РСБСП апелира на внимателно и одговорно возење во зимски услови


Според прогнозите во наредните денови се најавени снежни врнежи и значителен пад на температурите, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) потсетува на потребата од внимателно и одговорно управување со моторните возила, како и задолжително правилно користење на зимска опрема. -Пред поаѓање на пат, неопходно е возилото соодветно да се подготви за управување …

РСБСП апелира на внимателно и одговорно возење во зимски услови Read More »

Масовни протести во Иран, се палат владини згради, поддршка од синот на соборениот шах Реза Пахлави


 Во Техеран и другите ирански градови се одржуваат масовни антивладини протести, а снимките од теренот ги покажуваат најголемите демонстрации против клерикалниот режим во последниве години.  Немирите, што влегоа во 12-тиот ден, се поттикнати од гневот поради падот на вредноста на националната валута и се проширија во повеќе од 100 градови низ земјата. Протестите се дополнително …

Масовни протести во Иран, се палат владини згради, поддршка од синот на соборениот шах Реза Пахлави Read More »

Две лица ранети од припадник на американската служба за имиграција ICE во Портланд


Две лица се застрелани и ранети од припадник на американската Служба за имиграција и царина (ICE) за време на операција во американскиот град Портланд, соопштија синоќа локалните власти, пренесува ДПА. Инцидентот се случил еден ден откако 37-годишната Американка Рене Гуд, беше застрелана во нејзиниот автомобил за време на операција на ICE во градот Минеаполис. Убиството, …

Две лица ранети од припадник на американската служба за имиграција ICE во Портланд Read More »

Без струја улицата „Тодор Чангов“ – крак 48 во Аеродром


Без електрична енергија денеска ќе останат корисниците од ул. Тодор Чангов – крак 48. (општина Аеродром). Како што соопшти РЦУК Скопје по известување од ЕВН Македонија АД, прекинот во снабдувањето со електрична енергија ќе биде  во периодот од 09.00 до 11.00 часот

Страшен напад со „Орешник“ врз Киев и Лавов: Руска одмазда за наводниот удар врз резиденцијата на Путин


Најмалку четири лица беа убиени, а 19 повредени во Киев откако Русија изврши масовен напад со ракети и беспилотни летала низ Украина синоќа, пишува Киев Индепендент. Меѓу загинатите е и болничар, жртва на таканаречен „двоен удар“, додека 14 од 19 повредени се хоспитализирани, потврди градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко. „Еден болничар е убиен, а четворица се …

Страшен напад со „Орешник“ врз Киев и Лавов: Руска одмазда за наводниот удар врз резиденцијата на Путин Read More »

На ГП Ники (ГП Меџитлија) забрана за движење на товарни возила


На ГП Ники (ГП Меџитлија) има забрана за движење на товарни возила, која ќе трае до 10 јануари, до 10:00 часот. Сообраќајот за патнички моторни возила ќе се одвива со нормален тек, соопшти АМСМ. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор …

На ГП Ники (ГП Меџитлија) забрана за движење на товарни возила Read More »

Фондот за здравство и ПМФ склучуваат договор за унапредување на молекуларната онколошка дијагностика


Генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски и деканот на Природно-математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Даворин Трпески, денеска во просториите на ПМФ ќе потпишат договор за унапредување на молекуларно – дијагностичките капацитети во земјата, со директно влијание врз современото и персонализирано лекување на онколошките пациенти. Со склучениот договор, како што …

Фондот за здравство и ПМФ склучуваат договор за унапредување на молекуларната онколошка дијагностика Read More »

Сириската влада прогласи прекин на огнот по судирите во Алепо


 Сириското Министерство за одбрана денеска прогласи прекин на огнот во северниот сириски град Алепо, по неколкудневните жестоки судири меѓу силите предводени од Курдите и владините трупи, јави ДПА. Прекинот на огнот започна во населбите Шеик Максуд, Ашрафија и Бани Заид во Алепо од 3 часот наутро( на полноќ по среднопевропско време), соопшти министерството.  Вооружените групи …

Сириската влада прогласи прекин на огнот по судирите во Алепо Read More »

Променливо облачно време со сончеви периоди


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од минус девет до минус два, а максималната ќе …

Променливо облачно време со сончеви периоди Read More »

Автобус во Белград возеше наназад поради мраз. Погледнете го видеото


Снегот што го покри Белград утрово предизвика бројни проблеми во сообраќајот, а возилата на јавниот превоз се мачат да се движат по стрмните и замрзнати улици и се најпогодени. Сепак, една сцена ги надмина сите други. На социјалните мрежи се појави видео од автобус кој, не можејќи да се движи напред, вози наназад за да …

Автобус во Белград возеше наназад поради мраз. Погледнете го видеото Read More »

ОпенАИ го лансира „Чет ГПТ хелт“ за анализа на медицински податоци


OpenAI, со седиште во САД, лансираше нова функција, ChatGPT Health, која може да ги анализира медицинските картони на корисниците за да даде поточни одговори. Сепак, овој потег веднаш покрена загриженост за приватноста, објавува Би-Би-Си. OpenAI ги охрабрува корисниците да ги споделуваат своите медицински картони и податоци од апликации како MyFitnessPal, така што нејзината вештачка интелигенција …

ОпенАИ го лансира „Чет ГПТ хелт“ за анализа на медицински податоци Read More »

Македонските ракометари ја совладаа репрезентацијата на Бахреин


 Победа на стартот на „Јелоу куп“ за македонските ракометари, кои на отворањето го совладаа Бахреин со 32:28 (15:13). Утре во дуелот од второто коло од турнирот македонскиот тим ќе игра против Украина (почеток 17:45). Избраниците на селекторот Кирил Лазаров во првиот дел имаа постојано водство, а на полувреме беше 15:13. На почетокот на вториот дел …

Македонските ракометари ја совладаа репрезентацијата на Бахреин Read More »

(Видео) Експлозија на гас уништи станбена зграда во Германија. Загина семејство со шестгодишно дете


Три лица, вклучувајќи и шестгодишно дете, беа убиени во ужасна експлозија на гас што целосно уништи станбена зграда во германскиот град Албштат рано утрово. Уривањето се случи околу 5 часот наутро во населбата Таилфинген во градот, а полицијата потврди дека членовите на семејството, на возраст од 33, 30 и 6 години, се убиени, објавува Билд. …

(Видео) Експлозија на гас уништи станбена зграда во Германија. Загина семејство со шестгодишно дете Read More »

Четири години затвор за поранешниот романски министер за финансии Даниел Кицоју


Поранешниот министер за финансии на Романија, Даниел Кицоју, денеска е правосилно осуден на четири години затвор поради предизвикување сообраќајна несреќа со две жртви во 2019 година. Апелацискиот суд во Питешт ја донесе конечната одлука, утврдувајќи дека Кицоју возел во спротивна насока и директно се судрил со автомобил во кој биле 82-годишен маж и неговата 73-годишна …

Четири години затвор за поранешниот романски министер за финансии Даниел Кицоју Read More »

Грчките земјоделците веројатно во вторник ќе се сретнат со Мицотакис


Новата покана од владиниот портпарол Павлос Маринакис до земјоделците за средба со грчкиот премиер, се чини дека е позитивно оценета од земјоделците, кои веројатно ќе ја прифатат и во вторник ќе се сретнат со Мицотакис во премиерската палата, јави дописничката на МИА од Атина. На денешниот редовен брифинг со новинарите, Маринакис посочи дека Владата продолжува …

Грчките земјоделците веројатно во вторник ќе се сретнат со Мицотакис Read More »

Хрватската влада го номинира гувернерот на ХНБ, Борис Вујчиќ, за потпретседател на Европската централна банка


Хрватската влада го номинираше гувернерот на Хрватската народна банка (ХНБ), Борис Вујчиќ, за позицијата потпретседател на Европската централна банка (ЕЦБ), а министерот за правда, администрација и дигитална трансформација Дамир Хабијан, во изјава за новинарите по седницата на Владата, даде целосна поддршка за неговата кандидатура. „На иницијатива на Вујчиќ, Владата денес, на затворена седница, ја предложи …

Хрватската влада го номинира гувернерот на ХНБ, Борис Вујчиќ, за потпретседател на Европската централна банка Read More »

Секое четврто возило во Европа има катализатор произведен во Македонија


Во најновото издание на поткастот „Бизнис-клуб“ гостин на претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески е м-р Боријан Борозанов, директор за европски операции во секторот за чист воздух во „Џонсон Мети“- водечки глобален понудувач на технологии за чист воздух, и генерален директор на „Џонсон Мети“ ДООЕЛ, Скопје. Во разговорот тие се осврнаа на …

Секое четврто возило во Европа има катализатор произведен во Македонија Read More »

„Нвидиа“ пред „Епл“: Кој доминира меѓу највредните компании во светот


Гигантот за вештачка интелигенција (ВИ) „Нвидиа“ минатата година го престигна производителот на ајфон, „Епл“ и стана највредна компанија во светот со средства вредни повеќе од 4,5 билиони долари, според студија објавена во среда. „Епл“ беше проценет на околу 4 билиони долари, соопшти консултантската фирма EY во извештај достапен за Дпа. Проценката на „Нвидиа“  е речиси …

„Нвидиа“ пред „Епл“: Кој доминира меѓу највредните компании во светот Read More »

Годишната инфлација лани 4,1 отсто, месечната во декември 0,4 отсто


Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во декември 2025 година во однос на ноември 2025 изнесуваше 0,4 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Индексот на трошоците на живот во 2025 година во однос на 2024 бележи пораст од 4,1 процент, а индексот на цените на мало од 3,6  проценти.         …

Годишната инфлација лани 4,1 отсто, месечната во декември 0,4 отсто Read More »

Фокс њуз: Трамп одобри царини од 500 проценти за земјите што купуваат евтини енергенси од Русија


Американскиот претседател, Доналд Трамп, го одобри предлог законот за санкции против Русија, што вклучува царини од 500 проценти за увоз на стоки од земји што купуваат нафта, нафтени деривати или ураниум од Москва, и тој сега оди во натамошна постапката, соопшти американскиот сенатор Линдзи Греам. Објавениот закон ќе му овозможи на претседателот Трамп да ги …

Фокс њуз: Трамп одобри царини од 500 проценти за земјите што купуваат евтини енергенси од Русија Read More »