Среброто доживеа нова катастрофа


Цените на среброто паднаа за дури 16% во четврток, прекинувајќи го дводневниот раст, бидејќи белиот метал продолжува да се опоравува од прекумерната волатилност. Спот цените на среброто последен пат беа намалени за 13% на 76,97 долари за унца, додека фјучерсите во Њујорк беа над 8% пониски на 77,28 долари за унца. Среброто беше на рекордно …

Среброто доживеа нова катастрофа Read More »

Најбогатиот Црногорец има 7,9 милиони евра на сметка


Најголемиот депозит на црногорски граѓанин е 7,9 милиони евра, додека најголемиот депозит на поединец во црногорскиот банкарски систем, во сопственост на домашно правно лице, е 61,9 милиони евра. Според податоците што Централната банка ги достави до порталот Банкар, во моментов има 392 депозити во црногорските комерцијални банки чиј износ надминува 1 милион евра, а нивната …

Најбогатиот Црногорец има 7,9 милиони евра на сметка Read More »

Од синдикатот барале 10 отсто, добиле осум: УПОЗ и Владата се договорија за платите


  Начелен договор за платите на административците бил постигнат на сребата помеѓу Владата и претставниците на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) што се одржа денеска во Владата. Како што изјави по средбата претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски, договореното прво треба да се стави на хартија, а потоа за …

Од синдикатот барале 10 отсто, добиле осум: УПОЗ и Владата се договорија за платите Read More »

Замрзнати сметките на претседателот на грчкиот синдикат на вработени во приватниот сектор поради истрага за проневера


Грчката управа за спречување перење пари ги замрзнала банкарските сметки на претседателот на Синдикатот на вработените во приватниот сектор (ГСЕЕ), Јанис Панагопулос, и на уште шест лица и шест фирми поради наводна вмешаност во случај на проневера на средства од Грција и ЕУ наменети за образовни програми, во висина од 73 милиони евра, објавија грчките …

Замрзнати сметките на претседателот на грчкиот синдикат на вработени во приватниот сектор поради истрага за проневера Read More »

Албанија на 18 февруари ќе биде домаќин на Економскиот форум на Коридорот 8


Албанија на 18 февруари ќе биде домаќин на Економскиот форум на Коридорот 8, објави денеска Министерството за Европа и надворешни работи (МЕНР), оценувајќи дека Европа влегува во клучна фаза, каде што поврзаноста, стабилноста и регионалната интеграција стануваат фундаментални столбови на безбедноста и економскиот развој. „Во овој контекст, паневропскиот коридор 8, кој ги поврзува Јадранското со …

Албанија на 18 февруари ќе биде домаќин на Економскиот форум на Коридорот 8 Read More »

Во 2025 година ЕБОР инвестирала повеќе од 800 милиони евра во Србија


Европската инвестициска банка (ЕБОР) соопшти дека инвестирала повеќе од 800 милиони евра во разни проекти во Србија во 2025 година, во рекордни 42 проекта при што 84 отсто од вкупните инвестиции биле насочени кон приватниот сектор, со посебен фокус на зајакнување на отпорноста и конкурентноста на малите и средни претпријатија (МСП). Во текот на 2025 …

Во 2025 година ЕБОР инвестирала повеќе од 800 милиони евра во Србија Read More »

Град Скопје блокираше 17.694 сметки на физички и правни лица за неплатен данок за 2021


Град Скопје блокираше 17.694 сметки на физички и правни лица за неплатен данок на имот за 2021 година во вкупен износ од 1,3 милиони евра, соопшти на прес конференција градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. „Апелирам до сите граѓани и компании во наредните 15 дена да ги подмират своите обврски по основ на данок на имот за периодот …

Град Скопје блокираше 17.694 сметки на физички и правни лица за неплатен данок за 2021 Read More »

Стипендии за магистерски студии во Обединетото Кралство преку програмата „Жени во СТЕМ“ на Британскиот совет


Стипендии за талентирани научнички за магистерски студии во Обединетото Кралство обезбедува програмата „Жени во СТЕМ“ на Британскиот совет (British Council), кој соопшти дека оваа година програмата доделува 15 стипендии во 10 земји во Европа, вклучувајќи ја и Северна Македонија. Како што информира Британскиот совет, оваа програма обезбедува пристап до разновиден опсег на курсеви со сеопфатни придобивки, како …

Стипендии за магистерски студии во Обединетото Кралство преку програмата „Жени во СТЕМ“ на Британскиот совет Read More »

САД и Мексико се согласија да ги координираат политиките за трговија со ретки метали


САД и Мексико претставија заеднички план кој повикува на координирани трговски политики за намалување на ранливоста на синџирите за снабдување со ретки метали во следните 60 дена. Планот, кој не ја споменува Кина и нејзината доминација во преработката на многу од овие суровини, ги повикува САД и Мексико да разговараат за поставување минимални цени како …

САД и Мексико се согласија да ги координираат политиките за трговија со ретки метали Read More »

Вака ќе изгледа граничниот премин Евзони откако ќе се модернизира


Архитектонска и енергетска надградба на постојните објекти, подобрување на сообраќајната инфраструктура и организирање на сообраќајот, зголемување на капацитетот и квалитетот на пасошката, царинската, фитосанитарната и на ветеринарната контрола, овозможување современи и ефикасни гранични услуги, побрз проток на патници и стоки, намалување на времето на чекање и усогласување со европските стандарди, предвидува проектот „Надградба на копнениот …

Вака ќе изгледа граничниот премин Евзони откако ќе се модернизира Read More »

Стотици жени снимени голи во бугарски салони за убавина. Снимките завршувале на порно сајтови


Бугарските обвинители започнаа кривична истрага откако стотици жени беа тајно снимени за време на интимни третмани за убавина во салони за убавина, а снимките биле дистрибуирани на порнографски веб-страници без нивно знаење или согласност. Жените биле снимени со скриени камери, честопати целосно голи, за време на ласерско отстранување на влакна и други процедури. Некои од …

Стотици жени снимени голи во бугарски салони за убавина. Снимките завршувале на порно сајтови Read More »

Владата вечерва расправала за Реформската агенда


Во Владата вечерва се одржал состанок за Реформската агенда, информира премиерот Христијан Мицкоски. -Вечерва одржавме состанок посветен на реформската агенда, со фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност, владеењето на правото и подобрување на животниот стандард на граѓаните, објави Мицкоски на Фејсбук страницата. Тој наведува дека реформите не се декларација, туку обврска, процес …

Владата вечерва расправала за Реформската агенда Read More »

TикТок повторно достапен во Албанија, откако беше блокиран пред речиси една година


Албанската влада денеска одлучи да ги укине привремените мерки, воведени пред речиси една година, за блокирање на апликацијата ТикТок, со што таа повторно е достапна во Албанија. На 6 март 2025 година, албанската влада привремено го суспендираше пристапот до платформата TикТок на една година, откако тинејџер избоде до смрт свој врсник во Тирана по расправија …

TикТок повторно достапен во Албанија, откако беше блокиран пред речиси една година Read More »

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид


Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 19 часот и 50 минути регистрираа земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Грција, на околу 100 км југоисточно од Скопје. Од Сеизмолошката опсерваторија инфрмираат дека земјотресот бил со Рихтерова локална магнитуда од …

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид Read More »

Рајан Раут осуден на доживотен затвор поради обид за убиство на Доналд Трамп


Рајан Весли Раут (59), човекот кој се обиде да го убие американскиот претседател Доналд Трамп додека играше голф во Јужна Флорида, денеска е осуден на доживотен затвор. На 23 септември 2024 година, Раут беше прогласен за виновен за обид за убиство на тогашниот претседателски кандидат Трамп во голф клубот „Трамп Интернешнл“ во Вест Палм Бич, …

Рајан Раут осуден на доживотен затвор поради обид за убиство на Доналд Трамп Read More »

Компании во Грција издавале фиктивни фактури во вредност од 720 милиони евра


Инспекторите на Независната управа за јавни приходи на Грција (ААДЕ) во текот на 2025 година откриле 147 компании кои учествувале во организирани мрежи за фиктивни трансакции со вкупна вредност од 718.128.098,16 евра, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од ААДЕ, со фиктивните фактури, конкретните компании не платиле ДДВ во вкупен износ од …

Компании во Грција издавале фиктивни фактури во вредност од 720 милиони евра Read More »

Реализацијата на инфраструктурните проекти во фокусот на средбата Николоски-Памер


Економската и трговска соработка и инвестициите, со посебен акцент на реализацијата на инфраструктурните проекти, биле во фокусот на средбата меѓу вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и австрискиот амбасадор во земјава Мартин Памер. Како што соопшти Министерството за транспорт, на средбата се размениле информации за проектот за реализација на брза пруга и нејзиното влијание …

Реализацијата на инфраструктурните проекти во фокусот на средбата Николоски-Памер Read More »

Потребни се две години за конечна одлука за професионалните возачи од Западен Балкан во земјите од ЕУ


Од 1,5 до две години ќе бидат потребни за да се донесе конечна одлука во врска со должината на престојот на професионалните возачи од земјите од Западен Балкан во 29 европски земји, изјави денеска претседателот на Бизнис асоцијацијата „Меѓународен транспорт“ Неџо Мандиќ. Тој за Бета изјави дека е задоволен од досегашниот тек на разговорите со …

Потребни се две години за конечна одлука за професионалните возачи од Западен Балкан во земјите од ЕУ Read More »

Владата нуди своја формула за пресметување на покачувањето на платите во администрацијата


  Владата има своја формула за пресметување на платите на вработените во администрацијата. Според премиерот Христијан Мицкоски, најголем дел од претставниците на синдикатите, и репрезентативните и од гранковите, се согласни со таа позиција на Владата, со неколку исклучоци. Формулата што ја нуди Владата во врска со тоа како ќе следи покачувањето на платите на административците …

Владата нуди своја формула за пресметување на покачувањето на платите во администрацијата Read More »

Инфлацијата во еврозоната забави, но цените на свежата храна значително се зголемија


Инфлацијата во еврозоната значително забави во јануари, бидејќи остриот пад на цените на енергијата го надмина остриот пораст на цените на свежата храна, покажаа пресметките на Европскиот завод за статистика во среда. Годишната стапка на инфлација во еврозоната, мерена според Хармонизираниот индекс на потрошувачки цени (HICP), изнесуваше 1,7 проценти во јануари, пресметаа статистичарите. На крајот …

Инфлацијата во еврозоната забави, но цените на свежата храна значително се зголемија Read More »