѓу развојот на вештачката интелигенција и климатските амбиции Read More »

Европските пензиски системи се неодржливи, а пензиите се премногу ниски, покажува истражување


Повеќето Европејци веруваат дека државните пензиски системи на нивните земји наскоро ќе станат финансиски неодржливи, но тие исто така веруваат дека сегашните пензии се премногу ниски и се спротивставуваат на клучните реформи како што е зголемувањето на возраста за пензионирање. Ова го покажа големото истражување на YouGov спроведено во шест европски земји, објавува Гардијан. Со …

Европските пензиски системи се неодржливи, а пензиите се премногу ниски, покажува истражување Read More »

Горивата поскапуваат за половина денар


Бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинствата поскапуваат за половина денар од ноќеска на полноќ, одлучи денеска  Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).  Новата цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС  95 ќе изнесува 70,50 денари за литар, на ЕУРОСУПЕР БС – 98, 72,50 денари, на дизел горивото …

Горивата поскапуваат за половина денар Read More »

Ќе се воведува интелигентен транспортен систем на Коридорот 10 – потпишан Договор за грант со Светска банка


Македонија обезбеди грант од 13,56 милиони евра – дополнителни средства во рамки на Проектот за олеснување на трговијата и транспортот на Западен Балкан. Договорот за грант помеѓу Македонија и Светска банка, која дејствува како водечка финансиска институција за Инвестициската рамка за Западен Балкан – Програма за безбеден и одржлив транспорт, го потпишаа министерката за финансии …

Ќе се воведува интелигентен транспортен систем на Коридорот 10 – потпишан Договор за грант со Светска банка Read More »

Во Техеран втор ден протести на трговците поради инфлацијата и девалвацијата на риалот


 Иранските трговци денеска, втор ден по ред протестираат поради рекордно високата девалвација на домашната валута риалот во однос на американскиот долар. Илјадници трговци денеска во центарот на Техеран протестираа и ги повикаа другите да ги затворат продавниците и да им се придружат. Полицијата не интервенираше на вчерашниот протест на кои беа извикувани и антивладини слогани. …

Во Техеран втор ден протести на трговците поради инфлацијата и девалвацијата на риалот Read More »

Стапката на сиромаштија намалена на 21,9 проценти, има подобрување и кај нееднаквоста во доходите, вели Мицкоски


Претседателот на Владата, Христијан  Мицкоски, денеска пред медиумите истакна дека Владата постојано работи на подобрување на условите за живот на населението и на поголема еднаквост при распределбата на приходите кај населението. Во текот на денешната посета на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, одговарајќи на новинарски прашања се осврна и на последните статистички …

Стапката на сиромаштија намалена на 21,9 проценти, има подобрување и кај нееднаквоста во доходите, вели Мицкоски Read More »

Од 1 јануари во Брисел стартува забрана за дизел возилата со Еуро 5 и бензинците со Еуро 2 стандарди


 На дизел возилата што ги исполнуваат стандардите Еуро 5 и возилата на бензин со стандардите Еуро 2 од 1 јануари 2026 година ќе им биде забрането движење во регионот на Брисел, соопшти бриселската Регионална агенција за животна средина. Агенцијата информира и дека за ваквата забрана ќе испрати писма со предупредување до сопствениците на возила што …

Од 1 јануари во Брисел стартува забрана за дизел возилата со Еуро 5 и бензинците со Еуро 2 стандарди Read More »

Народна банка: Нето надворешниот долг на земјата намален за 106 милиони евра во третиот квартал од 2025


Народната банка ги објави информациите за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција за крајот на третиот квартал од 2025 година.   – На 30.9.2025 година, нето надворешниот долг изнесува 4.494 милиони евра (или 27,1% од проектираниот БДП). Нето надворешниот долг на земјата, во третиот квартал од 2025 година, е намален за …

Народна банка: Нето надворешниот долг на земјата намален за 106 милиони евра во третиот квартал од 2025 Read More »

Започнаа номинациите за петтото јубилејно издание на изборот на најдобрите е-трговци за 2025 година


Започна петтото јубилејно издание на изборот на најдобрите е-трговци во земјава за 2025 година – E-commerce Awards. Оваа иницијатива, која од 2020 година се организира од страна на Асоцијацијата за е-трговија, континуирано ја препознава и наградува извонредноста во македонската е-трговија, годинава одбележува значаен јубилеј, потврдувајќи ја својата улога како релевантен показател за квалитет, доверба и …

Започнаа номинациите за петтото јубилејно издание на изборот на најдобрите е-трговци за 2025 година Read More »

Каде во Европа најмногу се користи вештачката интелигенција: Македонија во долниот дел на рангирањето


Генеративната вештачка интелигенција (Gen AI) брзо се претвори од нова технологија во секојдневна алатка. Од приватна употреба до работа и образование, милиони луѓе низ Европа сега се потпираат на алатки како ChatGPT, Gemini и Grok, но стапките на усвојување на технологијата драматично варираат меѓу земјите, пишува Euronews Next. Алатките за генеративна вештачка интелигенција им овозможуваат …

Каде во Европа најмногу се користи вештачката интелигенција: Македонија во долниот дел на рангирањето Read More »