Во акцијата за фаќање на Мадуро убиени повеќето од неговите телохранители


Голем дел од личното обезбедување на соборениот венецуелски претседател Николас Мадуро беше убиен вчера во американската операција за негово апсење, изјави венецуелскиот министер за одбрана Владимир Падрино. Тој уште еднаш побара ослободување на Мадуро и го осуди „ладнокрвното“ убиство на неговите телохранители. Падрино не го наведе точниот број на убиени припадници на обезбедувањето на Мадуро. …

Во акцијата за фаќање на Мадуро убиени повеќето од неговите телохранители Read More »

Поведена постапка за сообраќајната несреќа во Волково во која загина пешак


Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Како што соопшти ЈОРМ, осомничената 40-годишна скопјанка, на 3 јануари вечерта во Волково …

Поведена постапка за сообраќајната несреќа во Волково во која загина пешак Read More »

Ливерпул испушти победа над Фулам по гол примен во 90+7 минута


Ливерпул ремизираше 2:2 вечерва со Фулам на гостински терен во 20. коло од Премиер лигата. Напаѓачот на домаќините, Хари Вилсон, го отвори резултатот во 17. минута. Играчот од средниот ред на Ливерпул, Флоријан Вирц, постигна гол во 57. минута, а напаѓачот на гостите, Коди Гакпо, му донесе водство на својот тим во 90+4 минута. Во …

Ливерпул испушти победа над Фулам по гол примен во 90+7 минута Read More »

Служба за цивилно воздухопловство на Грција: Масовно попречување на фреквенциите во воздушниот простор


 На 4 јануари 2026 година, во 08:59 часот по локално време, Службата се соочи со масовно попречување на речиси сите фреквенции што го опслужуваат F.I.R. Атина (воздушниот простор на Грција), а истовремено беше забележан пад на комуникациските линии HELLAS COM, како и на телефонските линии за оперативна комуникација, соопштија од Службата за цивилно воздухопловство на …

Служба за цивилно воздухопловство на Грција: Масовно попречување на фреквенциите во воздушниот простор Read More »

Грчките земјоделци в четврток и петок целосно ќе ги блокираат главните патни правци низ Грција


Со 48-часовна блокада на целата национална патна мрежа, на споредните патишта и на клучните патни правци во Грција, како и на граничните премини, но веројатно само за камиони, в четврток и петок грчките земјоделци ги продолжуваат нивните активности по празниците, согласно одлуките што ги донесоа на повеќечасовниот состанок одржан денеска со учество на претставници на …

Грчките земјоделци в четврток и петок целосно ќе ги блокираат главните патни правци низ Грција Read More »

Медведев: Постапките на Трамп се нелегални, но конзистентни


Дмитри Медведев, заменик-претседател на Советот за национална безбедност на Русија, изјави дека постапките на американскиот претседател Доналд Трамп во Венецуела се нелегални, но и конзистентни бидејќи тој ги брани американските интереси, објави руската новинска агенција ТАСС. „Мора да се признае дека, освен очигледната нелегалност на однесувањето на Трамп, не можеме да негираме одредена конзистентност во …

Медведев: Постапките на Трамп се нелегални, но конзистентни Read More »

(Фото) Снегот го забели Белград. Откажани летови, бројни проблеми во сообраќајот


Во текот на ноќта и денот, во главниот град на Србија, Белград, падна обилен снег, што предизвика сообраќаен метеж во делови од градот и доведе до откажување на некои летови на аеродромот Никола Тесла.   Дополнително, во некои делови од Србија падна замрзнат дожд. Портокалово предупредување за опасни временски услови е на сила во Белград, …

(Фото) Снегот го забели Белград. Откажани летови, бројни проблеми во сообраќајот Read More »

Рубио: Не ни треба нафтата на Венецуела, но не сакаме глобалните ривали на САД да ги преземат нејзините ресурси


 САД не се во војна со Венцуела туку со наркотрговците, и не ни треба венецуелската нафта, но не сакаме глобалните ривали и противници на Америка да ги преземат венецуелските ресурси, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио за Ен Би Си, коментирајќи ја американската интервенција во Венецуела и апсењето на претседателот Николас Мадуро. – Тоа што …

Рубио: Не ни треба нафтата на Венецуела, но не сакаме глобалните ривали на САД да ги преземат нејзините ресурси Read More »

Евростат: 57,1 отсто од албанските граѓани живеат во пренаселени станови


Пренатрупаноста во становите останува еден од најсериозните социјални проблеми во Албанија. Во најновиот извештај на Евростат се истакнува дека 57.1 отсто од албанските граѓани живеат во пренатрупани станови, што ја рангира земјата на второ место во Европа, по Црна Гора, по големите тешкотии во условите за домување и животниот стандард, објавија медиумите во Албанија. Според …

Евростат: 57,1 отсто од албанските граѓани живеат во пренаселени станови Read More »

(Видео) Објавени снимки од Мадуро со лисици. САД: Куба е во голема неволја


Заробениот венецуелски претседател Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес се префрлени во Њујорк по големата американска воена операција во Венецуела. Footage of Former Venezuelan President Nicolás Maduro entering the DEA Building earlier in New York City, telling bystanders “Goodnight” and wishing them a “Happy New Year.” pic.twitter.com/v4mctwzyc2 — OSINTdefender (@sentdefender) January 4, 2026 Мадуро …

(Видео) Објавени снимки од Мадуро со лисици. САД: Куба е во голема неволја Read More »

„Њујорк тајмс“: Најмалку 40 убиени во американскиот напад врз Венецуела


Најмалку 40 лица, вклучувајќи воен персонал и цивили, се убиени во американските воздушен напад врз Венецуела рано во саботата наутро, изјавил висок венецуелски функционер за „Њујорк тајмс“. Весникот пренесува дека во нападот имало цивилни жртви, особено во Катија Ла Мар, сиромашна крајбрежна област западно од аеродромот во Каракас, каде што била погодена трикатна станбена зграда, …

„Њујорк тајмс“: Најмалку 40 убиени во американскиот напад врз Венецуела Read More »

Заминувањето на Мадуро е добро за Венецуела, но САД го кршат меѓународното право, вели францускиот министер за надворешни работи


 Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро денеска оцени дека заминувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, кој беше заробен во американската воена операција во саботата и однесен во Њујорк, е „добра вест за Венецуелците“, но истакна дека САД со интервенцијата го кршат меѓународното право. Во изјава за јавната телевизија Франс 2, Баро рече дека „Мадуро …

Заминувањето на Мадуро е добро за Венецуела, но САД го кршат меѓународното право, вели францускиот министер за надворешни работи Read More »

СМС за итно предупредување поради интензивни врнежи од снег, испрати српскиот Хидрометеоролошки завод


Српскиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) денеска соопшти дека е активиран системот за испраќање СМС информации за итни случаи до граѓаните поради леден дожд што се очекува од 5 до 7 јануари во Срем, Белград, Јужен Банат, Поморавље, источна, западна и делови од југозападна Србија.  Во итното предупредување, наведено е дека се очекуваат многу опасни услови за …

СМС за итно предупредување поради интензивни врнежи од снег, испрати српскиот Хидрометеоролошки завод Read More »

Сопруга на советник на Трамп објави мапа на Гренланд и напиша – наскоро, Данска вознемирена


Отако САД го заробија венецуелскиот претседател Николас Мадуро вчера, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата администрација ќе „ја води Венецуела“ сè додека не се изврши транзиција на власта. Изјавата, како и самата воена интервенција, предизвика загриженост дека Трамп би можел да го насочи своето внимание кон други делови од светот. Особено се зголеми загриженоста …

Сопруга на советник на Трамп објави мапа на Гренланд и напиша – наскоро, Данска вознемирена Read More »

„Јон Вардар против Галаксијата“ со почесна награда за визуелна имагинација во Кина


Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ доби меѓународно признание во Кина, каде што беше одликуван со Почесна награда за визуелна имагинација во главната натпреварувачка селекција на Blue Planet Sci-Fi Film Festival. Наградата ја доделува Организацискиот комитет на фестивалот и претставува признание за исклучителниот визуелен концепт и иновативниот пристап во градењето на изгледот …

„Јон Вардар против Галаксијата“ со почесна награда за визуелна имагинација во Кина Read More »

Извозот на земјоделски производи лани бил поголем за 5,5 отсто во однос на 2024.


Зголемен е извозот на земјоделски производи за 5,5 проценти во 2025 година споредбено со 2024 година, вели министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски. Во интервју за емисијата „Аграр“, Трипуновски посочува дека според податоците на Државниот завод за статистика во периодот јануари–октомври 2025 година во споредба со истиот период во 2024 година, извозот на …

Извозот на земјоделски производи лани бил поголем за 5,5 отсто во однос на 2024. Read More »

Наполи го победи Лацио во натпревар со три црвени картони


Наполи попладнево го победи Лацио со 2:0 на гостински терен во 18. коло од Серија А. Дефанзивецот на гостите, Леонардо Спинацола, го отвори резултатот во 13. минута, Амир Рахмани во 32. минута ги постави конечните 2:0. Во 81. минута, напаѓачот на Лацио, Тијани Нослин, доби втор жолт картон поради сопнување и беше исклучен. Пет минути …

Наполи го победи Лацио во натпревар со три црвени картони Read More »

Што е спорно за Бугарија во Акцискиот план за малцинствата. Им пречи македонскиот јазик, вели Мицкоски


Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека главната забелешка на Бугарија за Акцискиот план за малцинствата бил македонскиот јазик. Освен Бугарија, ниту една друга држава членка на ЕУ, немала забелешки за овој документ. Според Мицкоски, ова уште еднаш покажува дека проблемите со Бугарија се многу подлабоки и дека немаат врска со исполнувањето на Копенхагенските критериуми за …

Што е спорно за Бугарија во Акцискиот план за малцинствата. Им пречи македонскиот јазик, вели Мицкоски Read More »

Проектот Градски воз ќе се гради во три фази, се очекува драстично намалување на користењето на моторни возила


Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во врска со прогресот на проектот Градски воз, изјави дека проектот е исклучително важен и оти првата фаза веќе е отпочната. – Градски воз е исклучително важен проект за приградските населби и општини до центарот на главниот град. Во три фази ќе биде. Првата фаза веќе …

Проектот Градски воз ќе се гради во три фази, се очекува драстично намалување на користењето на моторни возила Read More »

Владата ќе ги зголемува глобите за „непослушните“ маркети


 Во првиот квартал од годинава се очекува да бидат поднесени до Парламентот законските измени со кои ќе се зголемат глобите за оние трговски ланци кои не ги почитуваат одредбите од Законот за нефер трговски практики во кој сега максималната глоба е 20.000 евра.  – Како Влада не сме љубители веднаш на репресивни мерки и секогаш …

Владата ќе ги зголемува глобите за „непослушните“ маркети Read More »