Автобуските превозници ќе се приклучат на протестите на камионџиите ако не се најде поволно решение


Асоцијацијата на автобуските превозници „Исток“ укажува дека новиот начин на евиденција во шенген-зоната ги отежнува нивното секојдневно работење и редовното одржување на секојдневните меѓународни линии за превоз на патници. Од европските институции бара фер и применливо решение што ќе го земе предвид специфичниот карактер на професионалниот превоз на патници и стока. Според претседателот на Асоцијацијата …

Автобуските превозници ќе се приклучат на протестите на камионџиите ако не се најде поволно решение Read More »

ЕК најави 171 милион евра за инфраструктурата и бизнисите во Западен Балкан, има и за проекти во Македонија


Европската комисија денеска најави пакет-поддршка од 171 милион евра за поттикнување на развојот на инфраструктурата и растот на приватниот сектор во земјите од Западниот Балкан, меѓу кои и за подобрување на системот за пренос на електрична енергија и за изградба на енергетски ефикасни образовни објекти во земјава. Новиот пакет за поддршка, како што соопшти ЕК, …

ЕК најави 171 милион евра за инфраструктурата и бизнисите во Западен Балкан, има и за проекти во Македонија Read More »

Решението за превозниците со ЕЕС системот мора да се издејствува  во Брисел, порачуваат од Бест Мобилити – НТА


  Македонската национална транспортна асоцијација „Бест мобилити – НТА“ денеска порача дека блокадите на граничните премини се израз на револт на професионалните возачи и барање да се слушне нивниот глас за еднаков третман со возачите од ЕУ, но оти решението треба да се бара во Брисел.  Предизвиците поврзани со ЕЕС биле примарен фокус на состанокот …

Решението за превозниците со ЕЕС системот мора да се издејствува  во Брисел, порачуваат од Бест Мобилити – НТА Read More »

Кинеската „Анта Спортс“ превзема 29 отсто од „Пума“, ќе плати 1,5 милијарди евра


Кинеската „Анта Спортс Груп“ постигна договор со „Групе Артемис“, инвестициската фирма на француското семејство Пино, за купување на 29,06% од уделот во германскиот бренд за спортска облека „Пума“. „Анта Спортс Груп“, која веќе поседува брендови како што се „Вилсон“ и „Саломон“, во соопштението изјави дека „условно се согласила да купи, а [„Групе Артемис“] условно се …

Кинеската „Анта Спортс“ превзема 29 отсто од „Пума“, ќе плати 1,5 милијарди евра Read More »

„Македонија 2025“ објави повик за користење бесплатна експертска поддршка од канадски советници


Македонија2025 објави повик за Битов – Програмата за претприемачи, која е основана во соработка со Catalyste+ (поранешна CESO – Canadian Executive Service Organization) – канадска организација со 50-годишнo искуство во меѓународниот економски развој, што работи на развој на приватниот сектор, односно бизниси што ќе просперираат на национално и меѓународно ниво. Повикот е наменет за македонски …

„Македонија 2025“ објави повик за користење бесплатна експертска поддршка од канадски советници Read More »

Директната штета од блокадите на превозниците е околу 100 милиони евра дневно, вели Чадеж


Претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж, нагласи дека директната штета од блокадите на премините и извозот од целиот Западен Балкан изнесува околу 100 милиони евра дневно. Тој утрово го посети граничниот премин Батровци, каде што повеќе од 50 камиони го блокираат товарниот сообраќај. „Срамно е кога станува збор за извоз на стока. Треба …

Директната штета од блокадите на превозниците е околу 100 милиони евра дневно, вели Чадеж Read More »

„Гугл“ се спогоди да плати 68 милиони долари поради шпионирање на корисниците


 Корисниците на „Гугл“ поднесоа тужба против компанијата поради тоа што неговиот „Гугл асистент“ (Google Assistant) нелегално ги шпионирал нивните паметни телефони снимајќи и пренесувајќи приватни разговори до огласувачите со цел да им испраќа таргетирани реклами. „Првичната спогодба е поднесена до Федералниот суд во Сан Хозе, Калифорнија, и се чека да биде одобрена од судијката Бет …

„Гугл“ се спогоди да плати 68 милиони долари поради шпионирање на корисниците Read More »

Трговскиот договор ЕУ-САД сè уште заглавен во Европарламентот


Членовите на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент на вчерашниот состанок зад затворени врати што траеше до доцните вечерни часови не постигнаа договор за деблокирање на постапката за усвојување на Трговскиот договор ЕУ-САД. Според информациите, на крајот било договорено нов состанок за судбината на договорот да биде одржан следната среда на 4 февруари. Постапката …

Трговскиот договор ЕУ-САД сè уште заглавен во Европарламентот Read More »

ФТ: Украина ќе ги добие американските безбедносни гаранции доколку им го предаде Донбас на Русите


 Администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, ѝ сигнализираше на Украина дека американските безбедносни гаранции зависат од тоа дали Киев ќе се согласи на мировен договор што веројатно ќе бара од неа да го отстапи регионот Донбас на Русија, објави денеска „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на осум лица запознаени со преговорите. Вашингтон, исто така, посочи дека …

ФТ: Украина ќе ги добие американските безбедносни гаранции доколку им го предаде Донбас на Русите Read More »

САД денеска и формално се повлекоа од Парискиот договор за климата


 Во согласност со минатогодишната изјава на американскиот претседател, Доналд Трамп, САД денеска и формално се повлекоа од Парискиот договор за климата, клучна меѓународна рамка за борба против глобалното затоплување. Повлекувањето на САД, втор најголем емитер на стакленички гасови во светот, по Кина, веројатно ќе зададе дополнителен удар врз напорите за борба против климатските промени, објавува …

САД денеска и формално се повлекоа од Парискиот договор за климата Read More »

Бовино и агенти на ИЦЕ најверојатно ќе заминат од Минеаполис


Американските медиуми објавија дека се очекува претставникот на операциите на граничната патрола, Грегори Бовино и некои агенти на Службата за имиграција и царини (ИЦЕ) наскоро да заминат од Минеаполис. Градоначалникот на Минеаполис, Џејкоб Фреј, по телефонски разговор со претседателот Доналд Трамп, на платформата Икс, објави дека денеска федералните агенти ќе заминат од градот. Но, тој …

Бовино и агенти на ИЦЕ најверојатно ќе заминат од Минеаполис Read More »

Истражување: Секој десетти Британец живее во длабока сиромаштија


Резултатите од најновото истражување на организацијата за борба против сиромаштијата Фондацијата Џозеф Роунтри (Joseph Rowntree Foundation) покажуваат дека околу 6,8 милиони Британци живеат во „длабока сиромаштија“, што е највисока бројка во изминатите три децении. „Длабока сиромаштија“ се однесува на домаќинство каде што живее двојка со две мали деца и кои, по трошоците за домување, имаат …

Истражување: Секој десетти Британец живее во длабока сиромаштија Read More »

Дончиќ со 46 поени ги предводеше Лејкерси до победата над Чикаго


 Лос Анџелес лејкерс го победи Чикаго булс на гостински терен ноќеска со 129:118. Најдобар стрелец на натпреварот беше Лука Дончиќ. Словенецот постигна дабл-дабл со 46 поени и 11 асистенции. Лејкерси се петти во Западната конференција на НБА по 45 натпревари. Чикаго е деветти на Истокот по 46 натпревари. На другите средби играни ноќта понеделник кон …

Дончиќ со 46 поени ги предводеше Лејкерси до победата над Чикаго Read More »

„Мајка на сите договори“: Индија и ЕУ се договорија за слободна трговија


  Индија и Европската Унија вчера постигнаа историски договор за слободна трговија, кој индискиот премиер Нарендра Моди го нарече „мајка на сите договори“, зборувајќи на Неделата на енергија во Индија денес. Тоа создава заеднички пазар од две милијарди луѓе во време кога трговските врски се тестираат поради зголемените геополитички тензии, објави Си-Ен-Би-Си. Моди рече дека …

„Мајка на сите договори“: Индија и ЕУ се договорија за слободна трговија Read More »

На југот на Италија прогласена вонредна состојба по минатонеделната дводневна бура


 Италијанската влада вчера прогласи вонредна состојба за јужните региони што минатата недела беа погодени од силна бура, ветувајќи брза финансиска помош за обнова на патиштата и бизнисите погодени од лошото време. Долготрајните дождови, силните ветрови и бранови високи до девет метри два дена ги погодија Сицилија, Сардинија и Калабрија, по што властите проценија дека штетата …

На југот на Италија прогласена вонредна состојба по минатонеделната дводневна бура Read More »

Трамп: Иран е заинтересиран за дипломатско решение


Претседателот на САД, Доналд Трамп во интервју за порталот Аксиос (Axios) изјави дека Иран е заинтересиран за дипломатско решение на тензиите откако носачот на авиони „УСС Абрахам Линколн“ пристигна на Блиски Исток. – Ситуацијата со Иран е променлива, бидејќи САД испратија голема флота во регионот. Имаме голема армада покрај Иран. Поголема од Венецуела. Тие сакаат …

Трамп: Иран е заинтересиран за дипломатско решение Read More »

Триото Букршлиев, Омерагиќ, Спировски со концертна промоција на албумот Long Slow Fall


Триото Букршлиев, Омерагиќ, Спировски вечер во Македонски паб Ѕе во Скопје ќе одржи концертна промоција на албумот Long Slow Fall.  -Она што особено ги одликува настапите на Филип Букршлиев, Дени Омерагиќ и Нинослав Спировски, се посочува, е нивната изразена игровност. И покрај комплексноста и ризикот што ги носи ваквиот пристап, музиката зрачи со виталност, хумор …

Триото Букршлиев, Омерагиќ, Спировски со концертна промоција на албумот Long Slow Fall Read More »

Француското национално собрание ја одобри забраната за социјални медиуми за лица под 15 години


Француското национално собрание гласаше за забрана на користењето на социјалните медиуми за деца под 15 години, јави ДПА. Пратениците во Париз доцна синоќа го усвоија нацрт-законот. Законот предвидува дека пристапот до онлајн услуга за социјално вмрежување обезбедена од онлајн платформа ќе биде забранет за малолетници под 15 години. Текстот сè уште треба да биде одобрен …

Француското национално собрание ја одобри забраната за социјални медиуми за лица под 15 години Read More »

Комисијата за одбрана и безбедност ќе дискутира за набавка на лесни оклопни возила „Страјкер“


Собраниската Комисија за одбрана и безбедност денеска ќе ја разгледа Информација за потребата на доделување на Амандаман број 2 на Договор за техничка поддршка (Amendment 2 to TA 0206-23 050774402). Амандманот се однесува на договорот за набавка на лесни оклопни возила на тркала „STRYKER“ MK‑B‑UCE, склучен помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на …

Комисијата за одбрана и безбедност ќе дискутира за набавка на лесни оклопни возила „Страјкер“ Read More »

Трамп: Царините за јужнокорејските стоки ќе се зголемат на 25 отсто


Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека ги зголемува американските царини за стоките од Јужна Кореја, вклучувајќи автомобили и фармацевтски производи, од 15 на 25 отсто, јави ДПА. Трамп напиша на својата платформа Truth Social дека потегот се должи на тоа што „Законодавното собрание на Јужна Кореја не го почитува својот договор со Соединетите Американски …

Трамп: Царините за јужнокорејските стоки ќе се зголемат на 25 отсто Read More »