Во вторник состанок на министрите од Западен Балкан со ЕК за проблемите на превозниците


Во вторник, 3 февруари, ќе се одржи состанок на министрите од сите земји од Западен Балкан со претставници на Европската комисија за проблемот на превозниците од регионот во Шенген зоната, за што шефот на Делегацијата на ЕУ во Босна и Херцеговина, Луиџи Сорека ја информираше синоќа претседавачката со Советот на министри на Босна и Херцеговина, …

Во вторник состанок на министрите од Западен Балкан со ЕК за проблемите на превозниците Read More »

Националното собрание на Венецуела ја одобри реформата на нафтената индустрија


Националното собрание на Венецуела едногласно ја одобри законодавната иницијатива за зајакнување на нафтената индустрија, пренесе ДПА. Реформата ќе овозможи дополнителни странски инвестиции во енергетскиот сектор. По заробувањето на авторитарниот лидер Николас Мадуро од страна на американската војска на почетокот на јануари, американскиот претседател Доналд Трамп повика на инвестиции во венецуелскиот нафтен сектор. Се очекува ова …

Националното собрание на Венецуела ја одобри реформата на нафтената индустрија Read More »

Гутереш вели дека „очигледно е време“ жена да застане на чело на ОН


Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, кој треба да се повлече од функцијата на крајот на оваа година, уште еднаш даде јасна поддршка за тоа жена да го наследи на позицијата. – Мислам дека очигледно е време за Обединетите нации да имаат жена на своето чело, рече Гутереш синоќа на својата традиционална новогодишна прес-конференција во …

Гутереш вели дека „очигледно е време“ жена да застане на чело на ОН Read More »

Трамп упати предупредување поради „опасната“ стратегија на Стармер кон Кина


Американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека би било „опасно“ за Обединетото Кралство да работи со Кина, додека британскиот премиер Кир Стармер се движи кон зајакнување на економските врски со Пекинг на последниот ден од неговата посета. Британскиот премиер вчера се сретна со кинескиот претседател Шји Џјинпинг залагајќи се за „пософистициран“ однос меѓу двете земји. На …

Трамп упати предупредување поради „опасната“ стратегија на Стармер кон Кина Read More »

Заврши групната фаза во УЕФА Лига Европа – ГлазговРенџерс на Миовски ги заврши натпреварувањата


Со одигрувањето на синоќешните 18 натпревари од осмото коло Лига Европа заврши групната фаза од ова натпреварување. Глазгов Ренџерс на македонскиот репрезентативец Бојан Миовски загуби на гостувањето кај Порто со 3:1 и не се пласираше во следната фаза (го освои 32.место), додека од регионот три екипи изборија учество во 1/16 финалето: Црвена Звезда, Лудогорец и …

Заврши групната фаза во УЕФА Лига Европа – ГлазговРенџерс на Миовски ги заврши натпреварувањата Read More »

Трамп им се заканува со царини на добавувачите на нафта за Куба


Американскиот претседател Доналд Трамп им се закани на добавувачите на нафта за Куба со дополнителни царини, додека неговата администрација продолжува да ја ескалира реториката против комунистичката влада на оваа карипска држава. Трамп потпиша извршна наредба со која се воспоставува царински систем според кој „може да се наметне дополнителна ad valorem (царинска давачка по вредност) увозот …

Трамп им се заканува со царини на добавувачите на нафта за Куба Read More »

Трамп се закани со царини од 50 проценти на канадските авиони


Американскиот претседател Доналд Трамп и се закани на соседна Канада со нова казнена царина од 50 проценти на авионите што се продаваат во САД. Трамп исто така на својата платформа „Трут Соушл“ (Truth Social) изјави дека американската лиценца за канадскиот производител на деловни млазни авиони „Бомбардиер“ (Bombardier) ќе биде повлечена. Како причини за повлекувањето на …

Трамп се закани со царини од 50 проценти на канадските авиони Read More »

EK отпушти свој висок функционер поради „примање подароци“ од Катар


Колеџот на комесари на ЕУ донесе одлука да го раскине договорот за работа на високиот советник во Генералниот директорат за меѓународни партнерства (ДГ ИНТПА) на Европската комисија, Хенрик Хололеј врз основа на наодите од внатрешна истрага поврзана со наводни „административни прекршувања“. Според извори во ЕК, станува збор за истрага иницирана од Европската канцеларија за борба …

EK отпушти свој висок функционер поради „примање подароци“ од Катар Read More »

Протест во Брисел поради „600 дена без Влада“


Во организација на граѓанските здруженија „Почитувајте го Брисел“ и „Ние сме Брисел“ вечерва во Брисел ќе се одржи протестен собир насловен „600 дена без Влада“ на кој ќе се изрази незадоволство од неможноста на регионалните политичари да постигнат договор за формирање нова Влада на Бриселскиот Регион по изборите во јуни 2024. Протестот се одржува на …

Протест во Брисел поради „600 дена без Влада“ Read More »

Националниот џез-оркестар со настап со гудачки ансамбл ја отвора новата концертна сезона


Националниот џез-оркестар со настап со гудачки ансамбл, составен од музичари на Националната опера и балет, вечер, во 20 часот, во Филхармонијата ќе ја отвори новата концертна сезона 2026.  Од Националчниот џез-оркестар информираат дека станува збор за редок и внимателно обликуван музички спој, што отвора нова звучна димензија во современата македонска орекстарска практика. Под диригентство на …

Националниот џез-оркестар со настап со гудачки ансамбл ја отвора новата концертна сезона Read More »

Без вода хотелот Континентал и трговскиот центар Ист Гејт


Поради промена на затворач на бул. „Александар Македонски“ бб (кај Континентал), денеска прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и трговскиот центар Ист Гејт. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

Магла на патот Тетово – Гостивар, одрон на патниот правец Берово – Струмица


 Намалена видливост до 70 метри и појава на магла утрово има на патниот правец Тетово – Гостивар, информира АМСМ. На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај с.Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри. На останатите државни патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Интензитетот на …

Магла на патот Тетово – Гостивар, одрон на патниот правец Берово – Струмица Read More »

Променливо облачно со локален дожд, а на планините снег


Времето денеска низ земјава ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува слаб ветер од променлив превец. Минималните температури ќе бидат во интервал од 3 до 8, а максималните ќе достигнат од 8 до 13 степени. Во Скопје ќе …

Променливо облачно со локален дожд, а на планините снег Read More »

Дел од камионџиите ја прекинаа блокадата на границите со ЕУ, други продолжуваат


  Возачите на камиони во Црна Гора и Северна Македонија денеска ставија крај на блокадите на карго терминалите на границите на ЕУ, откако блокот објави нова визна стратегија која ќе биде пофлексибилна за професионалните возачи кои треба да патуваат низ Европа. Возачите во овие две земји ги прекинаа блокадите што започнаа во понеделникот, но оние …

Дел од камионџиите ја прекинаа блокадата на границите со ЕУ, други продолжуваат Read More »

„Тесла“ го стопира производството на моделите S и X. Се фокусира на хуманоидни роботи


  „Тесла“ го гаси производството на Model S и Model X, два автомобили кои помогнаа да се трансформира компанијата во лидер во индустријата за електрични возила. Извршниот директор Илон Маск најави дека просторот на фабриката ќе се користи за развој и производство на хуманоидни роботи и покрај тоа што компанијата се соочува со уште една …

„Тесла“ го стопира производството на моделите S и X. Се фокусира на хуманоидни роботи Read More »

Попева и Рустемовски најуспешни македонски спортисти за 2025 година


Во организација на Министерството за спорт  и Сојузот на спортските федерации вечерва во Скопје на свечена церемонија се прогласени најдобрите во 71. Избор на „Спортисти на годината 2025“. Добитниците на наградите по категории се: Ален Рустемовски (бокс) – Спортист на годината. Тој освои 2. место, сребрен медал Европското првенство У23 во Ереван, Ерменија. Катерина Попева …

Попева и Рустемовски најуспешни македонски спортисти за 2025 година Read More »

Николоски за изградените два километри од автопатот Скопје-Блаце кои завршуваат во провалија: Очекувам новиот обвинител да отвори истрага


Изградените два километра од автопатот Скопје-Блаце не почнуваат од никаде и не завршуваат никаде, затоа и не можат да се пуштат и по нив да има безбеден сообраќај, рече министерот за транспорт и врски Александар Николоски кој денеска од говорницата на македонското Собрание одговараше на пратенички прашања на Илир Хасани, пратеник од Европскиот фронт. Николоски …

Николоски за изградените два километри од автопатот Скопје-Блаце кои завршуваат во провалија: Очекувам новиот обвинител да отвори истрага Read More »

Акционерите на Комерцијална банка ќе добијат 1.350 денари бруто дивиденда за акција, осум отсто повеќе од претходната


Одличните финансиски резултати на Комерцијална банка минатата 2025 година, односно нето-добивката од 82,5 милиони евра, ќе ги почувстуваат и нејзините акционери. Како што соопштија денес од банката во информација до Македонската берза, предложена е бруто дивидендата по акција да изнесува 1.350 денари, за осум отсто повеќе во однос на претходната. Еве ја информацијата: „Врз основа …

Акционерите на Комерцијална банка ќе добијат 1.350 денари бруто дивиденда за акција, осум отсто повеќе од претходната Read More »

Дебата: Одливот на младите од нашата земја ќе не натера илегалната да ја замениме со легална миграција


Да се развие и имплементира интегриран и долгорочен национален пристап кон миграцијата, да се зајакнат институционалните капацитети на државава како транзитна земја на Запандо-балканската рута, управувањето со миграциите да се темели на интегриран и правно усогласен пристап, отворање контролирани и легални канали за работна миграција усогласени со реалните потреби на пазарот на труд и демографските …

Дебата: Одливот на младите од нашата земја ќе не натера илегалната да ја замениме со легална миграција Read More »

Во Романија од грип починаа 17 лица за една недела, вкупниот број жртви се искачи на 57


Вкупно 17 лица починаа од грип во Романија во третата недела од јануари, со што вкупниот број на жртви од почетокот на сезоната се искачи на 57, соопшти Националниот институт за јавно здравје. Најкритична е состојбата во округот Клуж, каде се регистрирани 11 смртни случаи. Статистиката покажува дека мнозинството од починатите (47 лица) биле на …

Во Романија од грип починаа 17 лица за една недела, вкупниот број жртви се искачи на 57 Read More »