Поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаи упати честитка по повод Курбан Бајрам


Поглаварот на Исламската верска зедница Реис ул улема ефенди Шаќир Фетаи упати порака по повод утрешниот празник Курбан Бајрам. Фетаи во пораката вели дека празникот Курбан Бајрам со сите негови вредности и морални елементи го покажува концептот на воздигнување на општествата учејќи нè дека нема големи дела без големи жртви и оти Алаховата помош интервенира …

Поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаи упати честитка по повод Курбан Бајрам Read More »

Скопјанец осомничен за разбојништво во банка


Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 31-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик, кое го извршил на 4. месецов во банка на ул. „Бојмија“ во Скопје од каде одзел 2.628.901,55 денари.  Како …

Скопјанец осомничен за разбојништво во банка Read More »

Прво заедничко претставување на програмите на кандидатите за претседател на СДСМ: Потребен е став за клучни прашања


За СДСМ да се врати како силна политичка партија мора јасно да дефинира став по клучните прашања и да покаже дека вистински се грижи за интересите на своите членови и граѓаните, порача Јован Деспотовски, кандидат за претседател на СДСМ, на првото заедничко претставување на програмите на сите кандидати во Кавадарци. „Ни треба став за многу …

Прво заедничко претставување на програмите на кандидатите за претседател на СДСМ: Потребен е став за клучни прашања Read More »

Харис најави нова помош за Украина од 1,5 милијарди долари


Потпретседателката на САД, Камала Харис денеска најави нова помош за Украина во висина од 1,5 милијарди долари. Харис, која е меѓу учесниците на дводневната мировна конференција во швајцарското одморалиште Бургеншток, истакна дека 500 милиони долари се наменети за енергетскиот сектор на Украина. Помошта е наменета и за хуманитарни цели.

Земјоделците бараат итна средба со Владата за цената на житните култури


Полјоделците од сите региони здружени во Националната мрежа на земјоделци на состанокот во Свети Николе заклучија дека откупната цена од 30 денари за килограм пченица, односно лебно зрно, може да ги спаси од загуба. Ѓорѓи Каракашев, претседател на Националната мрежа на земјоделци, вели дека направиле пресметка според која произлегува дека  производната цена на пченицата и …

Земјоделците бараат итна средба со Владата за цената на житните култури Read More »

Почина поранешниот фудбалер на Арсенал, Кевин Кембел


Поранешниот фудбалер на Арсенал, Кевин Кембел, почина на 54-годишна возраст по кратко боледување, објави денеска лондонскиот клуб на својата официјална веб-страница. – Потресени сме од сознанието дека нашиот поранешен напаѓач Кевин Кембел почина по кратко боледување. Кевин беше сакан од сите во клубот. Нашите мисли се со неговите пријатели и семејството во овој тежок момент. …

Почина поранешниот фудбалер на Арсенал, Кевин Кембел Read More »

Утре посебен режим на сообраќај во општина Илинден, се одржува велосипедска трка


Министерството за внатрешни работи извести дека утре 16.06.2024 (недела) во периодот од 12.00 часот до 16.00 часот, поради одржување на велосипедска трка „Трофеј Илинден“ во организација на општина Илинден, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. …

Утре посебен режим на сообраќај во општина Илинден, се одржува велосипедска трка Read More »

Наградени најдобрите матуранти на Град Скопје


Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, додели признанија и парични награди на матурантите кои се првенци на генерацијата од 23. скопски средни училишта на традиционалната манифестација „Средба на првиот со најдобрите“. „Градот Скопје е горд на сите наши средношколци, затоа го афирмира училишниот успех на првенците на генерација во средните училишта на Град Скопје и …

Наградени најдобрите матуранти на Град Скопје Read More »

Изложба на кинеска калиграфија отворена во Велес


Во Ликовниот салон во Велес синоќа беше отворена изложба на кинеска калиграфија на Ѓоре Ѓелев од Велес, ученик на Институтот „Конфуциј“ во Скопје. Беа претставени 30 дела во кинеска калиграфија пишувани во различни стилови и пренесени мудрости од Конфуциј и од кинеската античка поезија. Изложбата ја отвори кинескиот амбасадор во Скопје, Џанг Ѕуо, а ја …

Изложба на кинеска калиграфија отворена во Велес Read More »

Мицотакис ги претстави главните приоритети по реконструкцијата на владата


Справувањето со поскапувањата на цените, поефикасна држава, реструктурирање на примарниот сектор, подобро здравство и образование, би рекол дека сега стануваат наши пофокусирани приоритети, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на почетокот на денешната владина седница, што се одржува со новиот состав по вчерашната реконструкција, јави дописничката на МИА од Атина. Реконструкцијата дојде на само неколку дена …

Мицотакис ги претстави главните приоритети по реконструкцијата на владата Read More »

Едно лице загина откако возило од конвојот на претседателката на Мексико имаше сообраќајна несреќа


Едно лице загина, а повеќемина се повредени откако возило од конвојот на новоизбраната претседателка на Мексико, Клаудија Шајнбаум имаше сообраќајна несреќа. Автомобилот во кој се наоѓаше Шајнбаум не учествуваше во несреќата што се случи во градот Монклова во мексиканска сојузна држава Коауила. Претседателката на Мексико изрази жалење поради смртта на едно лице.

Почина црногорскиот репрезентативен голман Шаркиќ


Голманот на црногорската фудбалска репрезентација Матија Шаркиќ почина ненадејно денеска рано наутро на 26-годишна возраст. Безживотното тело на Шаркиќ е пронајдено во апартман во Будва каде што престојувал. Како што пренесуваат црногорските медиуми, на голманот на црногорската фудбалска репрезентација ненадејно му се слошило изутрината околу 6 часот и 30 минути и неговите пријатели веднаш повикале …

Почина црногорскиот репрезентативен голман Шаркиќ Read More »

Американски, канадски и руски воени бродови пристигнаа на Куба


Канадски поморски патролен брод вплови во Хавана во петокот, неколку часа откако Соединетите Држави објавија дека нивниот воен брод се закотвил во американската поморска база во заливот Гвантанамо на Куба, островот каде што руските воени бродови пристигнаа претходно оваа недела. Пристигнувањето на руски, канадски и американски бродови во Куба, островска држава под комунистичка власт на …

Американски, канадски и руски воени бродови пристигнаа на Куба Read More »

Ова се компаниите од чии акции Бил Гејтс има најголем приход


Со богатство од 132,2 милијарди долари, Бил Гејтс е деветти најбогат човек во светот. Ова богатство го стекнал и со вложување во акции од кои има дневен приход од 1,3 милиони долари. Се очекува во текот на следната година од акциите да има приход од дури половина милијарда долари. Акциите на трите компании од кои …

Ова се компаниите од чии акции Бил Гејтс има најголем приход Read More »

Германија спречи нови санкции против Русија


ЕУ не постигна договор за 14-тиот пакет санкции против Русија, откако Германија изрази резервираност за клаузулата за подружници и партнери од трети земји за германската економија, пренесува Ројтерс. Официјални лица од 27-те земји на ЕУ повеќе од еден месец дебатираат за пакетот санкции што вклучува забрана за претовар на руски течен природен гас и план …

Германија спречи нови санкции против Русија Read More »

Во Прилеп отворена изложба за емиграцијата


Во ликовната галерија од Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, синоќа беше отворена изложбата „Испразнетото гнездо“ од уметницата Марија Конеска. Преку своите дела, Конеска говори за емиграцијата. Отворајќи ја изложбата, Викторија Димеска, историчар на уметност, рече дека станува збор за инсталација со фотографии печатени на пластика, на кои се претставени напуштени куќи, градби и …

Во Прилеп отворена изложба за емиграцијата Read More »

Македонски термини наместо англицизми: Речник со поими од медиумската писменост за наставниците


Во ООУ „Мирче Ацев“ – Ѓорче Петров, Скопје беше промовиран Речникот на поими од медиумска писменост со игровни активности за усвојување, утврдување и примена на поимите од речникот. Во овој речник има соодветен превод на дел од поимите од медиумска писменост што досега се користеа како англицизми. Со преводите и толкувањето на поимите, наставниците добиваат …

Македонски термини наместо англицизми: Речник со поими од медиумската писменост за наставниците Read More »

САД за уште една година ја продолжија уредбата за вонредна ситуација на Западен Балкан


Претседателот на САД, Џо Бајден за уште една година ја продолжи уредбата за вонредна ситуација на Западен Балкан, оценувајќи оти регионот и понатаму претставува закана по американската национална безбедност и надворешна политика. – Активностите на поединци кои го загрозуваат мирот и меѓународните напори за стабилизирање на ситуацијата на Западен Балкан, вклучително и актите на екстремистичко …

САД за уште една година ја продолжија уредбата за вонредна ситуација на Западен Балкан Read More »

Меѓународниот олимписки комитет најави Олимпијада на видео игри


Првите олимписки е-спорт игри наскоро треба да бидат додадени во програмата на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), кој сака да ја привлече и задржи помладата публика. ИОК соопшти дека на состанокот следниот месец во Париз ќе побара дозвола од своите членки да го одобрат предлогот за формирање на олимписки видеоигри. Преговорите околу можниот домаќин се во …

Меѓународниот олимписки комитет најави Олимпијада на видео игри Read More »

Претседателката Сиљановска Давкова ќе учествува на Самитот во Швајцарија за мир во Украина


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, на покана на претседателката на Швајцарската Конфедерација, Виола Амхерд, денеска и утре во Бургеншток на езерото Луцерн во Швајцарија ќе учествува на Самитот за мир во Украина. Предвидено е претседателката Сиљановска Давкова да има обраќање на самитот и да оствари билатерални средби со дел од учесниците на самитот, информира претседателскиот Кабинет. …

Претседателката Сиљановска Давкова ќе учествува на Самитот во Швајцарија за мир во Украина Read More »