На ГП Ники (ГП Меџитлија) забрана за движење на товарни возила


На ГП Ники (ГП Меџитлија) има забрана за движење на товарни возила, која ќе трае до 10 јануари, до 10:00 часот. Сообраќајот за патнички моторни возила ќе се одвива со нормален тек, соопшти АМСМ. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор …

На ГП Ники (ГП Меџитлија) забрана за движење на товарни возила Read More »

Фондот за здравство и ПМФ склучуваат договор за унапредување на молекуларната онколошка дијагностика


Генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски и деканот на Природно-математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Даворин Трпески, денеска во просториите на ПМФ ќе потпишат договор за унапредување на молекуларно – дијагностичките капацитети во земјата, со директно влијание врз современото и персонализирано лекување на онколошките пациенти. Со склучениот договор, како што …

Фондот за здравство и ПМФ склучуваат договор за унапредување на молекуларната онколошка дијагностика Read More »

Сириската влада прогласи прекин на огнот по судирите во Алепо


 Сириското Министерство за одбрана денеска прогласи прекин на огнот во северниот сириски град Алепо, по неколкудневните жестоки судири меѓу силите предводени од Курдите и владините трупи, јави ДПА. Прекинот на огнот започна во населбите Шеик Максуд, Ашрафија и Бани Заид во Алепо од 3 часот наутро( на полноќ по среднопевропско време), соопшти министерството.  Вооружените групи …

Сириската влада прогласи прекин на огнот по судирите во Алепо Read More »

Променливо облачно време со сончеви периоди


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од минус девет до минус два, а максималната ќе …

Променливо облачно време со сончеви периоди Read More »

Автобус во Белград возеше наназад поради мраз. Погледнете го видеото


Снегот што го покри Белград утрово предизвика бројни проблеми во сообраќајот, а возилата на јавниот превоз се мачат да се движат по стрмните и замрзнати улици и се најпогодени. Сепак, една сцена ги надмина сите други. На социјалните мрежи се појави видео од автобус кој, не можејќи да се движи напред, вози наназад за да …

Автобус во Белград возеше наназад поради мраз. Погледнете го видеото Read More »

ОпенАИ го лансира „Чет ГПТ хелт“ за анализа на медицински податоци


OpenAI, со седиште во САД, лансираше нова функција, ChatGPT Health, која може да ги анализира медицинските картони на корисниците за да даде поточни одговори. Сепак, овој потег веднаш покрена загриженост за приватноста, објавува Би-Би-Си. OpenAI ги охрабрува корисниците да ги споделуваат своите медицински картони и податоци од апликации како MyFitnessPal, така што нејзината вештачка интелигенција …

ОпенАИ го лансира „Чет ГПТ хелт“ за анализа на медицински податоци Read More »

Македонските ракометари ја совладаа репрезентацијата на Бахреин


 Победа на стартот на „Јелоу куп“ за македонските ракометари, кои на отворањето го совладаа Бахреин со 32:28 (15:13). Утре во дуелот од второто коло од турнирот македонскиот тим ќе игра против Украина (почеток 17:45). Избраниците на селекторот Кирил Лазаров во првиот дел имаа постојано водство, а на полувреме беше 15:13. На почетокот на вториот дел …

Македонските ракометари ја совладаа репрезентацијата на Бахреин Read More »

(Видео) Експлозија на гас уништи станбена зграда во Германија. Загина семејство со шестгодишно дете


Три лица, вклучувајќи и шестгодишно дете, беа убиени во ужасна експлозија на гас што целосно уништи станбена зграда во германскиот град Албштат рано утрово. Уривањето се случи околу 5 часот наутро во населбата Таилфинген во градот, а полицијата потврди дека членовите на семејството, на возраст од 33, 30 и 6 години, се убиени, објавува Билд. …

(Видео) Експлозија на гас уништи станбена зграда во Германија. Загина семејство со шестгодишно дете Read More »

Четири години затвор за поранешниот романски министер за финансии Даниел Кицоју


Поранешниот министер за финансии на Романија, Даниел Кицоју, денеска е правосилно осуден на четири години затвор поради предизвикување сообраќајна несреќа со две жртви во 2019 година. Апелацискиот суд во Питешт ја донесе конечната одлука, утврдувајќи дека Кицоју возел во спротивна насока и директно се судрил со автомобил во кој биле 82-годишен маж и неговата 73-годишна …

Четири години затвор за поранешниот романски министер за финансии Даниел Кицоју Read More »

Грчките земјоделците веројатно во вторник ќе се сретнат со Мицотакис


Новата покана од владиниот портпарол Павлос Маринакис до земјоделците за средба со грчкиот премиер, се чини дека е позитивно оценета од земјоделците, кои веројатно ќе ја прифатат и во вторник ќе се сретнат со Мицотакис во премиерската палата, јави дописничката на МИА од Атина. На денешниот редовен брифинг со новинарите, Маринакис посочи дека Владата продолжува …

Грчките земјоделците веројатно во вторник ќе се сретнат со Мицотакис Read More »

Хрватската влада го номинира гувернерот на ХНБ, Борис Вујчиќ, за потпретседател на Европската централна банка


Хрватската влада го номинираше гувернерот на Хрватската народна банка (ХНБ), Борис Вујчиќ, за позицијата потпретседател на Европската централна банка (ЕЦБ), а министерот за правда, администрација и дигитална трансформација Дамир Хабијан, во изјава за новинарите по седницата на Владата, даде целосна поддршка за неговата кандидатура. „На иницијатива на Вујчиќ, Владата денес, на затворена седница, ја предложи …

Хрватската влада го номинира гувернерот на ХНБ, Борис Вујчиќ, за потпретседател на Европската централна банка Read More »

Секое четврто возило во Европа има катализатор произведен во Македонија


Во најновото издание на поткастот „Бизнис-клуб“ гостин на претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески е м-р Боријан Борозанов, директор за европски операции во секторот за чист воздух во „Џонсон Мети“- водечки глобален понудувач на технологии за чист воздух, и генерален директор на „Џонсон Мети“ ДООЕЛ, Скопје. Во разговорот тие се осврнаа на …

Секое четврто возило во Европа има катализатор произведен во Македонија Read More »

„Нвидиа“ пред „Епл“: Кој доминира меѓу највредните компании во светот


Гигантот за вештачка интелигенција (ВИ) „Нвидиа“ минатата година го престигна производителот на ајфон, „Епл“ и стана највредна компанија во светот со средства вредни повеќе од 4,5 билиони долари, според студија објавена во среда. „Епл“ беше проценет на околу 4 билиони долари, соопшти консултантската фирма EY во извештај достапен за Дпа. Проценката на „Нвидиа“  е речиси …

„Нвидиа“ пред „Епл“: Кој доминира меѓу највредните компании во светот Read More »

Годишната инфлација лани 4,1 отсто, месечната во декември 0,4 отсто


Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во декември 2025 година во однос на ноември 2025 изнесуваше 0,4 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Индексот на трошоците на живот во 2025 година во однос на 2024 бележи пораст од 4,1 процент, а индексот на цените на мало од 3,6  проценти.         …

Годишната инфлација лани 4,1 отсто, месечната во декември 0,4 отсто Read More »

Фокс њуз: Трамп одобри царини од 500 проценти за земјите што купуваат евтини енергенси од Русија


Американскиот претседател, Доналд Трамп, го одобри предлог законот за санкции против Русија, што вклучува царини од 500 проценти за увоз на стоки од земји што купуваат нафта, нафтени деривати или ураниум од Москва, и тој сега оди во натамошна постапката, соопшти американскиот сенатор Линдзи Греам. Објавениот закон ќе му овозможи на претседателот Трамп да ги …

Фокс њуз: Трамп одобри царини од 500 проценти за земјите што купуваат евтини енергенси од Русија Read More »

Рудник САСА и годинава, по традиција, обезбеди празнична поддршка за вработените и локалната заедница


Во периодот на новогодишни и божиќни празници, продолжувајќи ја својата долгогодишна традиција на грижа и солидарност, Рудник САСА, самостојно и преку својата Фондација, реализираше повеќе активности со цел да им донесе празнична радост и конкретна поддршка на своите вработени и на пошироката локална заедница во Македонска Каменица. Како дел од традиционалните празнични активности беа обезбедени …

Рудник САСА и годинава, по традиција, обезбеди празнична поддршка за вработените и локалната заедница Read More »

Семејствата на загинатите и повредените во пожарот во Кран Монтана поднесоа кривична пријава


Семејствата на луѓето кои загинаа или беа повредени во пожарот што за време на новогодишната ноќ избувна во барот „Констелејшн“ во швајцарскиот скијачки центар Кран Монтана поднесоа кривична пријава до швајцарското обвинителство, изјави адвокатот што ја застапува групата жртви. „Семејствата поднесоа барања и се приклучија на постапката како обвинители. Овие барања беа прифатени (од обвинителството)“, …

Семејствата на загинатите и повредените во пожарот во Кран Монтана поднесоа кривична пријава Read More »

Со швајцарско искуство до полесно идентификување на потребите на пазарот на труд


Методологија за надградба на вештини на вработените ориентирана кон работното место, базирана на швајцарски искуства, изработија Стопанската комора на Северна Македонија, како мост помеѓу компаниите и како главни креатори на потребата од вештини и државните институции како генератор на податоци кои служат за понатамошно прогнозирање на потребите од вештини. Методологијата е базирана на „GO Model“ …

Со швајцарско искуство до полесно идентификување на потребите на пазарот на труд Read More »

Девизните резерви во декември лани изнесуваа 4,9 милијарди евра, еве во што се чуваат


На крајот на декември 2025 година, официјалните девизни резерви изнесуваат 4.925,3 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 63,1 милион евра, објави Народната банка.  Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (74,2 проценти), по што следуваат монетарното злато (16,5 проценти) и валутите и депозитите (9,3 проценти). Како …

Девизните резерви во декември лани изнесуваа 4,9 милијарди евра, еве во што се чуваат Read More »

Српскиот премиер најавува „добри вести“ во врска со НИС


Премиерот на Србија, Ѓуро Мацут, потврди дека претставници на унгарскиот МОЛ пристигнале во Србија пред неколку дена и почнале да го анализираат работењето на Нафтената индустрија на Србија (НИС), изразувајќи очекување дека „во наредниот период ќе следат добри вести“. Мацут за РТС денеска изјави дека доаѓањето на претставникот на МОЛ е дел од постапката што …

Српскиот премиер најавува „добри вести“ во врска со НИС Read More »