Инспекторите на ЕУ упаднаа во „Мишелин“, „Пирели“ и „Континентал“


Европската комисија испрати инспектори до група водечки производители на гуми, меѓу кои германскиот „Континентал“, италијанскиот „Пирели“ и француската „Мишелин“, поради сомневање дека ги прекршиле правилата за конкуренција со одредување на цените. Инспекторите ненајавено извршиле претрес во објекти на група компании од секторот за производство на гуми за автомобили, комбиња, камиони и автобуси во потрага по …

Инспекторите на ЕУ упаднаа во „Мишелин“, „Пирели“ и „Континентал“ Read More »

Во текот на ноќта Русија ја нападна Украина со 20 дронови и ракети „Искандер“


 Во текот на ноќта руските сили ја нападнаа територијата на Украина со 20 јуришни дронови „Шахед-136/131“, од кои 14 беа соборени, соопшти украинската армија. Украина ноќеска од окупираниот Крим и регионот Воронеж беше нападната и со балистички ракети „Искандер-М“, се наведува во соопштението на армијата, пренесено од украинските медиуми. „Со силите и ресурсите на воздухопловните …

Во текот на ноќта Русија ја нападна Украина со 20 дронови и ракети „Искандер“ Read More »

Кинези го создадоа можеби најточниот атомски часовник


 Научници од Кина тврдат оти создале оптички часовник со стабилност и грешка помала од еден спрема пет квинтилиони. Тоа значи, часовникот може да се помести за само една секунда (нанапред или наназад) следните седум милијарди години. Оптичките часовници изработени од Кинескиот универзитет за наука и технологија во Пекинг играат клучна улога во иднината којашто се …

Кинези го создадоа можеби најточниот атомски часовник Read More »

НБА го објави составот на „Ѕвезди во подем“ за Ол-стар викендот


НБА го објави списокот за натпреварот со „Ѕвездите во подем“. Дваесет и еден НБА играч, вклучувајќи ги дебитантите Виктор Вембањама и Чет Холмгрен, и седум играчи од „Г лигата“ се на списокот за Ол-стар викендот на 16 февруари во Индијанаполис. Дебитантите (11) и кошаркарите кои втора година се во лигата (10) ќе бидат поделени во …

НБА го објави составот на „Ѕвезди во подем“ за Ол-стар викендот Read More »

Медиумската група Скај најави дека ќе отпушти 1.000 техничари поради дигитално емитување на програмите


Британската медиумска групација Скај денеска соопшти дека планира да укине 1.000 работни места во ОК оваа година, бидејќи има потреба од помалку техничари по преминувањето од сателитско емитување на дигитално емитување. „Се повеќе клиенти избираат „интернет ТВ услуги“ за кои не е потребна посебна инсталација, што нè натера да го промениме бројот на работни места …

Медиумската група Скај најави дека ќе отпушти 1.000 техничари поради дигитално емитување на програмите Read More »

Гардијан: Израелскиот воен кабинет го разгледува „парискиот“ нацрт-договор за прекин на огнот


 Членовите на израелскиот воен кабинет разговараа за нацрт-договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците од Појасот Газа, иако нацртот се уште не е ставен на гласање во кабинетот. Предлог договорот во неделата го подготвија претставници на Египет, Катар, САД и Израел на преговорите во Париз, но членовите на палестинската милитантна група Хамас, која …

Гардијан: Израелскиот воен кабинет го разгледува „парискиот“ нацрт-договор за прекин на огнот Read More »

Викендов два концерта MTV The Greatest Hits 80’s & 90’s со Камерен оркестар на Битола


 Националната установа Камерен оркестар на Битола информира дека проектот MTV The Greatest Hits 80’s & 90’s на камерниот оркестар продолжува да го привлекува вниманието на љубителите на музиката. Најавениот концерт за 3 февруари беше распродаден за 3 часа, а денеска ќе почне продажбата на билети за втор концерт што ќе се одржи в недела, на …

Викендов два концерта MTV The Greatest Hits 80’s & 90’s со Камерен оркестар на Битола Read More »

Деветнаесет загинати и 22 повредени во автобуска несреќа во северозападниот дел на Мексико


Во верижен судар меѓу автобус и товарен камион во северозападниот дел на Мексико загинаа 19 лица, а 22 се повредени, соопштија локалните власти. Несреќата се случила во Елота, популарна туристичка дестинација за канадски и американски граѓани, а двете возила целосно биле зафатени од пламен. „Изброивме 19 тела. Идентификацијата ќе ни одземе малку време, имајќи предвид …

Деветнаесет загинати и 22 повредени во автобуска несреќа во северозападниот дел на Мексико Read More »

Минусни температури во целата држава


Минусни температури утрово се забележани во целата држава. Насјтудено е во Берово -11 Берово, скопски Петровец и Маврово -9, Битола -8, Крива Паланка, Тетово, Штип, Демир Капија и Струмица -7, Скопје, Охрид, Дебар и Попова Шапка -5, во Кавадарци, Велес, Куманово, Гевгелија -4 и во Дојран -2 Дојран. УХМР соопшти дека најмногу снег има во …

Минусни температури во целата држава Read More »

Францускиот парламент изгласа во Уставот да се вклучи гарантираната слобода на абортус


 Долниот дом на францускиот Парламент синоќа со огромно мнозинство гласови во прво читање ја прифати владината реформа, чија цел е да се вметне во Уставот „гарантираната слобода“ на жените да ја прекинат бременоста. Одлуката беше поддржана од 493 пратеници, додека 30 беа против. Министерот за правда Ерик Дупонд-Морети изјави дека сега е ред на францускиот …

Францускиот парламент изгласа во Уставот да се вклучи гарантираната слобода на абортус Read More »

Американски Ф-16 се урна во морето кај западниот брег на Јужна Кореја, пилотот спасен


Американски борбен авион Ф-16 денеска се урна во морето кај западниот брег на Јужна Кореја, а пилотот е спасен, соопшти единицата на американското воздухопловство стационирана во таа земја. F-16 Fighting Falcon доживеа „итен случај за време на летот“ над морето и се урна, се вели во соопштението на единицата. Пилотот, кој безбедно се катапултирал и …

Американски Ф-16 се урна во морето кај западниот брег на Јужна Кореја, пилотот спасен Read More »

Султан Ибрахим е новиот крал на Малезија


Султан Ибрахим од јужната држава Џохор на церемонија во Националната палата во Куала Лумпур положи заклетва како нов крал на Малезија.  Монархијата има главно церемонијална улога во Малезија, но нејзиното влијание се зголеми во последниве години, што го натера кралот да употреби ретко користени дискрециони овластувања за да ја смири политичката нестабилност.  Според уникатниот систем …

Султан Ибрахим е новиот крал на Малезија Read More »

Германија: Утре блокада на авиосообраќајот, задутре на градскиот транспорт


По штрајкот на машиновозачите, патниците во Германија се соочуваат со уште два транспортни штрајка оваа недела: синдикатот Верди ги повика работниците за безбедност на аеродромите да штрајкуваат в четврток и вработените во јавниот транспорт низ целата земја, вклучително и Берлин, в петок. – Како што стојат работите во моментов, сообраќајот ќе биде целосно во прекин …

Германија: Утре блокада на авиосообраќајот, задутре на градскиот транспорт Read More »

Делницата Велес – Градско затворена за сообраќај од 8:00 до 16:30 часот до 3 февруари


Поради поставување заштитна мрежа на Регионален пат Р1102, делницата Велес – Градско, од денеска до 3 февруари, ќе биде затворена за сообраќај во периодот од 8:00 до 16:30 часот, соопшти АМСМ. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и …

Делницата Велес – Градско затворена за сообраќај од 8:00 до 16:30 часот до 3 февруари Read More »

Киев: Руската воена офанзива ќе пропадне до пролет


Шефот на украинската воена разузнавачка служба Кирило Буданов изјави дека очекува руската офанзива на источниот фронт да пропадне до почетокот на пролетта. Москва минатата есен ги засили своите напади на североисточниот дел на линијата на фронтот, сакајќи да ги опколи утврдените градови како што е Авдивка. Украинската војска соопшти дека спроведува „активна одбрана“. – Руската …

Киев: Руската воена офанзива ќе пропадне до пролет Read More »

Седница на Уставниот суд


Уставниот суд денеска ќе одржи седница, а на дневен ред се четири иницијативи за оценување на уставност и законитост. Подносител на првата иницијатива е Добра Петковска од Скопје, а е оспорен Законот за социјална сигурност за стари лица, по Решение УП.бр.1702-2488/21 на Меѓуопштинскиот Центар за социјална работа Скопје-Кисела Вода Станува збор за член 2, член …

Седница на Уставниот суд Read More »

Утрото студено, преку ден сончево со максимални 12 степени


Времето денеска со студено утро, а преку денот сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -11 до -2, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до …

Утрото студено, преку ден сончево со максимални 12 степени Read More »

Поранешниот пакистански премиер Имран Кан осуден на уште 14 години затвор за продавање владини подароци


Поранешниот пакистански премиер Имран Кан и неговата сопруга Бушра Биби се осудени на 14 години затвор во случајот поврзан со нелегална продажба на владини подароци, објави синоќа весникот „Dawn“. Пресудата на антикорупцискиот суд во Исламабад доаѓа еден ден откако Кан беше осуден на 10 години затвор во случајот за оддавање државни тајни, една недела пред …

Поранешниот пакистански премиер Имран Кан осуден на уште 14 години затвор за продавање владини подароци Read More »

Продолжува комисиската расправа за предлогот Ана Павловска Данева да биде избрана за уставна судијка


Комисијата за прашања на изборите и именувањата денеска треба да одржи ново продолжение на седницата на која на дневен ред е  утврдување предлог за избор на судија на Уставниот суд на Република Северна Македонија. За уставен судија е предложена универзитетската професорка Ана Павлова Данева. Закажана е и седница на Законодавно-правната комисија, за расправа по Предлог …

Продолжува комисиската расправа за предлогот Ана Павловска Данева да биде избрана за уставна судијка Read More »

Маричиќ прв вицепремиер во преодната Влада, за вицепремиери определени и Груби, Битиќи и Грковска


 Бојан Маричиќ е определен за прв вицепремиер задолжен за европски прашања, а досегашниот прв вицепремиер Артан Груби, за заменик на претседателот на Владата задолжен за координација на политички прашања на ресорите и министер за политички систем и односи меѓу заедниците.  Како што соопшти владината прес-служба, премиерот на преодната Влада Талат Џафери, на првата седница на …

Маричиќ прв вицепремиер во преодната Влада, за вицепремиери определени и Груби, Битиќи и Грковска Read More »