Словенечкиот парламент го одобри признавањето на Палестина


Словенечкиот парламент синоќа го одобри признавањето на независна палестинска држава, отфрлајќи го барањето на главната опозициска партија за референдум за ова прашање, јави Хина. Гласањето дојде откако словенечката Влада минатата недела одлучи да ги следи Шпанија, Ирска и Норвешка во признавањето на Палестина како независна, суверена држава, како дел од напорите да се запре израелската …

Словенечкиот парламент го одобри признавањето на Палестина Read More »

Научен собир посветен на Гане Тодоровски и Петре М. Андреевски


Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска со научен собир ќе ја одбележи годишнината од раѓањето на Гане Тодоровски (95 години) и на Петре М. Андреевски (90 години). Собирот, што ќе се одржи во амфитеатарот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, со поздравна реч ќе го отвори директорката …

Научен собир посветен на Гане Тодоровски и Петре М. Андреевски Read More »

Промоција на книгата „Небото ми е дома“ од академик Катица Ќулавкова


Вечер во Хотел „Сириус“ во Струмица ќе се одржи книжевен разговор и промоција на книгата „Небото ми е дома“ од академик професор Катица Ќулавкова во организација на Фондација „Елеуса“. Промотори на книгата ќе бидат д-р Игор Радев, д-р Ана Витанова Рингачева и м-р Сузана Мицева, поезијата ќе ја интерпретира Катерина Панов Кожаров, а настанот музички …

Промоција на книгата „Небото ми е дома“ од академик Катица Ќулавкова Read More »

Гала филмска вечер „Кан во Скопје“ на Францускиот институт


Францускиот институт во Скопје и Скопје сити мол вечер организираат гала филмска вечер „Кан во Скопје“ со прикажување на филмот „Втор чин“, во рамките на одбележувањето на 50-годишнината од постоењето на Францускиот институт. Како што наведуваат од Францускиот институт, станува збор за ексклузивна премиера на филм со којшто беше отворено годинашното издание на Канскиот фестивал, …

Гала филмска вечер „Кан во Скопје“ на Францускиот институт Read More »

Во МНТ репризно ќе се одигра балетот „Чиполино“


На големата сцена во Македонскиот Народен Театар, вечер репризно ќе се изведе балетот „Чиполино“ во продукција на Bullfrogs Ballet. Премиерата на „Чиполино“ се изведе во јуни минатата година во салонот на МНТ. „Чиполино“ или „Момчето кромид“ е балет создаден по мотивите на бајките на Џани Родари, кој ја раскажува приказната за граѓаните зеленчуци и моќните …

Во МНТ репризно ќе се одигра балетот „Чиполино“ Read More »

Одбележување на Светскиот ден на животната средина со „зелени“ активности во Свети Николе и Тетово


Со отворање на инсталацијата на ветерниот парк „Богословец“ во Свети Николе и Јуроп Хаус во Тетово денеска „TeamEurope“ ќе го одбележи Светскиот ден на животната средина, соопшти Делегацијата на Европската Унија во Скопје. „Богословец“ е втор ветерен парк во државава, по паркот „Богданци“ пуштен во употреба во 2015 година. Двата ветерни паркови се резултат на …

Одбележување на Светскиот ден на животната средина со „зелени“ активности во Свети Николе и Тетово Read More »

Презентација на истражувачката студија „Извештај за изборната етика: водич за доблесни политичари 2.0“


 Во организација на Форумот за разумни политики денеска ќе биде презентирана истражувачката студија „Извештај за изборната етика: водич за доблесни политичари 2.0“, реализирана за време на и по парламентарните и претседателските избори во април/мај 2024 година. Документот е изработен во рамки на проектот „Етика и политика – врзување на јазолот“ поддржан од National Endowment for …

Презентација на истражувачката студија „Извештај за изборната етика: водич за доблесни политичари 2.0“ Read More »

Сончево и топло, температура до 35 степени


Времето денеска ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Попладне, во северозападните делови ќе има услови за ретка појава на пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 35 степени. …

Сончево и топло, температура до 35 степени Read More »

Државниот испитен центар ќе објави имиња на тестатори кај што имало масовно препишување


 Директорката на Државниот испитен центар (ДИЦ), Билјана Михајловска вечерва изјави дека доколку кај одреден тестатор се утврди дека препишувале повеќе ученици, неговото име ќе биде посочено во извештајот што ДИЦ ќе го достави до Министерството за образование и наука.  – Сите оценувачи, сите координатори на одреден предмет, ќе мора да ми дадат список. Ако во …

Државниот испитен центар ќе објави имиња на тестатори кај што имало масовно препишување Read More »

Филипче, Петровска и Деспотовски ќе ги поднесат кандидатурите за лидер на СДСМ


Поранешниот министер за здравство и актуелен пратеник од редовите на СДСМ, Венко Филипче и поранешната министерка за одбрана и актуелна пратеничка Славјанка Петровска во текот на утрешниот ден се очекува да ги поднесат кандидатурите за претседател на СДСМ.  Кандидатура за претседател на СДСМ најави и актуелниот директор на ТИРЗ Јован Деспотовски, кој утре ќе одржи …

Филипче, Петровска и Деспотовски ќе ги поднесат кандидатурите за лидер на СДСМ Read More »

Путин го назначи Шојгу за координатор за развој на одбранбената индустрија


Рускиот претседател Владимир Путин денеска го именуваше секретарот на Советот за безбедност Сергеј Шојгу за координатор за развој на воено-индустрискиот комплекс.  Путин нагласил дека е неопходно да има независен координатор на активностите за Министерството за одбрана да добие соодветна опрема, а тоа да биде Шојгу. Тој нагласи дека станува збор за приоритетните задачи на одбранбената …

Путин го назначи Шојгу за координатор за развој на одбранбената индустрија Read More »

Собрание: На премиерот и на одредени членови на Владата им престанаа функциите, ќе ги вршат само неопходните функции до изборот на новата влада


На конститутивната седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 28 мај 2024 година, уредно беа верификувани мандатите на новоизбраните пратеници во eдинаесеттиот состав на Собранието. Притоа Собранието констатираше дека „на претседателот на Владата и на одреден дел на членовите на Владата со верификацијата на мандатот за пратеник, согласно член 8 став 1 од …

Собрание: На премиерот и на одредени членови на Владата им престанаа функциите, ќе ги вршат само неопходните функции до изборот на новата влада Read More »

Со картичка може да се купи и шише вода, ограничувањата ги прават трговците, не банките, велат банкарите


Да ги игнорираме продавниците и трафиките кои немаат терминали за плаќање со картички и оние што не дозволуваат плаќање со картичка кога сакаме да купиме весник или шише вода, со образложение дека мора да направиме сметка од најмалку 200 – 300 денари, велат банкарите. Според нив, сите банки кои имаат лиценца за прифаќање картички, уредите …

Со картичка може да се купи и шише вода, ограничувањата ги прават трговците, не банките, велат банкарите Read More »

Театрите од Велес и Пловдив ги почнаа подготовките на заедничката претстава „Без крв“


Во Драмски театар Пловдив, започнаа пробите за претставата „Без крв“ по истоимениот роман на Алесандро Барико. Претставата е дел од двегодишниот меѓународен проект „Манифест“ на велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ заедно со Драмскиот театар Пловдив. Како што денеска информираат од велешкиот театар, текстот на претставата е на Александар Секулов, додека сценската адаптација и …

Театрите од Велес и Пловдив ги почнаа подготовките на заедничката претстава „Без крв“ Read More »

Пратеничката група на Левица бара да се констатира престанок на мандатот на пратеникот Талат Џафери


Пратеничката група на Левица денеска до претседателот на Собранието поднела официјално писмено Барање за констатирање престанок на мандатот на пратеникот Талат Џафери од ДУИ – по основ на неспојливост на функцијата пратеник и премиер.   -Новиот собраниски спикер е должен, кога ќе настапат законските услови за престанок на мандатот на пратеник, тоа да го констатира …

Пратеничката група на Левица бара да се констатира престанок на мандатот на пратеникот Талат Џафери Read More »

Ролан Гарос заврши за Ѓоковиќ


Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се повлече од Ролан Гарос поради повреда на коленото, соопштија денеска организаторите на турнирот. Српскиот тенисер вчера во осминафиналето го совлада Аргентинецот Франциско Серудола со 6:1, 5:7, 3:6, 7:5, 6:3. На тој натпревар Ѓоковиќ почувствува болка во пределот на десното колено.

Членка на НАТО сака да се приклучи на сојузот во кој се Русија и Кина


Групата БРИКС може да ѝ послужи на Турција како „добра алтернатива“ на Европската унија, изјави турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, пишува „Саут Чајна Морнинг пост“, пренесе Индекс.хр. Тој истакна дека Турција, и покрај тоа што е во царинска унија со Брисел, истражува нови можности за соработка со неколку партнери во различни платформи како …

Членка на НАТО сака да се приклучи на сојузот во кој се Русија и Кина Read More »

Работилница: Штом добијат плата, 15 отсто од граѓаните веднаш ја земаат од банкоматите, а пензионерите на 1-ви ги „напаѓаат“ шалтерите


Се повеќе граѓани плаќаат електронски и тоа најчесто преку мобилен телефон. Подигањето готовина од банкоматите се зголемува, а користењето на банкарските шалтери се намалува. Се зголемува и интересот за електронски увид во сметките. Но, дигитализацијата која има многу предности и удобности, носи и ризици. Еден од нив се кибер нападите кои бележат континуиран раст и …

Работилница: Штом добијат плата, 15 отсто од граѓаните веднаш ја земаат од банкоматите, а пензионерите на 1-ви ги „напаѓаат“ шалтерите Read More »

Просечната пензија во ЕУ е 1.224 евра


Жителите на нордиските земји можат да се пофалат со највисоките пензии, додека, очекувано, тие се најниски на Балканот. Во 2021 година, просечниот месечен бруто-трошок за старосна пензија во ЕУ варира, од дури 2.575 евра во Луксембург до 226 евра во Бугарија. Според податоците преземени од Еуростат, просекот на Европската унија бил 1.224 евра. Пензионерите во …

Просечната пензија во ЕУ е 1.224 евра Read More »

Германската државна банка KfW продаде 110 милиони акциии во Дојче Телеком, ќе инвестира во засилувањето на Германски железници


 Германската државна банка KfW објави дека продаде 110 милиони акции на Дојче Телеком, а приходите од 2,43 милијарди евра треба да бидат насочени кон зајакнување на сопственичкиот капитал во Дојче Бан и модернизирање на железничката мрежа. Британските медиуми пренесуваат дека акциите се продадени по цена од 22,13 евра, а пакетот одговара на сопственички удел во …

Германската државна банка KfW продаде 110 милиони акциии во Дојче Телеком, ќе инвестира во засилувањето на Германски железници Read More »