ЕУ воведува забрана за уништување на непродадените облека и обувки


Европската комисија денеска усвои мерки за спречување на уништување на непродадена облека, додатоци за облека и обувки со цел да се поттикне рециклирањето и да се намали штетата врз животната средина. – Ова е уште еден чекор во промовирањето на циркуларна економија низ цела ЕУ, соопшти ЕК. Забраната за уништување на непродадена облека и обувки …

ЕУ воведува забрана за уништување на непродадените облека и обувки Read More »

Дурмиши: За минималната плата не треба да се носат краткорочни политички решенија или под притисок


Прашањето за минималната плата е чувствително и токму затоа не се носи решение под притисоци или пак краткорочни политички решенија, изјави вечерва министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. Дурмиши во гостување на ТВ Телма посочи дека се чекаат податоците од Државниот завод за статистика (ДЗС) и оти во март ќе има законско нивелирање на …

Дурмиши: За минималната плата не треба да се носат краткорочни политички решенија или под притисок Read More »

„Ноќ на македонските вина“ во Париз


Македонските винарии од денеска до 11 февруари ќе учествуваат на меѓународниот вински саем – Wine Paris, преку заеднички национален штанд под името „Macedonian Wines“, претставувајќи го потенцијалот, квалитетот и автентичноста на македонското винарство пред светската винска јавност. Настапот се реализира со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), преку Програмата за финансиска поддршка …

„Ноќ на македонските вина“ во Париз Read More »

Во судот во Милано сослушан првиот осомничен за „Сараево сафари“


Во судот во Милано денеска е сослушан 80-годишен маж, под сомнение дека бил еден од учесниците во „Сараево сафари“ односно плаќал за со снајпер да убива цивили за време на опсадата на главниот град на БиХ, Сараево, што траеше од 5 април 1992 до 29 февруари 1996 година. Осомничениот е поранешен возач на камион, кој …

Во судот во Милано сослушан првиот осомничен за „Сараево сафари“ Read More »

Кина им советува на своите банки да ги намалат инвестициите во американски обврзници


Кинеските регулатори им советуваа на банките во земјата да ги намалат инвестициите во американски државни обврзници поради ризикот од прекумерна концентрација и можни пазарни флуктуации. На банките им е препорачано да ги ограничат новите купувања и да ги намалат постојните позиции, објавува „Блумберг“, повикувајќи се на анонимни информирани извори. Се очекува кинеските банки да ги …

Кина им советува на своите банки да ги намалат инвестициите во американски обврзници Read More »

Гаши за протестот на ССМ пред Собрание: Ние ќе работиме, а ќе го почитуваме и правото на протест на граѓаните


Собранието утре ќе работи паралелно со протестите на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) закажани за 9 часот, кажа спикерот Африм Гаши. Тој на денешниот брифинг со новинарите изјави дека очекува протестот да помине мирно, и оти нема да има дополнително обебзедување на објектот. – На денешната координација со пратеничктие групи зборуваме дека ќе има …

Гаши за протестот на ССМ пред Собрание: Ние ќе работиме, а ќе го почитуваме и правото на протест на граѓаните Read More »

УПОЗ извојува победа, бараа 30 отсто за 3.000 работници, а добија 40 проценти за 11.000, оценува Трендафилов


Првиот човек на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, запрашан денеслка за оцена на постигнатиот договор меѓу УПОЗ и Владата, Тизјави дека Синдикатот на УПОЗ извојувал победа затоа што пред една година УПОЗ барал 30 проценти зголемување на додатоците на плата за 3.000 работници, а сега добива 40 проценти за 11.000 работници. „Владата, веднаш …

УПОЗ извојува победа, бараа 30 отсто за 3.000 работници, а добија 40 проценти за 11.000, оценува Трендафилов Read More »

Сојузот на синдикати утре ќе го блокира пристапот до Собранието


Сојузот на Синдикатите на Македонија (ССМ) утре во 9 част ќе ја започне блокадата на Собранието, со што ја почнува серијата од блокади на институциите чија цел е зголемување на минимална плата на 600 евра и на останатите плати за 100 евра. Од ССМ најавија дека ќе бидат блокирани улиците 11-ти Октомври и Даме Груев, како …

Сојузот на синдикати утре ќе го блокира пристапот до Собранието Read More »

Машиновозачите во Шпанија најавија тридневен штрајк по железничките несреќи


Машиновозачите во Шпанија објавија дека денеска ќе отпочнат со тридневен национален штрајк во знак на протест против недостатокот на безбедносни гаранции во железничкиот систем на земјата, објавија денеска шпанските медиуми. Оваа акција беше објавена по две сериозни железнички несреќи во јануари – една во Адамуз. на југот на Шпанија. во која загинаа 46 лица и …

Машиновозачите во Шпанија најавија тридневен штрајк по железничките несреќи Read More »

Србија сака да купи пет до 10 проценти удел во унгарската нуклеарна централа


Србија ја разгледува можноста за купување од пет до 10 проценти удел во унгарскиот проект за нуклеарна централа Пакс 2, чија изградба официјално започна претходно оваа недела, а експертите го гледаат тоа како чекор напред во долгорочната енергетска стабилност на регионот Доколку официјален Белград одлучи да учествува во проектот Пакс 2, по повеќе од три …

Србија сака да купи пет до 10 проценти удел во унгарската нуклеарна централа Read More »

Хрватска ја укинува забраната за работа во недела за малите продавници, со услов


Во вториот квартал од 2026 година, хрватското Министерство за економски развој планира да го измени Законот за занаети, така што на семејните занаети во малопродажбата ќе им се овозможи да работат во недела без ограничувањата пропишани со Законот за трговија, кој забранува работа во недела, освен 16 недели годишно. Според планот на Министерството, промените би …

Хрватска ја укинува забраната за работа во недела за малите продавници, со услов Read More »

Истражување: Како изгледа економската слика на главните градови на поранешна Југославија


Во регион кој беше една земја четири и пол децении, денес шесте главни градови доживуваат различни демографски и економски трендови што го обликуваат нивниот развој. Економските гранки што доминираат во овие шест градови се силно поврзани со статусот на нивната земја во регионалната и глобалната економија. На пример, во Љубљана и Загреб, услугите, ИТ секторот, …

Истражување: Како изгледа економската слика на главните градови на поранешна Југославија Read More »

Арнаудова-Стојановска: Расте штедењето во денари и на долг рок


„Заштедите на домаќинствата во домашниот банкарски систем се покажаа како стабилна и отпорна база дури и во услови на зголемена неизвесност и повеќекратни економски шокови во последните години“. Ова го истакна советничката на гувернерот на Народната банка, Милица Арнаудова-Стојановска во интервју за емисијата „Бизнис објектив“, на ТВ „Телма“, при што посочи дека во изминатиот период …

Арнаудова-Стојановска: Расте штедењето во денари и на долг рок Read More »

Најладно утрово на Попова Шапка и во Демир Капија со – 3, најтопло во Гевгелија со 6 степени


Најниската минимална температура утрово е измерена на Попова Шапка и во Демир Капија со -3 степени. Следат Берово со -2, во Маврови Анови и Лазарополе нула степени, во Крушево, Крива Паланка и Струмица се измерени 2 степени, а 3 степени во Штип, Пожаране, Ѓуриште, Прилеп, Тетово, Велес, Битола и Претор. Највисока минимална температура од 6 …

Најладно утрово на Попова Шапка и во Демир Капија со – 3, најтопло во Гевгелија со 6 степени Read More »

Тајландскиот премиер се закани дека ќе ја затвори границата со соседна Камбоџа и ќе изгради ѕид на неа


Тајландскиот премиер Анутин Чарнвиракул изјави дека ќе изгради ѕид на границата со соседна Камбоџа и ќе ја држи границата затворена по неочекувано големата победа на неговата партија Бхумџаитаи на општите избори. Во телевизиско обраќање, тој исто така наведе дека сака да формира влада со силно мнозинство и оти во моментов ги очекува конечните резултати од …

Тајландскиот премиер се закани дека ќе ја затвори границата со соседна Камбоџа и ќе изгради ѕид на неа Read More »

Сијарто: Доколку ЕУ не се вмешаше во постапките на Трамп, војната во Украина веќе ќе беше завршена


Конфликтот во Украина веќе ќе беше завршен доколку Европејците не се спротивставеа на мировните аспирации на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави синоќа шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто. „Доколку Европејците не ги попречеа напорите на американскиот претседател Трамп, убеден сум дека мирот во Украина ќе беше постигнат за малку повеќе од една година. Од самиот …

Сијарто: Доколку ЕУ не се вмешаше во постапките на Трамп, војната во Украина веќе ќе беше завршена Read More »

ЗОИ 2026: Норвешка лидер на листата медалисти


На Зимските олимписките игри во Милано и Кортина досега се поделени 13 комплети медали. Најмногу златни одличја има Норвешка, додека домашните натпреварувачи, Италијаните имаат освено најмногу медали. Вкупно 15 држави имаа свој претставник на победничкиот подиум. Листа на медалисти на ЗОИ 2026: 1. Норвешка   3+1+2 (златни+сребрени+бронзени)  2. САД            2+0+0 3. …

ЗОИ 2026: Норвешка лидер на листата медалисти Read More »

Венецуелскиот опозициски лидер Гуанипа е киднапиран само неколку часа по ослободувањето од затвор


Венецуелскиот опозициски лидер Хуан Пабло Гуанипа, поранешен член на Националното собрание, е киднапиран во Каракас околу полноќ по локално време, само неколку часа откако беше ослободен од затвор, објави опозициската лидерка и добитничка на Нобелова награда за мир, Марија Корина Мачадо. „Хуан Пабло Гуанипа е киднапиран пред само неколку минути во населбата Лос Чорос во …

Венецуелскиот опозициски лидер Гуанипа е киднапиран само неколку часа по ослободувањето од затвор Read More »

МВР на Србија до недела ќе врши засилена сообраќајна контрола на камионите и на автобусите


Од денеска до недела српското МВР ќе врши зголемена сообраќајна контрола насочена кон возачите на камиони и на автобуси. Како што е најавено, сообраќајната полиција пред се ќе контролира почитување на прописите за должина на возење, паузите на возачот и техничката состојба на возилото, како и други прекршоци што можат да ја загрозат безбедноста во …

МВР на Србија до недела ќе врши засилена сообраќајна контрола на камионите и на автобусите Read More »

Сиетл го победи Њу Ингланд во Супербоулот 2026


Екипата на Сиетл го совлада тимот на Њу Ингланд во Супербоулот во американскиот фудбал во 2026 година со 29:13 (3:0, 6:0, 3:0, 17:13). Натпреварот се одржа на стадионот „Левис“ во Санта Клара пред 70 илјади гледачи. Претходно, Њу Ингланд го победи Денвер со 10:7 во финалето на Американската фудбалска конференција. Во решавачкиот натпревар на Националната …

Сиетл го победи Њу Ингланд во Супербоулот 2026 Read More »