Алиу: Примарната цел на законот е да ги превенира штетните последици од пушењето, а не да се казнува
Новиот предлог-закон за заштита од пушењето предвидува мерки за подигнување на јавната свест и поддршка за прекин на зависноста. Пораката која ја испраќаме е дека системот им помага на пушачите да се откажат од пушењето, без притоа да бидат стигматизирани, појаснува министерот за здравство, Азир Алиу. Предвидени се, додава, законски обврски за спроведување превентивни програми …